Спрема Исламот Исус бил пастир, како што биле и сите претходни пратеници кои примиле објава. Исус ја познавал Тората, можел да пишува и да чита уште како мало дете. Тој израснал знаејќи за својот роднина Јахја(Јован Крстителот). Двајцата заедно повикувале кон обожување на Бог.
Исус, според повеќето исламски преданија и христијански извори е роден во Витлеем во близина на Ерусалим. Вехб ибн Мунебих[1] вели дека е роден во Шам[2] и дека Мерјем со Јусуф ибн Јакуб (Јосиф син на Јаков) отпатувала на неоседлано магаре за Египет. Вехб наведува дека кога се родил Исус киповите ширум земјата се срушиле,[3] шејтаните (ѓаволите) се вознемириле и испаничиле, додека нивниот водач Сатана[4] (Иблис) ги известил дека се родил Исус, по што тие се впуштиле да го бараат сè додека не го нашле кај мајка му опкружен со ангели како го држи во крило. Понатаму тој наведува дека на небото се појавила ѕвезда и поради тоа персискиот крал многу се загрижил, па ги повикал своите волшебници да му објаснат за што станува збор. Тие му објасниле дека се работи за раѓање на голем човек. Поради тоа кралот испратил свои амбасадори со злато и темјан како поклони за раѓањето на Исус. Кога дошле во Шам (Сирија, Јордан, Палестина) тамошниот владател ги запрашал зошто дошле а тие објасниле. Распрашувајќи се за тој случај владателот на Шам дознал дека се работи за Исус за кого веста брзо се проширила, бидејќи прозборел во колевка. И овој владател со своите волшебници испратил подароци, а со нив и еден доверлив човек кој требало да го убие Исус. Откако волшебниците дошле до Марија и ги предале подароците, тие ѝ објасниле дека нивниот владател испратил човек да го убие Исус, поради што Марија го зела Исус и избегала за Египет каде останале сè додека не наполнил 12 години.[5]
Уште во најрана возраст се случувале чуда со Исус, едно од нив е и настанот со кражбата на богаството кое било сокриено во куќата на еден племенски главешина каде бил сместен Исус со мајка му. Бидејќи во куќата сите биле сиромашни домаќинот не можел да претпостави кој го зел, но сепак сето тоа тешко и паднало на Марија како и на домаќинот на куќата.
Кога тоа го забележал Исус отишол меѓу толпата, пришол на еден навидум слеп човек и на еден навидум неподвижен човек. Му кажал на слепиот: „Земи го овој неподвижен човек и прошетајте заедно.“Тој му одговорил дека не може, но Исус им возвратил: „Можете, како што можевте да го земете богатството од онаа дупка во ѕидот.“ Тие се зачудиле и признале што сториле и го вратиле богатството и тоа што го украле. Така Исус уште како момче во очите на луѓето стекнал голем углед и почитување.
Исак ибн Башир наведува од Ибн Аббас дека Иса како доенче проговорил и повторно прекинал да говори додека не израснал во момче кога Семоќниот Бог му дал да се изразува јасно и мудро. Пред сè, тој одговарал на клеветите на Евреите кои ја озборувале неговата мајка, а него го нарекувале со погрден израз „копиле“.[6]
Исус никогаш некажал- „Обожувајте ме мене!“ – тоа не е прилагало на ниеден Божји пратеник.
Исус е наречен „збор Божји“ заради тоа што Аллах вели „Ние“ и тој тоа и е.
И спомни ја Мерјем(Марија) во Книгата: кога од домашните свои, на источна страна се повлече, и од нив се прегради, Ние кон неа мелекот Џибрил(Гавриил) го пративме и тој ѝ се покажа во лик на совршено создаден маж. „Барам заштита кај Семилосниот од тебе, ако од Него се плашиш!“ – повика таа. „А јас сум токму Пратеник од Господарот твој,“ – рече тој – „да ти подарам момченце, чисто! „Како ќе имам син“ – рече таа – „кога ниту еден маж не ме ни допрел, а јас не сум блудница?“ „Тоа е така,“ – рече тој. Господарот твој рече: „Тоа Ми е лесно.“ – и за да го направиме знак на луѓето и милост од Нас. Неговиот случај е веќе однапред одреден. (сура Мерјем 16-21)
Аллах понатаму поставува парабола помеѓу Исус и Адем- Адем е направен од Земја, не е роден преку матката на жената. Аллах вели: „Случајот со Иса кај Аллах е навистина ист како случајот со Адем: од земја го создаде, а потоа му рече: „Биди!“ – и тој би.“ (сура Али Имран 59)
Исус немал татко. Но тоа незначи дека Исус е божество и дека е вреден за обожување, заради тоа што Адамовото постоење е поголемо чудо од тоа на Исус. Заради тоа Куранот напоменува дека заморот и потребата да јадат и средствата потребни за живот ги анулираат нивните својства на божества.
Понатаму безгрешниот зачеток е обработен во Куранот во следниве ајети: И таа го зачна и бремена се тргна некаде далеку. И породилните болки ја присилија да дојде до стеблото на една палма. „Камо среќа порано даумрев и целосно во заборав да паднев!“ – повика таа. И тој, под неа, ја повика: „Не тагувај, Господарот твој даде подолу од тебе поток да потече.
(сура Мерјем 22-24)
Исус и говорел на неговата мајка и ја тешел и смирувал за да не се плаши и да небиде тажна. Марија била подучена да кога ќе се врати кон нејзионот семејство неодговара на ниедно нивно прашање. Кога тие се соочиле со нејзе таа покажала кон нејзиното дете. Тие запрашале како може да говори едно дете во колевка? Првите зборови кои Исус ги изговорил кога се родил биле: „Јас сум Аллахов роб! Со што признал дека Возвишениот Аллах е Единствениот негов Господар, и со тоа од негова уста во лага ги втерал оние кои подоцна ќе тврдат дека тој е Син Божји. Напротив, тој потврдил дека е Негов роб и пратеник и син на Марија. Потоа ги поништил обвиненијата на малоумниците кои ја обвиниле неговата мајка за неморал: „Мене Тој книга ќе ми даде и Пратеник ќе ме стори“ т.е. Севишниот Бог на оние коишто се во заблуда ги проколнал и не им дава пратеништво. Во тој контекст Возвишениот на друго место вели: „заради неверувањето нивно и заради изнесување на тешки клевети против Мерјем“ (Куран; Ен Ниса, 156). Имено групата на тогашните Евреи ја обвиниле Мерјем дека забременила при блуд[1.1] и тоа во време на менструација. Аллах со горенаведените зборови ја брани од клеветата и потврдува дека таа е искрена верничка, а нејзиниот син го одбира за Пратеник и Веровесник, и тоа еден од петте најизбрани Пратеници на сите времиња.[2.1] Затоа Исус кажал: „Ќе ме стори кај и да бидам, благословен.“ И навистина каде и да одел повикувал да се верува во Единиот Бог, Кој нема никаков здруженик, а одвраќал од припишување на Семоќниот какви било недостатоци, на пример дека Бог засебе земал сопруга и дете, а тоа не Му доликува!
„Ќе ми нареди дури сум жив намаз да обавувам и зекат (милостина) да давам.“[3.1] Тоа е бидејќи намазот е обврска на луѓето кон Семоќниот Аллах, додека зекатот е милостина и обврска на Неговите суштества која го чисти човек од лоши особини.[4.1]
Тој потоа кажал: „На мајката своја да бидам добар, и нема да допушти да бидам дрзок и непристоен“, т.е. ме направил кон својата мајка да бидам честит. Всушност, тој бил свесен за обврската кон својата мајка, бидејќи таа му била единствен родител. Нема да допушти да биде дрзок и непристоен, односно ниеден збор нема да се коси со наредбата да му биде предан и покорен на Семоќниот Бог. Овој курански цитат како директно да алудира на нешто што е запишано во канонските евангелија за односот на Исус кон неговата мајка на која ѝ вели:
– Исус и рече: „Што бараш од Мене, жено? Уште не дошол Мојот час.“ (Евангелие по Јован, 2:4)
Куранот го осудува ваквото ословување на својата мајка со изразот „жено“ и со дрскост. Овој цитат тешко дека е Исусов говор.
Потоа, куранските ајети говорат за големината и споменот на Иса, каде Семилосниот спушта милост и укажува на чистотата од паганштината и гревот кој се прави во негово име за што Исус вели: „и нека е мир над мене на денот кога сум се родил и на денот кога ќе умрам и на денот кога од мртвите ќе станам!“ Откако се разјасни за сите поединости, Севишниот кажува „Тоа е Исус, синот на Марија“ (Куран; Мерјем, 33-34)
Исус живеел потпол живот, против него се бореле и го мрзеле и го грделе разни непријатели, и сите оние кои посакувале моќ и статус.
Нека е славен Оној Кој создал сè, и на секое суштество упаство Му дал.
Подготвил: Ебу Абдулмалик
Користени се сегменти од книгата: „Од Исус до Мухаммед“ Е. Тренчевска
[1]Исламски теолог и табиин (луѓето што ги виделе асхабите односно современиците на Пратеникот Мухаммед, мир над него), 725 година
[2]Денешна област која ја зафаќа Сирија, Палестина, Јордан и Либан
[3]Такви тврдења има и во апокрифот Евангелието според Јаков, односно „Протоевангелието“ како што го нарекуваат некои.
[4]Луцифер, Сатана. Според Куранот, тој не бил ангел, тукудемон (џинн) кој поради својата побожност бил во друштвото со ангелите. Сонеговата побуна против наредбата и волјата Божја, станува предводник наостанатите демони неверници, односно ѓаволи (шејтани).
[5]Во Библијата, сличен ваков настан опишува само Матеј во своето евангелие. Имено, Јосип дрводелецот, откако Херод наредил да се погубат сите новороденчиња во Витлеем, во сон му е наредено со детето и неговата мајка да се засолнат во Египет. Тие таму останале сè до Херодовата смрт, кога повторно на Јосип му е наредено на сон да се врати дома со детето и неговата мајка. Кога Херод умира, на Јосип на сон му се прикажува ангелот Господов и му рекол:
„Стани и земи го детето и мајката негова та одете во земјата Израелска, бидејќи умреа оние кои сакаа да го убијат детето“ (Матеј, 2:20). Јосип го зема детето и Марија и се упатувакон Јудеа. Детето тогаш имало седум години. Кога дошле во Јудеја и чуле дека таму владее Архелај, после смртта на својот татко Херод, се упатиле во Галилеја, каде останале во градот Назарет, затоа што стравувале да останат во Јудеја.
[6]Таква клевета за Исус меѓу сите останати е запишана во Талмудот. Според Тората, вонбрачниот син како што го нарекувале Исус немал удел во Израел, ниту во рајот.На тоа се однесуваат и зборовите на Возвишениот Аллах: „И поради нивното неверување и поради изнесување на тешки клевети против Марија.“ (Куран; Ен Ниса, 156)
[1.1]Во Талмудот и денес постои запишано тврдењето, односно клеветите на Евреите дека Марија била сиромашна жена која заработувала како фризерка, и кога забременила блудничејќи со Пандира, римски војник од грчко потекло, била истерана од својот сопруг Јосиф кој бил дрводелец. Во поново време рабинот Баал Шем Тов напишал едно Евангелие во кое што ги вметнал сите клевети на Евреите за Исус и мајка му Марија.
[2.1]„Ние од веровесниците заветот нивен го зедовме, и од тебе (Мухаммед), и од Нух и од Ибрахим, и од Муса, и од Иса, синот Мерјемин, цврст завет зедовме“ (Куран; Ахзаб, 7)
[3.1] Како доказ за ова во евангелијата наоѓаме дека и самиот Исус наредувал намаз (молитва), а и тој тоа го практикувал.
-Тогаш им рече Исус: „Смртно е нажалена Мојата душа; останете тука и видете будни со Мене!” И како се пооддалечи малку, падна ничкум; се молеше и говореше: „Оче Мој, ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша; но не како Јас што сакам, туку како Ти.”Па дојде при учениците и ги затече како спијат, и му рече на Петра: „Толку ли не можевте еден час да останете со Мене будни? Бидете будни и молете се, за да не паднете во искушение: духот е бодар, но телото е слабо.”Отиде пак, повторно, и се помоли, говорејќи: „Оче Мој, ако не може да одмине од Мене оваа чаша, да не ја испијам, тогаш нека биде волјата Твоја!” И кога дојде, пак ги најде да спијат, оти очите им беа натежнале. И кога ги остави, отиде и се помоли по третпат, изговарајќи ги истите зборови.“ (Евангелие по Марко; 26:38-44)
Милостината во евангелијата е спомната на неколку места, но таа треба да е дадена соодветно според можноста на човекот:
„Но, давајте милостина според своите сили, тогаш се во вас ќе биде чисто. Но тешко вам, фарисеи, оти давате десеток од нане и рута, и од секаков зелен, а преминувате преку судот и љубовта Божја; ова требаше да го правите, но и она да не го оставате.“ (Евангелие по Лука; 11:42)
[4.1]Иметокот се чисти со давање дел од богаството на оние кои немаат, да им се помогне на жените кои се сами, за ослободување на робовите (во тоа в реме), да се помогне на роднините и останати добри дела.
留言