Ако не клањаш намаз ти си полош од оној кој пие, од оној кој краде, и од оној кој прави зиналук како што вели исламскиот научник: Ибн Тејмијје во својата позната изрека: “Оној кој го остава намазот е полош од блудник, алкохоличар, и крадец!”
Сафет Кудузовиќ исламски теолог од Босна и Херцеговина вели: “После ширкот(многубоштвото, политеизмот) и куфрот(неверството) нема потежок грев од оставањето на намазот!”
Омер радијаллаху анху пред својата смрт им порачал на муслиманите да го чуваат намазот и рекол: “Оној што го остава намазот нема ништо со Исламот!”
И ова е доволно за оние кои разум имаат и порака примаат но тоа е само дел, па да видиме што вели Пратеникот саллаллаху алејхи ве селлем за намазот-молитвата!
“Договор помеѓу нас и неверниците е намазот-молитвата, па кој ќе го остави направил неверство.” ( Хадис: Тирмизи, Несаи, шејх Албани го оценил како веродостоен)
Ако сакаш да знаеш колкава е вредноста на само еден намаз, замисли како доаѓаш дома и гледаш дека ти се запалила куќата со се што има внатре, со твојата фамилија во неа и сите пари кои ги имаш, затоа што Аллаховиот Пратеник саллаллаху алејхи ве селлем рекол: “Оној на кој ќе му помине икиндија како да ја изгубил својата фамилија и својот имот.” (Бухари и Муслим)
А после се, ќе завршиме со зборовите на Аллах џелле шануху-Единиот Бог кои се сигурна потврда што ќе биде со оние кои не клањаат намаз каде што вели: “Што ве доведе во секар(Џехеннем-Пеколот)?” “Не бевме” – ќе речат – “од тие што клањаа” (Куран, 74:42-43)
Размисли драг брате и сестро! Зарем не е време да се замислиш, да се покаеш на Аллах, да почнеш да клањаш и да се спасиш од огнот џехеннемски!?
Comments