Најмалку 29 цивили, меѓу кои седум деца, се убиени денеска во воздушни напади во реони кои се под контрола на самонаречената „Исламска држава“ (ИД) во источниот дел на Сирија, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, чие седиште се наоѓа во Лондон.
Според невладината организација, најверојатно руски авиони-ловци извршиле напади врз населеното место Кшам во источниот дел на провинцијата Даир ал Зур.
– Од вчера вкупниот број на загинати во воздушните напади во оваа провинција изнесува 73 лица – изјави шефот на Сирискиот центар, Рами Абдел Рахман.
Засега нема официјален коментар од Владата во Дамаск.
Охрид скај
Comments