Со зикрот го зајакнуваме иманот, ги зголемуваме нашите добри дела, тој не оддалечува од харамите, заблудите и шејтанското вознемирување.Во Кур’анот се вели: “О верници, споменувајте Го Аллах, со споменување често! И славете Го и наутро и навечер!.” (Ел-Ахзаб, 41-42), “и за мажите кои го споменуваат Аллах многу, и за жените кои го споменуваат Аллах многу…за сите нив Аллах подготви и простување и награда голема” (Ел-Ахзаб, 35)
Зикрот го учиме дење и ноќе, на копно и на море, на пат и дома, во богатство и сиромаштија, во болест и здравје, тајно и јавно, заеднички и поединечно. Аллаховиот пратеник с.а.в.с. рекол: “Примерот на оној кој го спомнува својот Господар и оној кој не го спомнува, е сличен на примерот на живиот и мртвиот.” (Бухари)
Ние на мигови ги забораваме нашите најмили, семејството, децата, родителите, меѓутоа Тој кој ни го подари животот, здравјето, рскот, кому сите ние се враќаме, не смееме ниту можеме да Го заборавиме.
Дова, обраќање кон Возвишениот Аллах е многу важна работа во човековиот живот. Довата се упатува директно и само на Аллах. Довата ја препородува душата на верникот и го управува кон вистинската цел. Довата ја учиме за себе, за својата фамилија, роднините, пријателите, браќата по вера, за живите и умрените. Довата ја учиме и само на Аллах му се обраќаме во добросостојба и во тешки ситуации. Аллах џ.ш. во Кур’анот вели: “И кога ќе те прашаат робовите Мои за Мене, па Јас сум, навистина, блиску. Ја услишувам довата на молителот кога ќе Ме замоли. Па, нека ми се оѕвијат, и нека во Мене веруваат, за да бидат упатени.” (Ел-Бекаре, 186)
Ќе спомнам неколку хадиси за вредноста на довата: “Молете го Аллах да ве сочува од тешките несреќи, од трагични последици на лошата судбина, и непријателите да не се насладуваат на вашата несреќа” (Бухари и Муслим)
“Судбината не може да ја измени нешто друго освен довата, ниту животот може да го продолжи нешто освен добродетелството” (Тирмизи – сахих)
“Колку се убави оружјата на верникот, трпението и довата” (Дејлеми – хасен)
“Вниманието не не заштитува од кадерот (Аллаховата одредба) туку довата ни користи за она што се случило и за она што не се случило. Кога бељата ќе се приближи; ја дочекува довата и ја созема се до Судниот ден” (Хаким – сахих)
“Најдобра дова е да бараш од Аллах простување на гревовите и здравје како на овој, така и на идниот свет, ако ти се дадени овие две добра и на двата света, ќе бидеш од спасените и среќните” (Тирмизи, Ахмед, Ибн Маџџе – хасен)
Преземено од Minber.ba
Преземено од Minber.ba
Comments