top of page
Writer's pictureinfoislam

Дали е најавена промената на верското водство?

По одбивањето на последниот еврејски пратеник, Исус, од страна на луѓето, настапило времето за исполнување на Божјото ветување, од Исмаил да биде „голема нација“. „А и од синот на робинката ке издигнам голем народ, зашто тој е семе твое.“ (Битие, 21:13-18) Пророштвото на пратеникот Мухаммед за покорување на Мека е добро познат, историски документиран факт, каде стои дека во 630 година (од н.е.), Мухаммед влегол во Мека како водач на армија на „десет илјади верници”. Тоа е еден од знаците на пророкот кој ќе дојде од Фаран (Мека) со „десет илјади светци (светии)” (Повторени закони, 33:2).

„А Бог беше со детето, и тоа порасна, и заживеа во пустината, и стана стрелец со лак. Тоа живееше во пустината Фаран. (Битие, 21:21-22) Со ова се укажува дека потеклото на Мухаммед е преку Исмаил. „Пејте Му на Господа нова песна, похвална за Него од земните краишта, вие што пловите по море, и се, што го полни, островите и оние што живеат на нив. Нека издигне глас пустината и нејзините градови, населбите, каде што живее Кидар; нека ликуваат оние што живеат во карпи, нека воскликнуваат од врвовите горски.“ (Исаија, 42:10-11)

„А и од синот на робинката ќе издигнам голем народ, зашто тој е семе твое.“ И Авраам стана утредента рано, зеде леб и мев со вода, и ѝ даде на Агара, ставајќи ѝ го тоа на грб, и детето, па ја отпушти. И таа тргна и се заскита по пустињата Вирсавија. А кога снема вода во мевот, таа го остави детето под еден даб, а самата отиде далеку, колку што со стрела може да се дофрли, и седна спроти него; зашто велеше: <Не можам да ја гледам смртта на моето дете.» И седејќи спроти него од далеку, кога го чу гласот на детето, почна гласно да плаче. Но Бог го чу гласот на детето од местото каде што беше и ангел Божји и викна на Агара од небото и ѝ рече: “Што ти е, Агаро? Не плаши се, бидејки Господ го чу гласот на детето оттаму, каде што е. Стани, крени го детето и фати го за рака; оти од него ке направам голем народ.”И Бог и ги отвори очите, и таа виде извор на жива вода; и отиде, па го наполни мевот со вода, и го напои детето.“ (Битие, 21:13-19)

Агара била кај изворот Зем Зем (денешна Мека, која тогаш била ненаселена пустина), со нејзиниот син Исмаил.

Навистина, тоа е бројот на верници кои го придружуваа пратеникот Мухаммед во Фаран (Мека) во неговото победничко, без крвопролевање, враќање во неговото родно место за да ги уништи преостанатите симболи на идолопоклонство во Ќаба. Дали е можно овие бројни пророштва цитирани овде да се случајни и да се комбинација на толкувања надвор од контекст?! Како тогаш овие стихови се вклопуваат заедно и постојано јасно укажуваат на доаѓањето на човекот кој го сменил текот на историјата на човештвото, пратеникот Мухаммед (Божји мир над него). Дали е разумно да се заклучи дека сите овие пророштва, појавувајќи се низ разни книги на Библијата кои доаѓаат од страна на разни пророци во различни времиња биле случајни? Ако е така, еве уште една таква “случајност”! Во Матеј, 21:19-21,640 Исус говори за неплодната смоква (библиски симбол за пророчки наследства) да биде ослободена, откако била дадена последна шанса од три години (времетраењето на проповедањето на Исус) да даде плод. Во понатамошниот стих во истото поглавје, Исус вели: „Затоа, ви велам, Царството Божјо ќе биде одземено од вас, и дадено на нација која раѓа плодови“ (Матеј, 21:43). Тој народ се потомците на Исмаил (отфрлениот камен во Матеј, 21:42), кој бил победнички против сите супер сили од тоа време откако прорече Исус: “И секој, кој ќе падне врз тој камен ќе биде скршен, но на кого ќе падне, тоа него ќе го сомеле до прав“ (Матеј, 21:44). Овие и други пророштва укажуваат дека доаѓањето на Мухаммед, мир над него, е најавено во Библијата, во книга која самите христијаните веруваат дека има многу пророштва, па би било чудно и скудно да нема напишано ништо за човек кој го сменил светот во толкава мера што денес над 1.5 милијарди луѓе го следат и се молат на начин на кој и Исус се молел.

И тој рече: „Господ дојде од Синај, ни се јави нам во Сир, се покажа од планината Фаран и пристигна со десетици иљади светии; а од десната страна со Него беа ангели.“ 640 И кога виде смоква крај патот, отиде до неа, но не најде ништо на неа, освен лисјата, и и рече: “Отсега да немаш плод довека!” И смоквата веднаш се исуши. А кога учениците го видоа тоа, се зачудија и рекоа: “Како се исуши смоквата веднаш?” Исус одговори, велејќи: “Bистина ви велам, ако имате вера и не се посомневате, ќе го правите не само тоа што и се случи на смоквата, туку ако и речете на оваа гора: ‘Дигни се оттука и фрли се во морето!’ ќе стане така (Матеј, 21:19-21

0 views0 comments

Comments


bottom of page