Критичарите тврдат:
Куранот вели дека еден ангел или неколку ангели предизвикуваат одредени луѓе да умрат и да им ги одземат душите.[Сура 4:97, 16:28, 32, 32:11]
Куранот ги осудува оние кои обожаваат некого освен единиот Бог (на пр. ангели или светци), бидејќи тие не можат ниту да создадат, ниту да дадат живот, ниту да предизвикаат некого да умре. Сепак, Куранот вели дека еден ангел или неколку ангели предизвикуваат одредени луѓе да умрат.
Одговор:
Ангелите ги одземаат душите на живите луѓе, предизвикувајќи ги да умрат, според божествениот поредок. Според исламското верување, душата кога го напушта телото заминува во Барзах, состојба на исчекување, додека не дојде Судниот ден. Кога некој ќе умре, Ангелот на смртта, ја отстранува неговата душа од телото. Бог испраќа два ангела да ја испрашуваат душата што чека. Со тоа е јасно дека повеќе ангели учествуваат но нивните конкретни задачи не се исти при пренесувањето на душата во Берзахот и понатака.
Аллах (џ.ш.) вели (толкување на значењето): „Кажи: „Ангелот на смртта, кој е поставен над вас, ќе ви ги земе душите, а потоа ќе бидете вратени кај вашиот Господар“.
Тие не го прават тоа поради нивна лична желба, туку да ја следат наредбата на Аллах и не е само еден ангел надлежен во таа мисија.
Comentários