55:17. Господарот на два истока и два запада –55:18. па, која благодат на Господарот свој ја порекнувате?!
Погледнете ја оваа, сега веќе научна вистина .
Користејќи го вселенскиот телескоп Спицер на НАСА, група астрономи дошле до заклучок дека планетарните системи – дискови од астериоди, комети и можни планети – вообичаено ги има во изобилство во системите со ѕвезди-близначки, споредено со тие со само една ѕвезда, како што е нашиот систем. Бидејќи повеќе од половина од сите ѕвезди се двојни, т.е. бинарни, резултатите навестуваат дека Унивезумот е исполнет со планети кои имаат две ѕвезди. Двојното зајдисонце, кое Лук Скајвокер го гледа во филмот „Војна на ѕвездите“, можеби и не е само фантазија.
Зајдисонцата на некои од овие светови може да личат на тие од планетата на Лук Скајвокер, Татуин, каде две зажарени топки потонуваат под хоризонтот, една по друга. Новите резултати ќе им помагнат на астробиолозите во понатамошното разбирање на потенцијалната респределба на планетите во Универзумот.
„Изгледа дека нема предрасуди за формирање на планетарни системи во бинарни системи“, вели Дејвид Трилинг (David Trilling) од Универзитетот во Аризона. „Може да има безброј планети со две или повеќе сонца.“ Порано астрономите знаеја дека планети може да се формираат во исклучително широки бинарни системи, во кои ѕвездите се 1 000 пати поодалечени од растојанието помеѓу Земјата и Сонцето, или на 1 000 астрономски единици. Од повеќе од 200 планети, откриени досега надвор од нашиот Сончев систем, околу 50 орбитираат околу еден член од широк ѕвезден пар.
Новото проучување со вселенскиот телескоп Спицер се фокусира на бинарните ѕвезди со разделни далечини помеѓу 0 и 500 астрономски единици. Досега не се знаеше дали близината на ѕвездите влијае на настанувањето на планетите. Стандарните техники за наоѓање на планети вообичаено не се применуваа кај овие ѕвезди. Но, во 2005 година астрономот Мачии Конацки (Maciej Konacki) од Калифорнискиот институт за технологија, пронајде доказ за кандидат за планета во систем со повеќе ѕвезди.
Трилинг и неговите колеги ги користеле инфрацрвените „очи“ на Спицер за откривање не на планети, туку на дискови од прашина во системи со двојни ѕвезди. Таканаречените „дискови од отпадоци“ се составени од астероидни остатоци на карпи, кои никогаш не успеале да се спојат во карпестите планети. Нивното присуство покажува дека се случил процес на создавање на планети околу ѕвезда или ѕвезди, а кој на крајот можел да резултира во целосни зрели планети. Бинарните системи и системите со повеќе ѕвезди во нашата галаксија се околу двапати почести отколку системите со една ѕвезда, а според тоа теориски ист е случајот и со другите галаксии. Во типичен бинарен систем, две ѕвезди со приближно слични маси орбитираат една околу друга. Набљудувањата од вселенскиот телескоп Спицер откриваат дека зрели планетарни системи се многу почести околу бинарни ѕвезди, отколку во однос на поединечни ѕвезди, како нашето Сонце. Ова значи дека зајдисонцата, како што е овој уметнички приказ и тој во филмот „Војна на ѕвездите“ може да бидат вообичаена појава во Универзумот.
Во најдеталната анализа од овој вид, тимот барал дискови во 69 бинарни системи, кои се оддалечени од Земјата помеѓу 50 и 200 светлински години. Сите ѕвезди се нешто помлади и помасивни отколу нашето средовечно Сонце. Податоците покажуваат дека 40% од системите имаат дискови околу нив, што е нешто повисоко од фреквенцијата во споредлив примерок на единечни ѕвезди. Ова значи дека планетарните системи се скоро поприсутни околу бинарни ѕвезди, отколку што се околу поединечни ѕвезди.
Астрономите, исто така, биле шокирани кога виделе дека дисковите се дури и почести (околу 60%) околу збиените бинарни ѕвезди, набљудувани при анализата. Во ваквите системи, ѕвездите се на растојание помеѓу 0 и 3 астрономски единици. Спицер открил и дискови кои орбитираат околу двата члена на ѕвездениот пар, а не само околу еден од членовите. Ако многу блиските ѕвездени системи, како овие, имаат планети, ќе имаат и зајдисонца како на Татуин.
„Ние сме изненадени што откривме дека збиена група има повеќе дискови,“ вели Трилинг. „Ова значи дека формирањето на планети е поверојатно околу збиени бинарни ѕвезди, отколку околу поединечни ѕвезди. Но, ова исто може да значи и дека збиените бинарни ѕвезди имаат само повеќе прав околу себе. Идните набљудувања ќе дадат подобар одговор.“ Набљудувањата од телескопот Спицер на НАСА покажуваат дека дисковите од остатоци, кои се показатели на зрели планетарни системи, се почести околу позбиените и проретчените бинарни ѕвезди. Спицер открил повеќе вакви дискови околу бинарни ѕвезди кои меѓусебно се оддалечени од 0 до 3 астрономски единици (горе на сликата) и од 50 до 500 астрономски единици (долу на сликата), во однос на бинарни ѕвезди со меѓусебна оддалеченост од 3 до 50 астрономски единици (во средината). (Астрономска единица е средното просечно растојание помеѓу планетата Земја и Сонцето, што изнесува околу 150 милиони километри.)
Податоците од Спицер откриваат дека не сите бинарни системи се пријателски места за формирање на планети. Телескопот открил многу помалку дискови од прашина околу бинарни системи кои меѓусебно се оддалечени од 3 до 50 астрономски единици. Ова значи дека ѕвездите треба да бидат или многу блиску една до друга, или доволно оддалечени, за да се појават планети.
„Бинарните системи порано беа многу игнорирани“, вели Трилинг. „Тие се многу отешки за проучување, но можеби се највообичаените места за формирање на планети во нашата галаксија.“
Оваа веќе сега научна вистина изразена преку Куранските ајети ја забележал и реномираниот исламски учењак Зиндани.
55:17. Господарот на два истока и два запада –55:18. па, која благодат на Господарот свој ја порекнувате?!
Преземено од „Астрономија“
Comments