Дали ја обожувате Ќаба и зошто само во таа насока се управувате?
Одоговорот на ова прашање е дека ,,ниеден муслиман не ја обожува Ќаба’’. Ќабата е нашата кибла, нашата дирекција-правец кон кој се управуваме. Ние муслиманите веруваме во единство. И кога треба да обавиме намаз,Величенствениот Куран вели,во суре Ел Бекаре,2:144-‘’…И каде било да се најдете,управете ги лицата ваши кон Месџидул Харам(Ќаба).’’ Таа е нашата кибла-правец. Например ако сакате да клањате намаз, тука во оваа сала, некои можат да кажат ајде да се свртиме кон север,а некои пак кон југ,некои кон исток,некои кон запад.Затоа,за да има единство,сите муслимани од целиот свет се управуваат кон една насока а тоа е Ќаба.
Да кажеме еве дека сме на север,тогаш се управуваме кон југ. Ако сме на југ, се управуваме кон север. Ако сме на запад, се управуваме кон исток, и ако сме на исток,се управуваме кон запад. И ако анализираме,првиот човек што ја нацртал географската карта на светот, беше муслиман.Неговото име е Мухаммед Ел Идризи и ја нацртал картата во 1144 година. Во тоа време, муслиманите го направиле север долу, а југ горе, Ќаба беше во центарот. Подоцна западните научници ја превртија картата, но сепак, Ќабата е во центарот на светот,елхамдулиллах. Понатака,кога одиме да извршиме Хаџ или Умра, иликога одиме во Мекка,правиме тавваф. Правиме круг околу Ќаба. Причината е затоа што е наредба од Аллах субханеху ве те ала и од нашиот Пратеник саллаллаху алејхи ве селлем.
Но ако размислуваме логички, секој круг има само еден центар. Затоа кога кружиме околу Ќаба, ние потврдуваме дека има само еден Бог и Тој е Аллах субханеху ве теала. И изјавата на вториот халифа Омер Аллах нека е задоволен со него,која е спомната во Сахих Бухари(хадис бр.675) гласи- Омер (р.а) рече:,,Јас го бакнувам овој црн камен само заради тоа што го видов Пратеникот на Аллах како го бакнува. Инаку овој црн камен неможе ниту да ми биде од корист, ниту да ми наштети.’’Значи од оваа негова изјава “ниту да ми користи ниту да ми штети”доволно е да се докаже дека ниеден муслиман не ја обожува Каба. И понатака како последен логички одговор што јас го давам е дека во времето на пратеникот алејхи селам имаше неколку асхаби кои се качуваа над Ќаба за да учат езан(повик на молитва).
Тогаш кој идолопоклонител стои над идолот кој тој или таа го обожува? Овие се доволни докази за да се докаже дека ние муслиманите не ја обожуваме Ќаба, но таа е тука заради да има единство помеѓу верниците, и таа е само дирекција на која ние се управуваме да клањаме намаз(обавуваме молитви) . Се надевам тоа го одговори прашањето.
Закир Наик
Comments