– Сè што е на Земјата Аллах за вас го создаде; потоа Својата одлука кон Небото ја насочи и како седум небеса го уреди. Тој знае сè! (2:29)
Коментаторите на Куранот се разидуваат во поглед на создавањето, т.е. дали прво е создадена Земјата или небото, пред сè затоа што зборот „тумме“ на некои места се користи со значење „потоа“, а некаде се толкува како „истовремено“, а и двете значења се исправни.Доказите дека Аллах прво го создал небото а потоа Земјата се зборовите на Возвишениот:
– „А што е потешко вас или Небото да го создадеме? Тој свод негов високо го дигнал и усовршил, ноќите темни , а зорите светли ги сторил. Потоа Земјата ја распрострил, од неа вода и пасишта извел и брдата ги зацврстил“ (79/27-32)
Тоа значи дека зборот „уредување“ се толкува со зборовите на Возвишениот: „После тоа Земјата ја распростри, од неа вода и пасишта изведе и брдата ги зацврсти“ така што овде се однесува на водата која се наоѓа во Земја и која е веќе создадена, поради што разно никнало зеленило и растенија. Новите истражувања укажуваат дека за услови за живот потребно е планетата да има и тектонски плочи, како Земјата. Покрај течната вода, научниците сметаат дека потребни се и тектонски движења, за да се извлечат дополнителни количества јаглерод диоксид од атмосферата и да се складира во карпите, со цел да се спречи глобално загревање.
Во едниот цитат од двата кои што пред малку ги цитиравме се спомнати сиздавањето на небото и Земјата (поглавје 7, цитат 54), а на друго место – создавањето на Земјата и на небото (поглавје 41,цитати 9-12). Значи, изгледа дека Куранот не го определува редоследот во создавањето на небото и на Земјата.
Постои мал број курански ајети во кои Земјата е спомната прва, како во поглавје 2, цитат 29 и во поглавје 20, цитат 4, каде се алудира на “Оној кој ги создаде Земјата и небото”. Постојат, напротив, многу побројни цитати во кои небото е спомнато пред Земјата (поглавје 7, цитат54; поглавје 10, цитат 3; поглавје 11, цитат 7; поглавје 25, цитат 59; поглавје 32, цитат 4; поглавје 50, цитат 38; поглавје 57, цитат 4; поглавје 79, цитат 27 до 33; поглавје 91, цитат 5 до 10).
Навистина, ако се остави настрана поглавјето 79, ниеден пасус од Куранот формално не ја прецизира редоследноста; едноставно се работи за сврзник за координација кој има значење „и” на и на македонски –кој поврзува два члена, или се работи за веќе забележаниот збор „тумме“ кој во горенаведениот фрагмент може да означува едноставна замена на местата или замена на редоследот. Поглавје 2, цитат 29:
– „Сè што е на земјата Алах за вас го создаде; потоа Својата одлука кон небото ја управи и таму седум небеса создаде. Тој знае сè!”
–Поглавје 23, цитат 17:
– „Над вас Ние веќе создадовме седум небеса и постојано врз она што сме го создале бдееме”.
– Поглавје 67, цитат 3:
– „Кој создаде седум небеса, едни на други. Во создавањето на Милостивиот не гледаш никаков недостаток: па, сврти го погледот: ќе видиш ли некаков недостаток?”
– Поглавје 71, цитат 15-16:
– „Не гледаш ли како Алах создаде седум небеса, едни над други? Меѓу нив Месечината Тој ја одреди да биде светлина, а Сонцето да биде светилка”.
Светилката која свети овде е Сонцето.
За овие цитати куранските коментатори се согласуваат: бројот 7 означува квантитет без какво било прецизирање.
Небесата, значи, се многукратни, а исто така и земјите, и ова е тоа на што најмалку му се чуди модерниот читател на Куранот: во еден текст од оваа епоха да наиде на објавен факт дека во вселената можат да се најдат земји како што е нашата, што луѓето од нашето време уште не го верифицирале.
Comments