Посета на болниот кога ќе се разболи: Пратеникот а.с. кажал “кога ќе се разболи посети го!” Право на болниот муслиман е почитувани браќа во ислам да го посетиме и на тој начин ја заслужиме Аллаховата,џ.ш., милост. Имамот Ибн Маџе го бележи хадисот во кој се вели: – Пренесува Ебу Хурејре,р.а., дека Пратеникот,с.а.в.с., рекол: “Кој ќе го посети болниот или ќе го посети својот брат ( во ислам) во името на Аллах, му повикува гласникот (мелекот): „Да бидеш добар, нека ти е добро движењето и да добиеш место во џеннетот!” (Тирмизи) На верниците коишто меѓусебно се посетуваат мелеците им донесуваат салавати, што потврдува и следново пренесување: – Пренесува Алија ибн Еби Талиб,р.а.,: ”Го слушнав Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., кога рече: “Нема ниту еден муслиман кој што наутро ќе посети друг муслиман, а на него да не донесат салават седумдесет илјади мелеци, се додека не се стемни, а ако го посети навечер, на него салават донесуваат седумдесет илјади мелеци, се додека не се раздени и ќе има хариф (џеннетски плодови).” ( Тирмизи) Ова почитувани браќа и сестри во ислам се однесува на посетувањето на здравите, а посебно на болните муслимани, под услов тие наши посети да се искрени и во името на Аллах, џ.ш., и да не содржат: лаги, лажни обвинувања, озборувања, пренесување на туѓи зборови, неумесни шеги и општо кажано грд говор (муабет). Блазе си им на тие коишто меѓусебно се посетуваат во името Аллахово, и кои што Него го величаат! На нив се спушта Аллаховата,џ.ш., милост и тие се среќници , а мораме да признаеме дека такви посетувања се се помалку и помалку. Пратеникот,с.а.в.с., ги подучувал асхабите како да учат дова кога посетуваат болен човек: Пренесува Ајша, мајката на верниците,р.а., дека Пратеникот,с.а.в.с., ги посетувал роднините, ги потирал со својата десна рака и говорел: “О Аллах, Господару на луѓето, оттргни ја болеста, излечи го, Ти си Оној којшто лечи, нема лек освен Твојот лек, лек кој ќе ја оттргне болеста!” ( Бухари) Довата на верникот може да биде причина за оздравување на болниот, како што стои во пренесувањето кое што го бележи имам Ебу Давуд: -Пренесува Абдуллах ибн Аббас, р.а., дека Пратеникот,с.а.в.с., рекол: “Кој ќе го посети болниот, на кој не му дошол еџелот ( моментот на смртта), па кај него ќе рече седум пати: “Го молам Возвишениот Аллах, Господарот на Големиот Арш ( Престол), да ти подари оздравување!”, а да Аллах нема да го ослободи од таа болест!” ( Ебу Давуд) Во друго пренесување стои: -Пренесува Абдуллах ибн Аббас,р.а., дека Пратеникот,с.а.в.с., кога ќе влезел да посети болесник, велел: “Аллах да те очисти!” ( Бухари) Ебу Бекр Ес – Сиддик,р.а., во однос на другите асхаби се истакнувал во доброто и оние кои што ќе ја следат неговата пракса, ќе бидат од жителите на џеннетот, како што стои во следново пренесување: -Пренесува Ебу Хурејре,р.а., дека Пратеникот,с.а.в.с., прашал: “Кој денеска запости?” Ебу Бекр одговори: “Јас!” Праша: “Кој од вас денес посети болен?” Ебу Бекр одговори: ‘Јас!’ Пратеникот,с.а.в.с., повторно запраша: “Кој од вас денес го нахранил гладниот?” Ебу Бекр повторно одговори: ‘Јас!’ Пратеникот,с.а.в.с., после тоа рече: “Кој ќе го изврши сето ова ќе влезе во џеннетот!” (Муслим) За вредноста на посетување на болните зборува и следниов хадис: -Пренесува Ебу Хурејре,р.а., дека Пратеникот,с.а.в.с, рекол: “Возвишениот Аллах на Судниот ден ќе рече: “Човеку, Јас бев болен но ти не Ме посети!”. Човекот ќе запраша: ‘Како да те посетам Господару, кога Ти си Господар на световите?!’ Ќе рече (Аллах): “Зарем не знаеше дека тој и тој Мој роб се разболи, а ти не го посети? Зарем не знаеш дека ќе Ме најдеше кај него ако го посетеше?!” (Муслим) Адабите (правилата) за посета на болниот се: – Да му однесеме на болниот хедие ( подарок), што ќе биде јасен знак на нашето внимание кон него, – Да му дадеме селам, да се ракуваме со болниот или да го прегрнеме (гушнеме) и да ја ставеме раката на неговото чело, – Да се завртиме кон него и да го замолиме Аллах џ.ш. , за негово оздравување, што ќе му ја засили надежта и ќе го орасположи, – Да не се задржуваме долго кај болниот, бидејќи тоа може да го умори, – Да го замолиме болниот да проучи дова за оние кои што го посетуваат, бидејќи довата од болниот не се одбива, – Во негово присуство да не зборуваме за смртта и да не ја спомнуваме смртта на другите, зошто тоа би можело да го потресе, – Да не зборуваме со зголемен тон, за да не го вознемируваме, – Да не го присилуваме да јаде и пие, ако не може
top of page
bottom of page
Comments