top of page
Writer's pictureinfoislam

Дали Исламот го промовира насилството?

Куранот според некои луѓе на неколку места повикува на насилство. Исламот со тоа промовира насилно однесување! Неколку курански ајети често се погрешно толкувани во контекст на митот за исламот како религија која следбениците ги повикува во насилство и убивање на сите кои не припаѓаат во неа.

Следниот ајет од сурето Ет-Теуба е мноу често цитиран во контекст на критикување во исламот, со цел за докажување дека исламот повикува во насилство, убивање и крвопролевање:

… убивајте ги многубошците каде и да ги најдете. ( Ет- Теуба, 5)

Непријателите на исламот овој ајет го цитираат надвор од контекстот.. За да го разбереме контекстот, мораме да почнеме од првиот ајет на споменатата сура. На почетокот се зборува за договорот помеѓу муслиманите и меканските мушрици(пагани). Мушриците тој договор го прекршиле. После тоа им е даден рок од четири месеци да се поправат и повлечат. Во спротивно, ќе им биде објавена војна.

Петтиот ајет од сурата Ет- Теуба вели:

„Кога ќе поминат светите месеци, тогаш убивајте ги многубошците каде и да ги најдете, заробувајте ги, опсадете ги и на секој премин дочекувајте ги! Па ако се покајат и почнат намазот (молитвата) да го извршуваат и зекат да даваат, оставете ги на мира, бидејќи Аллах навистина простува и Милостив е.“( Ет- Теуба, 5)

Овој ајет е цитиран за време на битката.

На сите им е познато дека Америка била во војна со Виетнам.

Претпоставуваме дека претседателот на Америка или главниот командант на вооружените сили непосредно пред војната на своите војници им рекол: „ Каде и да ги најдете Виетнамците убијте ги!” меѓутоа ако јас денес речам дека американскиот претседател рекол: „Каде и да ги најдете Виетнамците убијте ги“, и ако не го наведам контекстот на таа изјава, тоа би изгледало како да го опишувам како крволочен. Но, ако на таа изјава го наведам нејзиниот контекст, таа ќе изгледа сосема логично, бидејќи претседателот само се трудел да го зголеми моралот на војниците пред пресудната војна.

Петтиот ајет од сурето Ет-Теуба се цитира поради зголемување на моралот на муслиманските војници.

Во Петтиот ајет од сурето Ет- Теубе стои: „..убивајте ги многубошците каде и да ги најдете.“ Со ова се посакува да се зајакне моралот на муслиманските војници. Со ајетот се порачува:„ Немојте да се плашите за време на војната! Кога ќе наидете на непријателот, убијте го!“

Арун Шоурие е еден од најгласните противници на исламот во Индија. Во книгата Светот на фетвите, во 572 страница го цитира 5 ајет од сурата Ет-Теуба, после тоа 7 ајет од истата сура. Секој разумен човек ќе забележи дека го прескокнува 6 (шестиот) ајет.

Одговорот е во шестиот ајет од сурата Ет-Теубе каде се дава одговор на тврдењата дека исламот промовира насилство, убивање и крвопролевање: „Ако некој од многубошците те замоли за заштита, ти заштити го за да ги чуе Аллаховите зборови, а потоа испрати го на безбедно места за него, затоа што тие припаѓаат на народот кој не знае“. ( Ет- Теуба,6)

Чесниот Куран не само што наредува заштита на непријателот кој бара азил туку и да се однесат на сигурно место! Во денешната милитарно-политичка сцена, може да се случи некој мирољубив генерал да ги поштеди животите на непријателите. Но, кој генерал на војниците ќе им нареди секој од нив да го испрати до сигурно место?!

Возвишениот Аллах, всушност ова го наредува во Чесниот Куран како би промовирал мир во светот!

Др. Закир Наик

0 views0 comments

コメント


bottom of page