top of page
Writer's pictureinfoislam

Владателот на Абесинија како пример за запознавање на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем

Во хадисот кој говори за преселбата на асхабите на Аллаховиот пратеник Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селем, во Абесинија откако биле изложени на разни искушенија и потешкотии, се спомнува она што ја опфаќа мисијата на на Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, како што е убавото однесување, грижата за човековите права и добродетелството према другите.

Сето ова го спомнал асхабот Џафер б. Еби Талиб кога владателот на Абесинија (Неџашија) во тоа време го запрашал за неговата вера и за она во што повикува. Тој кажал:

„Каква е таа вера заради која го напуштивте својот народ, а не ја прифатифте мојата, а ниту верата на другите народи?“

Џафер б. Ебу Талиб кој со него разговарал кажа:

„О Владателу, ние бевме народ кој беше во незнење, обожувавме кипови, јадевме лешина, правевме блуд, ги киневме роднинските врски, чиневме зло кон комшиите, силните земаа од слабите и така работевме се додека Аллах не испрати пратеници од нас, чиво потекло го знаеме и бевме убедени во неговата искреност, поверливост и чистина. Тој нас не повикуваше да обожуваме само еден Бог и да го напуштиме тоа што ние и нашите татковци го обожувале, како што се камењата и киповите. Тој ни нареди вистината да ја говориме, обврските да ги исполнуваме, роднинските врски да ги одржуваме, на комшиите добродетелство да им чиниме, да се воздржиме од забранети работи и пролевање на крв, ни ја забрани блудноста, лажното сведоштво, јадењето иметок на сирачињата, да се потвори чедна и честита жена, а ни нареди да само Аллах се обожува и да не Му припишуваме содруг, и ни нареди намаз, зекат и пост.“

Така тој ги навел некои од работите врзани за исламот, а потоа кажал:

„Потоа му поверувавме и го следевме тоа во што повикуваше. Обожувавме смао еден Бог и не Му припишувавем здруженик, го сметавме забрането она што ни го забрани, а дозволени оние работи кои ни ги дозволи, па потоа нашиот народ стана непријател и не стави на маки, не одвраќаше од нашата вера за да се вратиме во обожување на киповите, и да го оставиме обожувањето на Аллах, не наговараше да ги сметаме дозволени и оние грди работи кои ние и порано сме ги сметале дозволени. Откако не совладаа, мачеа и ни создаваа потешкотии и кога се поставија помеѓу нас и нашата вера тргнавме кон твојата земја, тебе те избравме од сите останати, посакавме да бидеме во твојата близина и се надевавме дека кај тебе , о владетелу, неправда нема да ни биде сторена.

Владетелот тогаш му кажа: „Дали кај тебе поседуваш нешто од она со што дошол Пратеникот?“, а Џафер му одговори дека поседува, по што Неџашија му кажа: „Прочитај ми го тоа.“

Џафер тогаш проучи дел од почетокот на поглавјето Мерјем од Куранот, а Неџашија плачеше се додека брадата не му стана влажна од солзи. Плачеа и неговите бискупи кога го слушнаа учењето се додека книгите не им станаа влажни.

Потоа Неџашија (обраќајки им се на муслиманите и на паганите кои дошле кај владателот насила да ги вратат муслиманите во Мекка) кажал:

„Се колнам во Аллах, ова што го слушнав, а и она што е објавено на Муса, алејхиселлам, е од ист извор. Идете, јас никогаш нема да ви ги предадам(муслиманите).

1 view0 comments

Comments


bottom of page