На местото каде се среќаваат Тихиот и Атлантскиот океан, кај ‘Ртот Хорн, снимено е величенствено видео од еден туристички брод на кој границата помеѓу двата океани е јасно видлива – како на географска карта, оставајќи впечаток дека нивните води не можат да се измешаат.
Атрактивната видео снимка е направена некаде на најјужниот врв од Јужна Америка. Меѓутоа, границата помеѓу двата океана е јасно видлива само некое време, бидејќи водите на океаните сепак се мешаат, само што тој процес трае “малку” подолго време отколку што ние би очекувале – објаснуваат експертите.
Имено, за да се измешаат нивните води само неколку центиметри, потребни се неколку денови, бидејќи и за овие водени површини важат истите механизми за мешање како и за другите течности: Дифузијата на две течности и физичка агитација, односно физичкото влијание врз мешањето – брановите, струјата, ветровите…
Куранот спомнува дека благите и солените води не се мешаат уште пред да се знае за тоа. „И он е оној кој одвои две тела на течна вода: едната питка и слатка другата солена и горчлива. И меѓу нив одреди меѓупростор и испречи препрека.“ (25:53)
Ги оддели двете мориња кои само се допираат; меѓу нив има препрека, и не се мешаат.“ (куран 55: 19 – 20)
Comments