top of page
Writer's pictureinfoislam

Дали Иблис е џин или ангел?

Иблис е ангел:

2:34

И кога на мелеците Јас им реков „Паднете му на сеџда на Адем!“ – сите паднаа на сеџда, а Иблис тоа не го направи; тој одби, беше меѓу неверниците!

7:11

И, секако, Јас ве создадов; ви дадов изглед, потоа им реков на мелеците: „Паднете му на сеџда на Адем!“ – Сите паднаа на сеџда, а Иблис не беше меѓу оние кои паднаа на сеџда.

15:28-31

И кога Господарот твој им рече на мелеците: „Јас сум, навистина, Создател на човекот од глина што се меси, од кал што се тегне, и кога ќе го обликувам и кога во него ќе вдахнам од духот, творот Мој… па, паднете му на сеџда!“ И тогаш сите мелеци паднаа на сеџда, заедно! Освен Иблис кој одби да биде меѓу оние кои паднаа на сеџда.

20:116

И кога Ние им рековме на мелеките: „Паднете му на сеџде на Адем и, ете, сите паднаа на сеџда, освен Иблис.

38:71-74

И кога им рече Господарот твој на мелеците: „Јас сум Створител на човекот. Го создадов од глина. Јас ве создаов од оган, а него од кал. Па, кога ќе му дадам изглед и ќе му вдахнам дел од духот, паднете ми на сеџда!И сите мелеци паднаа на сеџда, сите до еден.А Иблис тоа не го направи: беше меѓу неверниците.

Иблис е џин:

7:12

Аллах рече: „Што те спречи па да не паднеш на сеџда кога веќе ти наредив?“ Иблис рече: „Јас сум подобар од него. Мене ме создаде од оган а него го создаде од глина.“

18:50

И кога Ние им рековме на мелеците: „Паднете му на сеџда на Адем!“ Сите паднаа на сеџда, освен Иблис. Тој беше меѓу џиновите па ја оскверни заповедата од Господарот свој. Ќе ги земате ли, тогаш, него и потомството негово за заштитници покрај мене? Тие се ваши непријатели. Е, само колку е лоша таа замена за зулумќарите!

38:76

Иблис рече: „Јас сум подобар од него: мене ме создаде од оган, а него го создаде од глина.“

Во арапската граматика постои правило познато како Таглиб, според кое, ако се адресира мнозинството, се вклучува дури и малцинството. Ако на пример, се обратам на одделение кое содржи 100 ученици од кои 99 се момчиња и едно девојче, и ако кажам на арапски дека момчињата треба да станат, тоа го вклучува и девојчето. Не треба да ја спомнувам посебно.

Слично во Куранот, кога Аллах им се обратил на ангелите, дури и Иблис бил присутен, но не се бара тој да се споменува одделно. Затоа според таа реченица Иблис може да е ангел или не може да биде ангел, но од сура Ал Кахф поглавје 18, стих 50 дознаваме дека Иблис бил Џин. Нема место каде во Куранот се вели дека Иблис бил ангел.

0 views0 comments

Comments


bottom of page