top of page
Writer's pictureinfoislam

Дали Аллах ќе прости секому за се?

Дали Аллах ќе прости секому за се?

Да, Аллах ќе им прости на оние кои бараат прошка.

4:110

Оној кој сработи зло или кој себеси си наштети, потоа побара прошка од Аллах – ќе го најде Аллаха Простувач и Сомилосен!

39:53

Кажи: „О робови мои, вие, кои ги занемаривте душите ваши, не губете надеж во милоста Аллахова. Аллах, навистина, ги простува сите гревови. Он, секако, е Простувач и Сомилосен!

Не, нема да прости!:

4:48

Аллах, навистина, нема да прости да Му се здружува здруженик, а се, освен ова, простува кому сака. А оној кој Му здружува на Аллах здруженик, тој, лажејќи, прави голем грев.

4:116

Аллах, навистина, нема да прости да му се припише здруженик, а ќе прости, кому сака, се друго освен тоа… Оној кој му припишува здруженик на Аллах веќе паднал во пропаст голема.

4:137

На оние кои веруваат а потоа не веруваат па потоа веруваат, па потоа не веруваат и потоа го зголемуваат неверувањето… Аллах никогаш не ќе им прости и не ќе ги упати по патот.

4:168

Оние, навистина, кои не веруваа и кои зулум правеа… ним Аллах не им прости и не им го покажа патот,

9:80

Ќе бараш ли прошка за нив или нема да бараш, па дури и да бараш прошка за нив и седумдесет пати па, Аллах, никогаш не ќе им прости. Ете, тоа е заради неверувањето нивно во Аллах и во пејгамберот Негов. Аллах не го упатува народот расипнички!

47:34

Да, оние кои не веруваат и кои одвраќаат од Аллаховиот пат а потоа ќе умрат, и уште се неверници… Аллах никогаш нема да им прости.

63: 5-6

А кога ќе им се рече: „Дојдете! Аллаховиот пратеник ќе бара прошка за вас!“ – ги тресат главите свои и ги гледаш како се оддалечуваат. Токму се горделивите! Сеедно е: да бараш или да не бараш прошка за нив – Аллах не ќе им прости. Аллах, навситина, не го упатува народот расипнички!

Во суштина Аллах простува сè додека личноста ја бара прошката и тоа го прави пред моментот на смртта. Стиховите кои зборуваат за луѓе кои умреле без да бараат прошка за такви гревови како што се припишување партнер на Бога се песимистичен крај на нивното неверување и казната која ги очекува бидејќи не се покајале. Исто така, оние кои не бараат прошка од Бога, дури и ако самиот пратеник Мухамед се молел за прошка за нивните гревови, Бог нема да го прифати тоа. Небарањето прошка и непосакувањето да се биде во Божје задоволство и негов опрост се работи кои можат да воведат во вечен оган и казна.

0 views0 comments

Comments


bottom of page