Можеби првиот европски научник кој го платил данокот на влијанието на Арапите врз европската цивилизација и кој истакнал колку им должи ренесансната култура, бил шпанкиот језуитски свештеник Хуан Андрес (Јуан Андре’с), кој е прогонет од Шпанија во 1767.
Тој го објавил на италијански јазик вредното дело во седум томови, под насловот „Делл’Оригине, Прогресси е Стето атиуалле делла леттератуа“ (Потеклото на книжевноста, нејзиниот развиток и сегашната состојба) во Парма 1782-1799; книгата е објавена и во Рим во осум томови со додатоци и дополнувања помеѓу 1808. и 1817. Андрес тврди дека европската ренесанса, на сите полиња на науката, уметноста, книжевноста и производстото на добрата, му должи на наследството на арапската цивилизација. Тој пишува со помош на некое духовно вдахновение, бидејќи немал на располагање никави наводи и текстови кои би можеле да му помогнат да го докаже своите тврдења. Ориенталните студии тогаш ги правеле своите први чекори. Уште не бил објавен ниеден од плодовите на арапската мисла кој би можел да помогне во компаративното проучување на соодветното академско исражување. Неговата арапска лектира се ограничувала на ракописите на језуитските библиотеки. Тие ракописи за прв пат ги каталогизирал во два тома отецот Микаел Касири (Микхаел Цасири) со либанско потекло (Ескуриа ленсис, Мадрид 1760-1770). Сепак, Хуан Андрес бил во можност да изнесе бројни судови за арапскиот придонес во европската цивилизација, кои тогаш ги отфрлувале како фантазија, но кои, по два века непрекинати проучувања, се потврдени како точни. Хуан Андрес тврдел дека арапската поезија извршила влијание врз раната лирска поезија на Европа. Реакцијата на тогашните научници на ова тврдење била мошне мошне жестока, и никој не ги земал за сериозно.
Ориенталистите, меѓутоа, во средината од деветнаесеттиот век почнале да обнуваат внимание на ова прашање за можното арапско влијание врз европската лирска поезија и биле склони да го прифатат со малку колебање. Би можело да се рече дека првиот ориенталист кој поверувал во тоа е Хамер Пругштал (Хаммер Пругстгалл), кој објавил два есеја на таа тема во Азиското списание помеѓу 1839. и 1849. Рајнхарт Дози (Реинхарт Дозѕ) прв посветил сериозно внимание на андалузиските проучувања и објавил многу важни текстови. Сепак, тој го избегнувал основното тврдење, сметајќи дека прашањето на можните влијанија на арапската поезија ебило пренаглјено. Од друга страна, баронот Вон Шок (Вон Сцхацк), автор на делото „Арапската поезија во Андалузија и Сицилија“, бил подготвен да ја прифати теоријата за арапското влијание, иако тоа не го поткрепил со никакви позитивни ниту негативни докази. Истражувачкото работење на мувашахот го продолжил на крјаот на векот германскиот ориенталист Мартин Хартман (Мартин Хартманн), кој му посветил цела книга (објавена во 1897. год.) Наспроти вредноста на неговата студија и неговото истражување на тогаш познатите текстови, тоа бил само еден дескриптивен каталог. Во 1922. година овој проблем одеднаш почнал да се развива, откако станал толку неплоден што научниците изгубиле волја да се обидуваат да донесуваат некои судови за него. Во таа година Рибера ја создал својата нова теорија за постоењето на лирската поезија напишана на народен латински јазик во исламска Андалузија, тврдејќи дека таа поезија, која ја пишувале андалузиските муслимански писатели, имала одлучувачко влијание врз настанокот на европската лирска поезија. Демонстрирајќи ја својата револуционерна теорија, Рибера се потпирал врз некои текстови за мувашахот, како и на проучувањето на Ибн Кузмановата збирка во единствениот постоечки ракопис кој е сочуван во библиотекатана Св. Петрсбург. Овие текстови, меѓу кои е и Ибн Басамовиот од кој што цитиравме, му го должат своето прво објавување на на овој шпански ориенталист. Гледиштата на Хуан Рибера извршиле огромно влијание врз ориенталните како и врз латиснките проучувања, особено откако Риберините тврдења дека француските провансалски поети (трубадурите), кои први во Европа пишувале лирска поезија на народен јазик, всушност само ги копирале примероците на андалузискиот мувашах и зеџел, кои им претходеле барем два века. Овие тврдења пробудиле во Европа нов интерес за мувашахот и зеџелот. Сепак, бројот на неговите противници се уште го надминувал бројот на оние кои го поддржувал. Мнозинството европски научници, ориенталисти и други, биле премногу горди да го признаат влијанието на арапската култура врз Европа. освен тоа, погледите на Рибера не делувале толку убедливо, бидејќи биле засновени врз недоволни докази и разни нагаѓања. Најистакнатиот ориенталист кој ја прифатил теоријата на Рибера бил А. Р. Никл (А. Р. Никѕл) во 1933. Никл објавил две вредни дела. На латиница ја објавил во целост Ибн Кузмановата збирка на зеџели, а потоа ја напишал статијата под наслов „Лирската поезија од двете страни на Пириените околу 1100“ (Ал-Андалус, И). Во овие дела тој понудил додатни уверливи докази за влијанието на поезијата врз трубадурските поети на Прованса. Своите мислења повторно ги изнел во книгата „За андалузиската поезија“ (Балтимор, 1946). На полето на латинските проучувања, Риберовата и Некловата теорија ја прифатил најучениот жив ерудит на шпанскиот јазик, Рамон Пендез Пидал, кој во 1938. година го објавил, за прва пат, своето дело „Арапската поезија и европската поезија“. Проучувањата на мувашахот добиле нов поттик во 1948. година кое било орезултат на една статија која ја објавил англискиот ориенталист С. М. Стерн, „Шпанските херѓи (завршетоци) во хебрејскиот мувашах“ (Ал-Андалус, 13). Овој поттик бил изненадувачки, бидејќи никој до тогаш не претпоставил дека овие завршетоци, пишуивани на старо-шпански јазик во хебрејскиот мувашах, ќе фрлат светлина врз завршетоците во арапскиот мувашах. Дури ни самиот автор не бил свесен за стварната вредност на своето откритие, бидејќи тогаш веќе било премногу општо познато дека составувачите на хебрејскиот мивашах, како и сите хебрејски мислители и книжевници од тоа време, биле вистински имитатори на арапските писатели на мувашахот. Според тоа, сега било лесно и сигурно заклучоците кои се изведени од проучувањето на хебрејските мувашахи да се применат на нивните арапски верзии. Треба да напомнеме дека, до тогаш, научниците немале никакви текстови за завршетоците во арапскиот мувашах. Неколку години подоцна е остварено едно уште позначајно откритие, кое помогнало за решавањето на овој заплеткан проблем. Го наоѓаме во есејот на шпанскиот ориенталист Семилио Гарсија Гомез (Емиллио Гарциа Гомез) „Дваесет и четири херѓи (завршетоци) на арапските мувашахи на народен латински јазик“ (Ал-Андалус, 1952). Тоа е најголемото откритие од овој вид кое се однесува на оваа материја и тоа помогнало за прв пат да се сфати природата на овие кратки песни, пишувани на старо-шпански, кои претставувале основа врз која поетите го граделе својот мувашах. Гомез овие мувашахски завршетоци ги извлекол од еден ракопис на Андалузиецот С. Г. Колен (С. Г. Цолин). Гомез успеал да ја зголеми збирката на мувашахски завршетоци користејќи го ракописот ат-Танших од Ибн ал-Хатиб Лисанудин од Гранада. Овие настани временски се совпаѓале со првото учествување на арапските научници во проучувањето на мувашахтот и зеџелот и во објавувањето на нови текстови за оваа тема, меѓу кои била книгата на Ибн Сана’ ал Мулк „Дар ат-Тиран“ (Куќа на причните објавена од страна на сирискиот научнил Џевдат ар-Рикаби (Дамаск, 1949), како и во објавувањето на некои истражувања, меѓу кои последна била книгата „Зеџелот во Андалузија“ (Каиро, 1957) од египетскиот научник Абдулазиз ал-Ахвани. Меѓу назјначјаните нови текстови за зеџелот кои се објавени во поскоро време се наоѓа книгата „Ал-Атил ал-хали ве’л-муракхас ал-гхали“ од Сифидин Абдулзаиз Сарај ал-Хилија (1350) која ја објавил германскиот ориенталист Вилхелм Хонербах (Њилхелм Хоенербацх, Визбаден, 1965) збирката на мувашахи на слепиот поет Хуријре (Ат-Тутли Абу Џафар Ахмер ибн Абу Хуријра, 1131), која ја објавил др Ихсан Абаз (Бејрут, 1963). Последниот меѓу овие нови текстови и најзначајни за прашањето на мувашахот е книгата која ја објавил професорот Гарсија Гомез во циклусот „Андалузискиот арапски мувашах и неговата околина“ под на словот „Поманските херѓи“ (Мадрид, 1965). Најзначителниот аспект на ова дело е тоа што авторот ги објавува не само романските херѓи кои се пронајдени до 1939. туку и комплетните текстови на мувашахот кои ги содржувале тие херѓи (вкупно 43). Тоа е мошне битно, бидејќи проучувањето на херѓите одвоено од мувашахот во кој се појавуваат не овозможува комплетно проучување на мувашахот и неговите проблеми. Дури и повеќе, Гарсија Гомез ги превел на шпански текстовите од овие мувашахи и направил мошне стручен вовед. По ова откритие, во 1948. година кај европските ориенталисти почнал да се развива интересот за проучувањето на мувашахот и зеџелот. Тие пишувале опширни и разработени студии на таа тема, но можеби сепак шпанскиот ориенталист Гарсија Гомез се посветил најмногу во проучувањето на оваа проблематика и успеал да изведе навистина нови и вредни заклучоци.
Comentários