Новиот Завет: Не одмаздувајте се возљубени, за себе, туку дајте му место на Божјиот гнев. Оти е напишано: Одмаздата е Моја, Јас ќе отплатувам – вели Господ (Рим. 12, 19). Куран: “ О, верници, вам ви се пропишува одмазда за убиените“ (2:178).
Одговор: Многу од ајетите на Куранот повикуваат на простување на сомилост: Ние во него(Тората) им пропишавме: глава за глава, и око за око, и нос за нос, и уво за уво, и заб за заб, а и раните треба да се возвратат. А тој што ќе се откаже од одмаздата, тоа ќе му биде искупување од гревовите. Тие што не судат според тоа што Аллах го објавил се вистински насилници!(Ел Маида, 45) А кој ќе се стрпи и ќе прости – тоа навистина спаѓа во вистинските постапки.(Еш Шура, 43) и многу други. Одмаздата не ја изведува поединец туку држава и тоа е детално објаснето од страна на исламските правници. “Во одмаздата ви е – опстанокот…” имаме лесен стил со многубројни значенија. Во него има голема литературна вредност, а истовремено содржи спротивност (симетрија) помеѓу две спротивни значења: „одмазда и опстанок”, како и невообичаеност во прикажувањето на убиството (одмаздата) кое причинува минливост на животот со негова заштита. Овие зборови, во обид на укинување на убивањето, се поделотворни од сите поранешни познати изјави на Арапите, бидејќи тоа значение го изразувале на следниот начин: „Одмаздата кон групата значи опстанок за сите”, “намножете ја одмаздата за да исчезне убивањето”,„убивањето е негација на убивањето”. Овој последниот нивен говор е доста содржаен и убав. Меѓутоа, кур’анските зборови: “Во одмаздата ви е опстанокот…” се стилски по впечатливи од него во следното: 1.Зборовите на Возвишениот:”Во одмаздата ви е опстанокот …” се по концизни од било кој нивен говор.
2.Нивните зборови: “убивањето е негација на убивањето”, побарува, да постоењето на нешто биде причина за неговото исчезнување, што не е во случајот со Кур’анот, бидејќи според него само еден вид (кисас) убивање е причина за нивен опстанок.
3.Во нивните зборови: “убивањето е негација на убивањето”, постои повторување на зборот “убивање”, што не е и случај со Чесниот Кур’ан.
4.Нивните зборови само го спречуваат убивањето, додека зборовите на Куранот покрај спречувањето на убивањето во себе содржат и нагација на убивањето. Зборот “кисас” ги обединува двете значења.
5.Нивните зборови укажуваат на бараното, т.е. на „животот” кој е само последица на нешто, односно негацијата на животот ја прави потребна во основ, а животот само негова последица. Чесниот Кур’ан става акцент на она што е во основа барано, односно, неубивањето е последица од која произлегува опстанокот во живот, што сепак, во основа тоа и се бара.
6.И неправедното убивање е убивање, иако тоа не е негација на убивањето и не изискува да биде убиен само убиецот, за разлика од Чесниот Куран кој недозволува неправедно убивање и го укинува убивањето со барање да се убие со кисас само убиецот. Нивниот говор, според тоа, е испразнет, а говорот на Чесниот Куран е во секој поглед исправен.
Од друга страна Старозаветните закони не беа укинати од Исус и не се контраст на тоа што постои. Исус не ги укинал законите кои важеле во Стариот Завет и тоа укажува на важноста на тие закони.„Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам. Зашто, вистина, ви велам дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни сè. И така, оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се нарече во царството небесно; а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно.“ (Евангелие според Матеј 5:17-19) Се верува дека Библијата дава апсолутна верска слобода за сите. Повеќето христијани во САД и на Запад сметаат дека слободата на изборот и слободата на говорот оригинално доаѓа од Библијата. Да видиме колку навистина е точен овој мит.
Во Стариот Завет :
Ајде да погледнеме прво во Стариот завет (Второзаконие – Петта Книга Мојсеева) 13:6-9
„Кога твојот брат, синот на мајка ти, или твојот сопствен син, твојата ќерка, жената во твојата прегратка, или твојот пријател кој ти е како и животот, би те заведувал потајно, велејќи: ‘Ајде да им служиме на други богови,’ кои не ги познаваш ни ти ниту ги познаваа твоите татковци, на боговите на оние народи што ќе бидат околу вас, било близу до тебе, било далеку од тебе, од едниот до другиот крај на земјата,немој да се согласиш ниту го слушај! Твоето око нека не го сожалува; не штеди го и не сокривај го, но уби го! Твојата рака нека се дигне прва за да го умртвиш, а потоа раката на целиот народ.
Исто така ајде да погледнеме во Стариот завет (Второзаконие – Петта Книга Мојсеева) 17:3-5 „па отиде да им служи на други богови и им се поклони ним, на сонцето, на месечината, или на што и да е од небеското воинство, а што сум го забранил јас,и ти се јави тебе за тоа и ти го чу тоа, тогаш испитај внимателно; и ако биде вистина, и навистина била направена таа грозотија во Израел, тогаш тој човек, или таа жена, кои направија такво зло, изведи ги пред градската врата па каменувај ги за да загинат.“
На крај го издвојуваме следново поглавје од Стариот Завет: Втора Книга Летописи 15:13
„А секој што не би Го барал Господа, Израелевиот Бог, да биде погубен, било мал или голем, маж или жена.“
Да видиме што рекол Исус во Новиот Завет :
Евангелие според Матеј :
Матеј 15:1-9: „Тогаш фарисеите и книжниците, од Ерусалим, Му пристапија на Исуса и рекоа: „Зошто Твоите ученици го престапуваат преданието на старите? Бидејќи не си ги мијат рацете, кога јадат леб.”А Тој во одговор им рече: „Зошто и вие ја престапувате Божјата заповед, заради вашето предание? Зашто Бог рекол: ‘Почитувај ги татка си и мајка си,’ и ‘Кој го злоречува татка си или мајка си, со смрт нека умре;’ а вие велите: кој ќе му рече на татка си, или на мајка си: ‘Она со што би можел да се ползуваш од мене, Му е подарено на Бога, тој не треба да дава на татка си или мајка си;’ и така го укинавте Божјиот збор заради вашето предание. Лицемери! Добро Исаија пророкуваше за вас, велејќи: ’Овој народ Ме почитува со усните, а нивното срце е далеку од Мене. Но напразно Ми се поклонуваат, учејќи науки, што се човечки заповеди.’”
Постојат неколку поенти кои треба да се прегледаат тука:
1 – Во стихот 3 се гледа дека Исус ги укоричува фарисеите за кршење на наредбите на Семоќниот Бог.
2 – Во стихот 4, тој ја користи казната на проколнување на родителите како пример. Овој контекст, сепак, не е ограничен на само овој пример!
3 – Во стиховите 7, 8 и 9, тој користи еден цитат од книгата на Исаија од Стариот Завет, за понатаму да докаже дека тие не ги следат наредбите на Семоќниот Бог.
4 – Јасно беше дека Исус имал проблем со нив, не следејќи ги казните за смрт за проколнување родители или било која казна на смрт која е наредена во Стариот Завет за ова прашање! Всушност, самиот Исус рече:
Матеј 23:1-3 Тогаш Исус му рече на народот и на Своите ученици; говорејќи: „На Мојсеевото седиште седнаа книжниците и фарисеите, затоа сè што ќе ви речат – правете и пазете – но не постапувајте според нивните дела, зашто зборуваат, а не извршуваат!
Comments