top of page
Writer's pictureinfoislam

Влијание на турските серии врз правилното разбирање на исламските прописи

Чукањето во дрво, на пример, го практикуваат многу народи на Балканот,но незнаат од каде овој обичај влече корени. Знаат дека е од Османлиско подрачје, но бидејќи тие се муслимани, сигурно мислат дека е муслимански обичај. Уште кога ќе видат како Мустафа, Хајрије, Алија, Омер, Фатима по цел ден чукаат во дрво, тогаш тоа е така дефинитивно.

Меѓутоа, чукањето во дрво е пагански начин да се смиран демоните во куќата, и спрема нивните обичаи,со чукањето се става до знаење дека се смета на нивната милост и смиреност.

Во последните година дена на муслиманите од Балканот, и млади и стари, повеќе не им е непријатно што родителите им дале име Мерјем, Фатима, Омер или Ахмед. Па дури и зависно од карактерите и “величините“ на овие ликови во турските серии, така расте и нивното достоинство. Вистина,многу е поубаво кога листајќи ги ТВ каналите ќе чуеме “СубханАллах, МашАллах, Ја Рабби“ отколку мисите на мексичките свештеници кои после 50 години служба ќе откријат дека имаат 5 синови и 7 ќерки, кои за пола од нив не знаеле, а пола се веќе мртви. Балканците, посебно постарите, иако тешко го признаваат тоа сепак се одушевени од фактот дека конечно во светот се пласира нешто “наше“. Па уште кога ќе се учи езан, па кога бегот ќе каже “мерхаба“ или “Селам“,им се полни срцето. Па измислуваме разни изговори како би го оправдале гледањето на турските серии, па некој вели “јас ги гледам исклучиво заради турцизмите“, други велат “јас гледам исклучиво зарадите природните убавини на Турција“, а знаеме и да кажеме “Нека е муслиманско па макар….“

Ова третото е меч со две острици. Проблемот е тоа што одредени постапки на овие ликови и нивните обичаи се ставени во религиска рамка,во овој случај во рамки на Исламот. Во овие серии често ќе видиме постапки како чукање во дрво, истурање на вода, по некој кој ќе тргне на пат, испит и сл, а и многу често ќе видиме постапки во вид на магии, но не „зли“ магии, туку магии на пр. : мајка да си го спаси синот од лошата снаа, таа и мрмори нешто на некакви хартии и и става во постела и тоа што е посебно опасно кај овие постапки е што сите почнуваат со “Во името на Аллах“.

Истерување на лошите духови

Оние кои барем малку ја познаваат нашата вера веќе знаат што и припаѓа на религијата, а што на традицијата. Меѓутоа, бидејќи малку кој тоа го знае, тоа е уште еден опасен проблем. Во последно време,на Балканот се повеќе се зборува за некој традиционален балкански(босански,македонски,албански…) Ислам, кој често ги исфрла шеријатските правила и воведува свои. Е во тој традиционален ислам, гледањето во шоља од кафе, во грав, чукањето под маса, врзувањето на ремените и тресење низ прозор после сабах намаз(утринска молитва) е исто така составен дел од Исламот. И ако е ова традиција и национално наследство на една држава, религија или народ, ако во него лежи ширк(паганизам-многубоштво) , како во горенаведеното, тогаш тоа не смее да се практикува во никаков случај и во никаков случај да не се вметнува како религиски обред на една вера како што е Исламот. Меѓутоа ретко кој го знае овој факт. Чукањето во дрво, на пример, го практикуваат многу народи на Балканот, но не знаат од каде овој обичај влече корени. Знаат дека е од Османлиско подрачје, а бидејќи тие се муслимани, сигурно е муслимански обичај. Чукањето во дрво е присутно кај многу народии и религии,некои дури и сметаат дека со тоа се оддава почит на духот кој живее во дрвото. Од оваа постапка јасно се гледа дека тоа е ширк. На муслиманите им е забрането да се молат или да стравуваат од било што друго освен од Возвишениот Аллах: „Навистина ширкот е најголема неправда“.(Лукман, 13)

Исто така ритуалот за истерување на стравот и правење “добротворни магии“ се исто така многу присутни во турските серии и балканската традиција, која исто така се граничи со религијата. Сето тоа изгледа наивно бидејќи тргнува со бисмиллах(Во името на Аллах),а неретко се учат одредени сури и ајети при овие постапки.

После ручекот следува кафе, а после кафето и гледањето во шоља. Ова се врти секојдневно скоро на сите ТВ програми. И ова е исто така долги години присутно на балканот, и тоа полека почнува да се “вметнува“ во религиски рамки. Велат: “Ајде, ако Господ дае,да ми видиш нешто убаво и добро“ , а комшивката што гата одговара со: “Амин“. А гледањето во шоља кафе е обичај кој првобитно потекнува од Кина, уште во древното минато. Еден ден гледање во грав, вториот ден во шоља, па ако се отркие нешто лошо тогаш ајде да се избрка стравот.

Ритуалот за истерување на стравот(со кој пак се бара заштита во нешто друго покрај Возвишениот Аллах) во други земји е класично гатање. Ритуалот прво се прави со вода, па се уфрла олово во водата,и се чита судбината. Ова не е ништо друго освен ширк! (Познато како „Солевање на страва“)

Среќа од оџак

Ова е исто така присутен обичај кој во себе носи верување дека и нешто друго освен Аллах носи среќа. Овој обичај не е толку чест како гореспоменатите, но е сепак присутен,најчесто кај децата. Обичајот е следен: Кога некој ќе здогледа оџачар,одма брзо се фаќа за копче. Личноста која прва ќе го здогледа оџачарот кажува на некој друг и потоа посакува желба, со уверување дека истата ќе се исполни. Потеклото на овој обичај е од Австрија. Во време на опсадата на Виена од страна на Османлиите, еден австриски оџачар додека ја извршувал својата работа на кровот,видел како се приближуваат турски војски. Веднаш ја известил владата, и спречена е опсадата на градот. Ова дури и можеме да го сретнеме во турските серии. Она што е можеби највпечатливо е присуството на жените на погреб. Машките клањаат, а жените врескаат,плачат, проколнуваат(бидејќи мртвиот е најчесто убиен, па жените го проколнуваат убиецот на најлош можен начин). Присутно е и тота лно неправилно покривање на жените кога ќе одат во џамија, марама ја ставаат само на вратот, одат во кратки сукњи и тесни пантолони. Тоа станува се повеќе прифатено. Кога ќе ги согледаме сите овие факти, сето тоа уствари се сведува на ширк и неправилен однос кон верата.

Вистина е, има и некои серии кои се повеќе од документарен карактер и кои говорат за покорноста кон Возвишениот Аллах, за вредностите на намазот, како и за последиците од непрактикувањето на основните исламски должности, но постојат многу начини за да се информира човек, од гледање серии кои ако не содржат ширк, тогаш тие содржат некои новотарии кои не се забележани во праксата на Пратеникот,с.а.в.с., и во праксата на првата генерација. Навистина би било страшно да се поверува дека е исламски врзувањето на ремените еден за друг и мафтање со нив додека не изгрее сонцето,мрморејќи некои неразбирливи зборови и притоа да се верува дека благодарение на тој обред, ќерката ќе најде добар човек за мажење.

Турските серии имаат и некои обичаи на кои не може да им се најде потеклото. Еден од нив е и истурањето на вода позади трагите на личноста која ќе тргне на важен пат, испит и слично. Со таа постапка се посакува личноста да појде и да дојде како што тече водата. Овие обичаи кај нас спаѓаат во доменот на “бабини приказни“ кои ги има,за жал премногу. Но тука наидуваме на уште еден сериозен проблем. Во тие “бабини приказни“ понекогаш може да залута и по некој хадис. Така да, кога на личност која сето ова го смета за празноверие и кажете дека кога ќе настапи акшам треба да влезе дома, тој ви одговара со: “Тоа се бабини приказни“. Нормално,зборуваме за оние кои не ја практикуваат верата како треба. Но и на оние кои знаат по малку за верата,вакви работи можат да им “поминат“ . А јасно стои: Бухарија,Муслим,Несаија и Ибн Маџе од Џабир б. Абдулах бележат дека Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, рекол:

“Кога ќе настапи првиот акшам, децата свои внесете ги дома, бидејќи шејтаните се движат во тоа време. А кога ќе помине тој период можете да ги пуштите надвор. Кога сакате да спиете,заклучете ја вратата и учете Бисмиллах,бидејќи на тој начин шејтаните не можат да ја отворат затворената врата, покријте ги вашите садови со Бисмиллах и угаснете ги светлата“.

Поради создавањето на обичаи кои не се втемелени во исламот, кои во себе носат примеси на ширк и се врзуваат со исламот, бидејќи муслиманите се повеќе ги практицираат, почнувајќи ги таквите дела со Бисмиллах или дури со некои ајети, се случуваат вакви работи, хадисите да се сметаат како празноверие.

И за жал поради честото изговарање на СубханАллах изговорено од Мустафа од таа и таа серија,се крие нешто многу поопасно за муслиманите. А блудните работи на таканаречените Аиша или Фатима од тие серии, направен “од љубов“, полека станува халал, ех,тоа е веќе некоја нова тема.

Превземено од Акос.ба/сафф

0 views0 comments

Comments


bottom of page