Обичајот на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, бил да испраќа писма на владателите повикувајќи ги во верување во Аллах и Судниот ден, т.е. дека тој е Последниот Пратеник кого Возвишениот Аллах го испратил. Еден од таквите владетели кому Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, испратил писмо е и Херакле, владателот на Византија.
Кога му пристигнало писмото, тој сакал да дознае дали Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, е искрен или лажливец па користел метода во која поставил некои прашања со кои се открива вистинската состојба на некоја личност, па побарал од оној кој кој одговара на прашањата да биде искрен ккао неговиот не би бил спротивен со реалноста. Така тој го избрал најблискиот човек на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, и поставил набљудувачи кои ќе го слушаат, така што доколку тој каже нешто што не е вистина или ако се обиде да ја избегне тие да го предупредат на тоа.
Имајќи ја во предвид важноста на овој настан кој говори за вистинитоста за Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, и признанието за фактите од страна на еден христијански владател, ќе ги споменеме во потполност заради користа и поуката која ја носат во себе.
Ибн Абас, р.а. кажува дека Ебу Суфијан б. Харб кажал: „Заминав во Шам во период кога помеѓу мене и Пратеникот владееше примирје, па стигна писмото од Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, кое го донесе Дихје ел Келби, а беше упатено за херакле, владетелот на Византија. Дихје го предаде писмото на намесникот на Бусра, а тој на Херакле. После тоа Херакле запрашал: ‘Дали овдека има некој од народот на човекот кој за себе тврди дека е пратеник?’ Па одговорија дека има. ‘Тогаш го повикав со група на Курејшии и дојдовме до Херакле, па не поставија да седнеме пред него, а тој кажа:’Кој од вас, по крвно сродство е најблизок на тој човек кој тврди за себе дека е пратеник?’
‘Јас сум му најблизок по сродство’- одговорив.
Потоа ме приближија до него да седнам, а моите пријатели позади мене. Потоа Херакле му кажа на преведувачот:
‘Кажи им дека јас ќе го прашам овој (покажувајќи на Ебу Суфијан) за оној човек (Мухаммед) и доколку било што ме излаже нека го демантираат!’ Се колнам во Бог, доколку не се срамев од лагата која тие би можеле да ја откријат јас на него нешто и би измислил. Потоа Херакле му кажа на преведувачот да ги запрашаат како го ценат неговото потекло?
‘Тој кај нас е од угледно потекло.’ Кажав.
‘Дали некој од неговите предци бил владател?’
‘Не’, кажав.
‘Дали го обвинувавте за лага пред да започне да го говори тоа што го говори?’
‘Не. Несме’ – одговорив.
‘Дали го следи народ кој е угледен или прост(слаб, сиромашен)?’
Го следи народ кој е прост(слаб и сиромашен).’- одговорив.
‘Дали нивниот број се зголемува или намалува?’ кажа.
‘не се намалува, туку се зголемува.’ Одговорив.
‘Дали некој од нив ќе се отргне незадоволен со неговата вера откако ќе ја прифати?’
‘Не’ – одговрив.
‘Дали сте се бореле против него?’
‘Да’ – одговорив.
‘Како се завршуваше борбата?’, запрашал.
‘Борбата помеѓу нас и него е со променлива среќа; некогаш ќе победи тој, а некогаш ние.’ Кажав.
‘Дали го прекршува дадениот збор?’ – запрашал.
‘Не, но сега сме во период на примирје и незнаеме што ќе направи тој со тоа.’ Ниеден од одговорите не ми даваше можност да кажам било што против него освен овој.
„Дали нешто такво говорел некој пред него.’ Запрашал, па одговорив дека не говорел никој.“
Тогаш тој му кажа на преведувачот да ми каже:
‘Те прашав за неговото потекло а ти спомна дека тој помеѓу вас е со угледно потекло. Тоа е случајот кај сите пратеници и тие се појавуваат кај најјугледното семејство кај својот народ.
Понатака те прашав дали некој од неговите предцибил владател, ти ми кажа дека немал, доколку било така и некој од неговите предци бил владател ќе кажев дека е човек кој ја бара власта на своите предци.
Потоа те прашав дали го следи угледен свет или од него послаб и посиромашен? Ти рече дека го следат слабите, а таквите се следбениците на пратениците.
Те прашав дали сте се го сомневале за лага пред да почне да го говори тоа што сега го говори, одговори дека не сте го сомневале, па сигурно кога не го лажел народот, сега уште помалку ќе лажел на име на Бог.
Понатаму те прашав дали некој од неговите следбенице се одметнал незадоволен со неговата вера откако ја прифатил, ти ми одговори дека не се одметнал никој. Такво е верувањето кога неговата убавина ќе го го обземе срцето.
Те прашав за нивниот број дали се зголемува или се намалува, па ми кажа дека нивниот број се зголемува. Такво е верувањето додека не се употполни.
Те прашав дали војувате со него, па ми потврди дека војувате, дека резултатот на тоа е променлив, па некогаш вие ќе победите, а некогаш тој. Такви се пратениците, ќе бидат искушувани, но на крајот ќе победат.
Те прашав дали го прекршува дадениот збор и ти ми одговори дека не го крши. Такви се пратениците и тие не го прекршуваат дадениот збор.
Те прашав дали тоа што го говорел го кажал некој пред него, ти кажа дека не го кажал никој, па затоа кажав:’ Да некој друг пред него повикувал би кажал дека е следбеник на говор кој претходно бил кажан.’
Потоа запрашал што ни наредува, па му одговорив дека ни наредува намаз, зекат, одржување на родбинските врски и чедност. Тогаш Херакле кажа: ‘Ако тоа што го кажуваш е вистина, тој тогаш е Веровесник. Јас знаев дека ќе се појави пратеник, но несум помислил дека ќе биде од кај вас. Кога би знаел дека ќе стигнам до него би се обидел да се сретнам со него. Доколку би бил кај него би му ги миел нозете. Тој сигурно ќе го освои ова што е под моите нозе.’
Пренесува Ебу Суфијан: Потоа Херакле го побарал писмото на Аллаховиот Пратеник , саллаллаху алејхи ве селем, и во него прочитал:
‘Во името на Аллах Милостивиот Сомилосниот.
Од Мухаммед, Алалховиот роб и Неговиот Пратеник за Херакле, големецот на Византиците.
Нека биде спас за оној кој го следи вистинскиот пат!
А потоа:
Те повикувам со повикот на исламот: прифати го исламот, ќе бидеш спасен и Бог ќе те награди со двојна награда. Ако одбиеш, ќе го понесеш гревот свој и на своите поданици.
Кажи: „О, следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот, и нам и вам заеднички, никого освен Аллах да не обожуваме, ништо да не Му здружуваме, и едни со други, покрај Аллах, за божества да не се сметаме!“ Па ако не се согласат, вие кажете: „Бидете сведоци дека ние сме муслимани!“(Али Имран, 64)“
Ебу Суфијан вели: „Кога Херакле го каал тоа што имал да го каже и кога завршил со читањето на писмото, околу него настанала галама, се подигнаа гласовите и ние бевме извадени одттаму. Им кажав на своите пратители дека угледот на Ибн Кебшет навистина пораснал и дека од него се плаши и кралот на Византиците. Од тогаш постојано бев во убедување дека Мухамемд навистина ќе победи, се додека Аллах не ми даде да го прифатам исламот.“
コメント