top of page
Writer's pictureinfoislam

Гледањето на верникот во својот Господар на Судниот ден

Од суннетот е да со никого не се расправа и не дискутира ниту поттикнува на расправа за ова, бидејќи прекумерниот говор за одредбата, видувањето, куранот и другите слични прашања е забранет.

Оној кој тоа ќе го стори, па дури во расправа да го погоди суннетот – нема да биде од следбениците на суннетот се додека не ја остави расправата, потполно се предаде и поверува во преданијата. Видувањето на Аллах џелле шан’уху на Судниот ден е потврдено во хадисите како и во Курански ајети. Аллах вели: Тој ден некои лица блескави ќе бидат, во Господар својот ќе гледаат.(Ел Кијама, 23-23) Толкувањето на ајетот во сура Јунус, 26 „..оние кои чинат добри дела ги чека награда и повеќе од тоа..“ Пратеникот алејхи селам, укажал дека …повеќе од тоа… значи дека верниците ќе го видат својот Господар на Судниот ден.(Муслим) Исто така зборовите на Аллаховиот Пратеник алејхи селам : „Вие навистина ќе го видите својот Гопсодар на Судниот Ден како што го гледате овој месец. Нема да се стискате за да Го видите.“(Бухарија,554) Исто така од суннетот е да се остави расправијата и дебатата за тие прашања, бидејќи многу мутезили и ибадии ги негирале овие хадиси и со тоа го оставиле овој суннет без докази. На верникот е да го прифати тоа што го познава, а од она што не го познава – доколку е пренесено со веродостојни преданија – ништо да не одбива, да не се распрашува за невидливите појави и да не кажува: „Заради што Аллах го создал ова?“ или „Зошто Аллах Го наредил она?“ Туку верник треба да каже „Слушнавме и се покоруваме!“, без никакви прашања за каквотијата на Аллах, субхане ве те ала, имиња и својства, причина на Аллаховите дела и прописи. Тоа што ќе го спознае ќе го прифати, ќе се покори, како и во она што нема да го спознае.

0 views0 comments

Comments


bottom of page