top of page
Writer's pictureinfoislam

Дали Исус е единствен Божји син?

2014075949jnk-p[1]

На ова ќе одговориме со Евангелието:

„..синот на Адам, синот Божји.“ (Евангелие по Лука, 3:38)

„И кажа Господарот на Мојсие: кога ќе отидеш и ќе се вратиш во Миср(Египет), гледај да ги сториш пред Фараонот сите чуда кои ќе ти се најдат при рака; а Јас ќе сторам да му окоравее срцетои да не го пушти народот. А ти ќе му речеш на Фараонот: „вака вели Господарот: ‘Израел е синот мој, првенец мој.’(Стар Завет, Псалми на Давид, 2:7)

Според она што го потврдува Светото писмо и што самиот Отец го изјавил, Давид е неговиот втор син.

„Нека е благослов врз оние кои мирот го градат (миротворците) бидејќи ќе бидат наречени синови божји. (Евангелие по Матеј, 5:9)

Кога ќе го проследиме изразот „синот божји“ во Библијата ќе наидеме на голем број „синови Божји “, така што Исус не е Божји син поединец. Од тоа може да заклучиме дека Библијата го користи називот „Божји син“ симболично за добриот и побожниот или одбраниот, односно чист човек. Тоа што сме го навеле нè наведува до клучното прашање а тоа е:

Кој е Исус?

Откако направивме анализа на доказите од евангелијата кои потврдуваат дека Аллах е еден, а не тројца, дека Исус не е Бог, ниту дел од Бог, како и тоа дека не е еднаков на Бог и дека не син Божји во буквална смисла, треба да го поставиме прашањето: Кој е Исус?

Исус човекот

Неколку пати укажавме дека Исус во Евангелијата е опишан како човек или син човечки, а во продолжението ќе наведеме некои од стиховите кои го потврдуваат тоа.

„Луѓе Израелци! Послушајте ги овие зборови: Исус од Назарет, човек од Бог потврден помеѓу вас со силите, чудесата и знаците кои Бог ги стори преку него помеѓу вас.“ (Дела Апостолски, 2:22) Овие зборови ги изговори Петар, Исусовиот следбеник и близок пријател, кој одблизу бил сведок на некои настани.

Дојде синот човечки кој јаде и пие..“(Евангелие по матеј, 11:19)

Многу од народите кога ги слушнаа овие зборови кажуваа: „Овој навистина е пратеник.“ (Евангелие по Јован, 7:40)

„Но вие сега гледате мене да ме убиете, а јас сум човек кој вам вистината ви ја кажа која ја слушна од Бог.“ (Евангелие по Јован, 8:40) Некои од Библиите не ја откриваат оваа вистина отворено, затоа провери што кажува твојата Библија за овој критичен миг од неговиот живот во кој Исус посведочил за себе дека е човек. Зошто тој јасно и директно не кажал: „Но вие сега гледате мене да ме убиете, а јас сум отелотворување на Бог кој вам вистината ви ја кажа.“ Дали може да се замисли дека тој вистината ја криел?

Исус како пратеник

А народот кажуваше:„Ова е Исус пророкот од Назарет галилејски.“ (Евангелие по Матеј, 21:11)

(Исус) Кажа пак:„Навистина ви велам: Никаков пророк не е прифатен од своето родно место. (Евангелие по Лука, 4:24)

„Навистина ви велам: Не е робот поголем од господарот свој, ниту пратеник од оној кој го испратил.“ (Евангелие по Јован, 13.16)

„А луѓето кога го видеа чудото кое го стори Исус говореа:„ Ова е навистина оној пророк кој треба да дојде на свет.“ (Евангелие по Јован, 6:14)

„…за Исус Назаренецот, кој беше Пратеник.“ (Евангелие по Лука, 24:19)

Ова се некои од библиските стихови кои појаснуваат дека Исус бил Пратеник и Веровесник на Единиот вистински Бог. И по втор пат велиме, Исус никаде во библијата не е наречен како Бог.

И последната важна критичка информација за Исус

„Тој во деновите на телото свое, На оној кој може да го избави од смртта му принесе молитви и молби со силно викање и со солзи и беше утешен по својата побожност.“ (Павлово писмо на Евреите; 5:7)

Кои заклучоци можеме да ги изведеме од претходните библиски цитати? Претходните цитати формираат единствена порака за постоење на само еден Бог.

„Пред мене не постоел Бог ниту после мене ќе постои Јас сам сум Господар и освен мене нема Спасител.“ (Стар Завет, Исаија 43:10)

„Бидејќи Јас сум Господар Бог твој, Бог кој е љубоморен..“ (Стар Завет, Излез, 2 книга Мојсеева, 20:5)

Библијата е преполна со стотици вакви потврди, она што се спротивставува е во многу мал број во споредба со наведените. Те молам прочитај ја следната констатација поврзана со овој заклучок: Поенатата која стално се повторува е дека Исус е веровесник на Единиот вистински Бог, кој го создал Исус, нас и сето останато. Откако што стасавме на крајот на патувањето во кое што ја баравме вистината, би сакал да те испратам со некои прашања за размислување:

  1. Зарем не е ова вистинско време работите да се стават на местото на кое му припаѓаат?

  2. Зарем не е ова вистинско време да се стави Исус на местото на кое му припаѓа, да биде почитуван како човек и пратеник на Единиот вистински Бог?

  3. Зарем не е ова вистинско време да се вратиме на нашиот Единствен вистински Бог и Создател, само Него да го обожуваме, пред да биде доцна?

                                                        Констатација

Многумина кои ја проучуваат Библијата веруваат дека Павле, кој е роден во петта година од новата ера, ги преобличил темелните верувања на христијанството, кои ги вклучуваат „светото тројство“ божественост на Исус, првобитниот грев, распетието, спасот преку Исусовата крв итн. Затоа, помеѓу истражувачите многу е прифатена теоријата дека Павле ги пишувал своите писма пред четирите евангелија кои подоцна потпаднале под влијание на Павловите верувања и учења. Разидуваата помеѓу Павловите учења и оригиналната Исусова порака довела до оваа голема нејаснотија која ја гледаме денес во однос на прашањето за природата на Бог. За повеќе информации на оваа тема вратете се на мојата следна книга: „Каде е грешката?“

                                                      Последна мисла

После критичното, внимателно и непристрасно читање на оваа мала книга, секој сериозен, поверлив и искрен истражувач за вистината може да постави неколку прашања, како што се:

  1. Што е вистината?

  2. Кој е вистинскиот Бог?

  3. Која е вистинската посланица?

  4. Каде е грешката?

После критичното исчитување на оваа мала книга, би сакал да ги слушнам вашите мислења. За повеќе информации, прашања, предлози и одговори немојте да се колебате, контактирајте ме.

0 views0 comments

Commenti


bottom of page