top of page
Writer's pictureinfoislam

Дали еден од синовите на Ное (Нух а.с.) се удавил во потопот?

Според едното толкување е да, според другото е не.

Да !

11:42-43 И бродот ги понесе низ брановите како брда, и Нух го повика синот свој, кој беше останал подалеку: „О сине мој, качи се во бродов со нас и немој да бидеш со неверниците!“ А син му рече: „Ќе се искачам на брдото кое ќе ме заштити од водата.“ А Нух рече: „Денес нема никој да се заштити од наредбата Аллахова, освен оној кому Он ќе му се смислува.“ И меѓу нив се испречи бранот и син му беше меѓу потопените!

Не!

21:76 А на Нух, кога порано повика, му се оѕвавме: Ние го избавивме него и семејството негово од несреќата голема;

37:75-77 И Нух, секако, Не повика и, како убаво му се оѕвавме! И Ние го избавивме него и семејството негово од маката голема,и Ние решивме потомството негово да му продолжи да живее;

Да, еден од неговите синови се удави во поплавата, но тој не се смета за негов син во очите на Аллах. Следниве стихови зборуваат за тоа што Ное го рекол откако неговиот син се удавил:

11:45 И го повика Нух Господарот свој, и рече: „Господаре мој, синот мој, навистина, е чедо мое, а ветувањето Твое, секако, е вистинско и Ти си меѓу судиите Најдобриот!“

11:46 Аллах рече: „О Нух, тој, стварно, не е од семејството твое: тој е непоправлив. Па, не моли Ме за оној за кого не знаеш. Јас, навистина, те советувам да не бидеш меѓу незнајковците!“

11:47 Нух рече: „Да, Господаре мој, јас тебе ти се приклонувам: никогаш нема да Те молам за она што не го знам. И доколку не ми простиш и не ми се смилуваш, ќе бидам, секако, меѓу поразените!“

Со тоа е јасно ставен редоследот на таканаречената контрадикција која всушност го укажува спротивното.

0 views0 comments

Comments


bottom of page