top of page
Writer's pictureinfoislam

Дали Аллах ќе ги награди добрите дела на неверниците?

Сура 9:17 и 9:69 јасно велат не. Меѓутоа, С. 99:7, имплицира да. Освен тоа, С. 2:62 им ветува на христијаните награда за нивните добри дела. Но, С. 9:28-33; 5:17, 72-73 ги нарекува христијаните идолопоклоници, а С. 9:17 е многу јасно дека идолопоклониците нема да имаат награда?

Освен оваа општа изјава во С. 99:7, Куранот, исто така, им дава на Евреите и на христијаните експлицитно ветување за награда за нивните добри дела:

Навистина! Оние кои веруваат и оние кои се Евреи и христијани и Сабијците, кои веруваат во Аллах и во Судниот Ден и кои прават добри дела, ќе имаат награда кај Господарот свој, за нив нема да има страв, ниту тагување. Сура. 2:62

Овој пасус ветува дека за нив „Нема страв“ и „ниту ќе тагуваат“ може да значат само дека ќе одат во рајот, а не во пеколот, што е дури и повеќе од одредена награда за некои добри дела.

Ибн Абас кога ги толкува овие ајети укажува дека Аллах не прифаќа никакво дело или работа од никого, освен ако тоа е во согласност со Аллаховиот Закон преку Пратеникот Мухаммед а.с. . Пред него, секој што го следел водството на својот Пратеник бил на правиот пат, следејќи го правилното водство и бил спасен во времето во кое го воспоставил. (Тефсир на Ибн Кесир, Коментар на Сура 2:62)

Верата на Евреите била прифатена кај оние кои се држеле до учењето на Тората и праксата на Мојсеј додека не дошол Исус. Кога Исус дошол оние кои се држеле до учењето на Тората и ја следеле праксата на Мојсеј и ако не го оставиле него и неговото учење и не го следеле Исус, тогаш биле во грешка. А верата на христијаните се оние кои се држеле до учењето на Евангелието и шеријатот на Исус и биле верници прифатливи од Бог додека не дојде пратеникот Мухамед (с.а.в.с.). Така што оние кои не го следат Мухамед (с.а.в.с.) и тие го следат од учењето на Исус и Евангелието и тоа што го практикуваат не е правилно. (Тефсир Ибн Кесир, Коментар на Сура 2:62)

Значи, Сура 2:62 зборува за оние ВИСТИНСКИ Христијани и Евреи кои се држеле до ВИСТИНСКИТЕ учења на претходните Пророци или Пратеници и до вистинските неизменети откровенија на Бог.

Со тоа не постои контрадикција во наведените ајети и христијаните и евреите кои нема да ја следат вистината и јасниот патоказ кој им дошол нема да влезат во Рајот. Оние христијани и евреи кои ќе поверуваат во пораката на Исламот и она со што дошол Мухаммед а.с., тие ќе бидат спасени и тие ја добиваат ветената награда и ќе бидат од оние кои нема да има страв, ниту тагување.

Пример за ова е Варака ибн Навфал кој бил роднина на родителите на Хатиџа, првата сопруга на пратеникот Мухаммед и бил син на Мухаммедовиот прадедо, Хашим ибн Абд Менаф, полубрат на Навфал ибн Абдул Менаф. Варака бил христијански евионитски свештеник и е почитуван во исламската традиција како еден од првите монотеисти кои поверувале во пратеништвото на Мухаммед.

Според исламските извори, Варака бил свештеник кој живеел во Мека и бил еден од оние коишто направиле детално проучување на Евангелието и Стариот Завет. Варака бил еден од верниците во времето на незнаење (ехлул фетра), што значи дека тој бил верник и пред пратеништвото на Мухаммед. Ова укажува дека евионитите имале вистинско верување во Аллах, и дека нивното верување во врска со Исус било примено кај Бог. Варака често размислувал и одел да се моли покрај Ќаба и ги читал библиските текстови на оригиналниот јазик. Тогаш Варака, со уште еден член на неговото племе, го видел Мухаммед како мало дете и веднаш го вратил кај Абдул Муталиб (дедото на Пратеникот), што се толкува како предзнак за неговото знаење за пратеништвото на Мухаммед. Кога му стигнала првата објава Мухаммед, а.с, бил сам во пештерата Хира (место каде често одел да размислува за животот и Бог) кога го му се појавил Архангел Гавриил (Џибрил) тој се уплашил и возбудил, а кога дошол дома сопругата Хатиџа била покрај него. Преданието од Ајша, р.а, говори: „Хатиџа потоа го придружуваше нејзиниот братучед Варака бин Навфал бин Асад, кој во предисламскиот период бил христијанин и го познавал хебрејското писмо. Тој ќе пишуваше од Евангелието на еврејски колку што Бог посакал да пишува. Тој беше еден стар човек и го беше изгубил видот. Кога му било пренесено за првото откровение на Мухаммед, тој го препознал. Хатиџа му кажала на Варака: „Слушни ја приказната за твојот внук, о мој роднина!“, Варака запрашал „О мој внучко! Што си видел?“ Божјиот пратеник го опишал она што го видел и го слушнал.

Варака рекол: „Тоа бил Архангелот (Jibra-eel – Гаврил) кој Бог го испратил на Мојсеја.“ Варака го препознал неговиот повик за пратеништво како веродостоен, а исламската традиција раскажува за Варака дека рекол: „Се колнам во Оној во чиишто раце е мојот живот, ти си Пратеник на овој Уммет! Тебе ти дошол Божјиот повереник кој што му доаѓал и на Муса.“ Посакувам да сум млад и да можам да поживеам до времето кога луѓето ќе те прогонат. „Божјиот пратеник запрашал: „Дали тие ќе ме протераат?“ Варака одговорил потврдно и кажал: „Секој човек кој дошол со нешто слично со она што ти го носиш бил третиран со непријателство, и ако е пишано да останам жив до денот до кога ќе бидеш отфрлен, тогаш јас силно би те поддржал.“

Но, по неколку дена, Варака починал, а Божествената Објава престанала да доаѓа одредено време. Варака по доаѓањето на Мухаммедовото пратеништво, препознавајќи го од старите ракописи, на тој посебен начин го прифаќа исламот а во подоцнежните записи, е вброен меѓу следбениците на Мухаммед. Мухаммед во една прилика за Варака кажал: „Не клеветете го Варака ибн Навфал зашто видов дека тој ќе има една или две градини во Рајот.“(Сахих ел Џами-Сагир, 6/1534, бр. 7197)

На таквите и сличните на Варака им следува рајот и рајските градини и тие нема да бидат од оние кои ја одбиле пораката на Вистината.

0 views0 comments

Comments


bottom of page