top of page
Writer's pictureinfoislam

Вредноста на арапскиот јазик

Краток осврт на историјата: Арапскиот е еден од најзначајните светски јазици, а секако е најважен семитски јазик. Сочувувајќи ги најдобрите пра-семитски особини, и од други причини, тој има особено значење и за семантиката и лингвистиката, воопшто. Ширејќи се во поголема мера, особено од појавата на исламот во 7 век на новата ера, потиснал голем број останати семитски и други јазици проширувајќи се на огромно пространство од Ирак до Мароко, и од Сирија до Судан, па и преку тие граници.

Со исламот, кој во неговиот литературен облик, ударајќи му печат на верски јазик, во добар дел му обезбеди вековна егзистенција се до наши денови, станал не само верски јазик на сите муслимани, во делумна употреба и надвор од арапските земји, туку и е носител и на исламската култура и цивилизација воопшто, влијаејќи повеќе или помалку и на јазиците како на исламските народи така и на многу други ширум Азија, Африка па и Европа.

Неговото влијание се протегнало и на нашиот јазик, првенствено со посредство на Турците кои со доаѓањето во нашите земји со исламот го донеле и арапскиот јазик. Поголем дел од таканаречените турцизми всушност се арабизми. Со нашите се почести и поцврсти взаемни врски со арапските земји во разни видови се зголемил значително и интересот за арапскиот јазик.

Арапскиот јазик после своето нормирање во првите два – три века по доаѓањето на исламот во најголем дел ја сочувал својата структура, особено во поглед на фонетиката, морфологијата и синтаксата, а во нешто помала мера, особено под влијание на пуристите и во самата лексика. Тука сепак морал да доживее а и сега постојано доживува поголеми промени и зголемување, нужно прилагодувајќи се на потребите на современиот живот, науката, техниката, уметноста и сите други видови на цивилизација и култура. [1]

Тој, северниот арапски класичен јазик кој и денес се зборува, според некои е заеднички поетски јазик, а се базира на говорите во Неџд [2] и Хиџаз [3], особено на дијалектот на племето Курејш [4]. Потоа на него извршил силно влијание јазикот на Куранот, а потоа значајна улога одиграло мешањето на арапските племиња при подоцнежните освојувања во првите векови по доаѓањето на исламот (почетокот на 7 век на новата ера).

На развојот на арапскиот литературен јазик делувале разни фактори: неговите контакти со околните дијалекти, нивните влијанија на него како последица на се поголемо меѓусебно мешање на арапските племиња, што се случувало и во пред исламскиот период на нивните разни собири, а особено на сајмовите во разни времиња од годината и на разни места. На зближувањето на говорите на разни арапски племиња делувале и нивните многубројни меѓусебни судири. Освен истакнатото влијание на куранскиот јазик на формирањето на арапскиот литературен јазик, од посебно значење, воопшто е и појавата на исламот и развојот на арапското општество под негово влијание, при што се имало влијание во обликување на самиот јазик.

Со доаѓањето на власт на династијата на Абасиите (8 век на нова ера) значајно влијание на јазикот извршиле и многубројните и тесни контакти со припадниците на други народи и нивните култури (Персијанците, Грците, Хиндусите и др.). Арапскиот јазик не само што дошол во контакт со многу други семитски и не семитски јазици туку и многу од нив потиснал или потполно ги заменил во некои области. Така значајно го стеснил јужно арапското подрачје на југот на Арабија и во Јемен. На Север дошол во контакт со арамејскиот во Сирија, Либан и Ирак. Арапскиот јазик (покрај шпанскиот) повеќе од седум столетија владеел и во Шпанија (711-1492), но од таму целосно е потиснат, оставајќи траги во вокабуларот на шпанскиот јазик. Исто така арапскиот јазик продрел далеку преку централна Африка, влијаејќи на многу јазици, а особено преку Судан во источна Африка се до Занзибар. Неговото влијание особено било силно на север, на турскиот јазик, а на исток, на персискиот па на урду и дури на малајскиот во Индонезија. [5]

Поделба на семитските јазици

Инаку, семитските јазици, според вообичаената поделба, можат да се категоризираат во три групи: 1. северно западната група јазици која опфаќа старо еврејски (иврит), денес официјален јазик на Израел и неколку мртви јазици (феничански, угаритски и арамејски, од кој произлегол ново сириски со другите живи дијалекти); 2. североисточна група на јазици која опфаќа мртви јазици (акадски, вавилонски и асирски, двете последни некои научници ги сметаат за дијалекти на акадскиот јазик); 3. јужно западна група јазици која се дели на две подгрупи: северна и јужна. Во јужна спаѓаат исчезнатиот јужноарапски јазик и живите јазици – дијалекти на Јужна Арабија и јазици во Етиопија со Еритреја. Во северната погрупа спаѓаат малтешки ( но со латинично писмо) и арапски јазик, кој е тема на овој труд. Арапскиот јазик денес го зборуваат преку 130 милиони луѓе на површина поголема од 114 милиони км2. Иако арапскиот јазик дошол во контакт, односно потиснал многу други јазици, сепак вонредно ја сочувал својата чистотија, па и во примањето на туѓи зборови. Арапскиот јазик настанал на Арапскиот полуостров за кој се претпоставува дека бил прататковина на сите Семити.

Науката за јазикот кај Арапите е прилично стара и многу развиена. Во среденниот век многу познати биле две граматички школи: во Басра и Куфа (8-10 век) во Ирак. Инаку, Арапите многу држат до својот јазик, до неговата убавина, чистота и речитост. На нашите простори првите контакти со арапскиот јазик започнуваат веројатно уште во 7 век (преку Византија), а секако преку исламот, чии верски обреди се извршуваат на арапски.

Бројни арапски зборови влегле во нашиот јазик, во главно преку Турците, како на пример: кадар, муштерија, мираз, макази, мегдан, кафе, алгебра и сл. На нашиот простор сочувани се бројни пишани споменици на арапско-исламската култура, а посебно е богата по број на ракописи и книги Гази Хусрев-беговата библиотека во Сарајево. Покрај неа, арапските ракописи можат да се најдат ширум поранешна Југославија:во Загреб (Збирка на ориентални ракописи, ЈАЗУ), Београд (Народна библиотека), Сарајево (Ориентален институт), Мостар (Архив на Херцеговина), Дубровник (Архив), Скопје и Приштина. Првите граматики и учебници на арапски јазик на овие простори биле пишувани за потребите на верските школи и тоа се: Граматика и вежбанка по арапски јазик на д-р Ш. Булиќ, Сарајево, Мостар, 1907 и Граматика на арапскиот јазик од д-р Ш. Шикириќ, М.Пашиќ и М.Ханџиќ, Сарајево, 1936. Арапското писмо кое на овие простори се употребувало до триесетите години на минатиот век и се нарекувало аребица или арабика, а матуфовача е назив за она писмо прилагодено на тонолошките можности на нашиот јазик. Постои, дури и литература на наш јазик забележана со ова писмо, а се нарекува алхамијадо литература. [6]

Карактеристики на арапскиот јазик

1.Арапскиот јазик е јазик на жителите на Џеннетот Пренесува Ибн Ебу Дуња со синџир на пренесувачи од Енес ибн Малик, Аллах да е задоволен со нив, дека рекол: „Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рече: ,Жителите на Џеннетот ќе влезат во Џеннет а ќе бидат високи како Адем 60 подлактици, а подлактицата како подлактицата на владетелот, убавината на Јусуф, на возраст од 33 години и ќе зборуваат со јазикот на Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем…’“[7]  А неговиот јазик без сомнеж е арапскиот. Ибн Асакир во својата историја од Ибн Аббас, Аллах да е задоволен од нив, спомнува  дека Адем, алејхис-селам, зборувал арапски јазик во Џеннетот, а кога направил грев, Аллах му го одземал арапскиот, зборувал сиријски, а откако се покајал, му го вратил арапскиот.

2.Арапскиот јазик е јазик на Куранот и суннетот

Куранот и суннетот се два извора на исламот, а двата се објавени на арапски јазик, како што и е факт. Возвишениот Аллах во Својата Книга вели: „Ја објавуваме како Куран на арапски јазик, за да разберете.“ (Јусуф, 2) „И Ние така како мудрост го објавуваме (Куранот) на арапски јазик.“ (Ер Рад, 37) „Ние добро знаеме дека тие велат: „Го подучува еден човек!“ Јазикот на тој поради кого тие погрешно говорат е јазик на туѓинец, а овој Куран е на јасен арапски јазик.“(Ен Нахл, 103) „И, ете, така Ние Куранот на арапски јазик го објавуваме и во него заканите ги повторуваме за тие гревовите да ги избегнуваат или на послушност да ги поттикне.“ (Таха, 113) „И Куранот сигурно е објава од Господарот на световите; поверливиот Џибрил го донесува на срцето твое, за да опоменуваш, на јасен арапски јазик.“ (Еш Шуара, 192-195) „Во Куранот на арапски јазик, во кој нема никакви противречности, за да се плашат и за да внимаваат.“ (ЕзЗумер, 28) „Книга чии ајети се детално изложени, Куран на арапски јазик за луѓето кои знаат.“ (Фуссилет, 3) и слични ајети. [8]

Имам Ибнул Кајјим, Аллах да му се смилува, рекол: „Навистина ја спознал вредноста на Куранот оној кој го спознае говорот на Арапите, така да ја спознае лингвистиката[9], арапската наука и реторика[10]. Исто, имам Бухари, Аллах да му се смилува, во својот сахих насловил поглавје кое носи наслов: „Поглавје, спуштен е Куранот на јазикот на Курејшите,“ со што укажал на важноста на арапскиот јазик бидејќи јазикот на Курејшите е арапски јазик. Ес-Сеалиби, рекол: „Оној кој ќе го засака Аллах – го засакува и Неговиот Пратеник Мустафа, саллаллаху алејхи ве селлем, а кој ќе го засака Веровесникот – ги сака и Арапите, а кој ќе ги засака Арапите – го засакува и арапскиот јазик на кој е спуштена највредната книга…“

3.Спознанието на арапскиот јазик, неговата граматика, морфологија и значења е еден од условите човек да биде муфтија (научник кој издава фетви или исламско – правни решенија) Имам Шафија, Аллах да му се смилува, рекол: „Никому не е дозволено да дава фетви во Аллаховата вера освен на човек кој ја спознал Аллаховата Книга, ајетите кои се дерогирачки или кои се дерогирани (насих ве менсух), ајети кои се јасни и оние кои се нејасни (мухкем ве мутешабих), значење на ајетите и она што е во врска со нивното спуштање (објавување), па мекканските и мединските ајети, што се сакало со тој ајет и во врска со која е објавен. Потоа, тој човек да биде упатен, да спознае со доказ хадисот на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, кои хадиси се дерогирани, а кои дерогирачки, да ја спознае врската на хадисите како и фактите во врска со Куранот, и да го спознае арапскиот јазик, поетиката и се што е потребно за наука и Куранот. [11]

Имам Ебу Мухаммед Ибн Хазм, Аллах му се смилувал, рекол: „Обврска за оној кој има намера да се подучи на фикх (исламско право), како што наведовме, да се послужи и подготви за тоа со сите науки кои нужно се потребни за разбирање на говорот на Возвишениот и говорот на Неговиот Пратеник саллаллаху алејхи ве селлем. Возвишениот рекол: „Ние не сме пратиле ниту еден Пратеник кој не зборувал на јазикот на народот свој, за да му објасни…“[12] “ Така да обврска на научникот на фикх е да биде научник во арапски јазик за да го разбере говорот на Возвишениот Аллах и говорот на Веровесникот, саллаллаху алејхи ве селлем…“ [13] Исто, за задолженото познавањетона арапскиот јазик зборувале и имам Ебу Амр ибн Саллах[14], шејхул-ислам Ибн Тејмијје[15] и други.

4.Специфичноста на арапскиот јазик во однос на другите јазици За арапскиот јазик е карактеристично следново: неговиот самостоен развој и привремената одвоеност од останатите јазици, затоа тој : 1. најдобро ги зачувал прасемитските гласови, додека посебно развил и некои гласови кои не постојат во останатите семитски јазици; 2.од сите тие јазици има најразновидна морфологија (неправилни множини, инфинитиви и др.) и синтакса. Сите зборови се изведуваат, воглавно, од коренот од три консонанти, кои се претставуваат со три гласа (ФА; АЈН И ЛАМ) кои го даваат основниот корен. Но, постои еден број на четириконсонантни глаголи – корени (ар.рубаи’), од кои повеќето се со ономатопејски својства; 3. арапското писмо се пишува од десно на лево; 4. арапскиот јазик има 28 консонанти[16] и три вокали (е, и, у), секој глас има свој пишан знак во повеќе варијанти (до четири) во зависност дали тој знак е сам, на почетокот, на средина или на крајот на реченицата; 5. арапското писмо нема голема и мала буква, ниту има разлика помеѓу ракописно и печатно писмо; 6. арапскиот  литературен јазик, меѓу сите семитски јазици, има најмногу корени (повеќе од 10.000, од кои преку 6.500 со три харфа-ар. Суласи), како и најголем број поединечни зборови; 7. има најбогат речник меѓу сите семитски јазици (синоними и сл.); Арапскиот јазик се одликува со извонредно богатство на синоними (за лав – 500 називи, за лисица – 200, мед – повеќе од 80, сабја најмалку илјада, несреќа повеќе од 400, така да има 20 – 30 синоними за поимите: дожд, ветар, светло, темнина, камен, вода, бунар, камила. И некои придавки имаат голем број синоними, на пример: долг, краток, дарежлив, скржав, храбар, плашлив и др. Интересно е да се спомене дека зборот камила има многу синоними, дури се наведува дека Хаммер собрал поими во врска со неа и бројката на собрани зборови надминала 5.644. [17]

————————————————————————————————————————————–

[1]  Теуфик Муфтиќ, Арапско-босански речник, 3 издание, Ријасет на исламската заедница во БиХ и Ел-калем, Сараево, 2004. [2]  Неџд е подрачје околу денешен Ријад, главниот град на С. Арабија. [3]  Хиџаз е подрачје околу денешна Мекка и Медина, светите места во С.Арабија. [4]  Племето Курејш е племе кое потекнува најдобриот човек кој се појавил на овој свет – Аллаховиот пратеник Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем. [5]  Теуфик Муфтиќ, Граматика на арапскиот јазик, издавачка куќа Лилјан, Сараево, 1998. [6]  Раде Божовиќ, Учебник на современ арапски јазик, 2 издание, Старешинството на ИЗ на БиХ, Хрватска и Словенија, Сараево, 1988. [7]  Шејх Албани преданието го оценил добро (хасен) во делото Ес-Сисилету ес-сахиха, 6/43 [8]  Како што се: Фуссилет, 44, Еш-Шура, 7, Ез-Зухруф, 3, Ел-Ахкаф,12 и сл. [9]   т.е., наука за јазикот. [10]  Техника на убав говор или ораторство. [11]  Ел-Фекиху вел-метефекких, 2/157. [12]  Ибрахим, 4. [13]  Ел-Ихкам од Ибн Хазма, 5/124-126. [14]  Едебул-Муфти, 86 и 87. [15]  Ел-Иктида, 143. [16]   Се спомнува разминување во мислењата на научниците за тоа дали арапскиот јазик има 28 или 29 букви, т.е. оние кои велат дека има 28 букви ги спојуваат буквите хемзе и елиф во една, а оние кои велат дека има 29 букви ги одвојуваат. Поправилно мислење е дека арапскиот јазик има 29 букви (харфови). [17] Теуфик Муфтиќ, Граматика на арапскиот јазик, Издавачка куќа Лилјан, Сараево, 1998.

Извор:Минбер.ба

0 views0 comments

Comments


bottom of page