Во еден дел од својата историја Eвропјаните биле критикувани од своите верски предводници поради претераното имитирање и восхитеност со исламската цивилизација. Тоа било за време на муслиманското владеење со Шпанија. За однос на муслиманите и христијаните во муслиманска Шпанија Томас В. Арнолд во својата книга „Историја на исламот“ наведува дека многу христијани во Шпанија земале муслимански имиња и ги следеле обичаите на своите соседи муслимани.
Некои дури ги имитирале муслиманите во јадењето и пиењето. Многу брзо, учењето на арапскиот јазик, го надминало учењето на латинскиот јазик па се случувало христијанските свештеници на високи позиции често да бидат засрамени поради своето непознавањето на латинскиот јазик.
Т.В.Арнолд го пренесува писмото на шпанскиот писател од 9.век кој ги прекорува своите сограѓани поради ваквата пракса:
„Додека ние ги студираме светите доктрини на муслиманите, додека се состануваме со нив да ги научиме нивните филозофски правци, или поточно нивното мудрословно толкување, додека ние тоа го правиме, не со намера да ги побиеме нивните заблуди, туку занесени со убавината на нивниот јазик и со привлечноста на нивната елоквенција, го занемаруваме Евангелието. Каде можеме сега да најдеме учен човек кој ќе се посвети во проучувањето на латинското дело на отците кои се нурнале во студирањето на нашите свети писма. Нашата христијанска младина, богата со зборови и со господарско однесување, се гордее со туѓа наука, опиени се со арапската елоквенција со уживање ги студираат арапските книги, речиси ја голтаат нивната содржина. Додека тие немаат поим за црковната книжевност или, поточно, додека со презир гледаат на црковните порои, кои течат од рајот, се фалат со бомбастичната елоквенција на исламските дела. Христијаните толку слабо ги знаат законите на својата вера, толку малку внимание обрнуваат на својот латински јазик што одвај меѓу нив има еден на илјада кој би можел да напише, а да се разбере најобично писмо: да запраша за здравјето на својот пријател. Меѓутоа, ги има од сите сталежи поради разгледувањата вмешани меѓу арапските реторичари. Тие можат да пишуваат арапски песни чиишто стихови завршуваат со иста буква и во тоа се прославиле повеќе од туѓинците (Арапите).“ (Види Томас В. Арнолд, „Историја на исламот“ страна 128)
Не е тешко да се заклучи дека ние денес сме сведоци на исто сценарио но со замените улоги. Ги гледаме муслиманите восхитени со Западната цивилизација и нејзиниот технолошки напредок. Се запоставува сопствената култура и арапски јазик и се брза кон прифаќање туѓа, најчесто христијанската култура додека англискиот и другите Западни јазици се показател за престиж кај муслиманската интелегенција. Сета ова подреденост која муслиманите ја превземале, дошла со напуштањето на исламскиот повик. Во овој показател на декаденција ќе најдеме дека сите сме согласни: „Аллах нема да ја измени состојбата на еден народ, се додека тој самиот себеси не се измени .“ (Куран, 13:11)
Извор: Сафф.ба
Comentários