Според христијаните Мухамед а.с. не навел никакви објективни докази и чуда за својата избраност за тоа дело.
Одговор:
Ова е лага. Најголемото чудо и потврда дека Мухаммед а.с. е Пратеник е самиот тој и Куранот кој му е спуштен и објавен. Помеѓу писменоста и литературата која дошла и го воздигнала целиот арапски и исламски свет и процват на една цивилизација која потројала скоро илјада години, покрај енормното незапарливо ширењето на исламот, победата врз најголемите империи Византија и Персија, развојот на хигиената и медицината, Куранот кој останал впишан во срцата на луѓето како што бил објавен од првиот ден, така и се намалила класната, расната и секаква разлика помеѓу луѓето, подигање на степенот на жената, намалувањето на ропскиот однос, развојот на куповните односи, и многу други цивилизациски придобивки, меѓу кои е и научната мисла. Сето тоа што било анатема за Црквата, забрането и табу, во исламот нашло простор и свое место, а се е тоа заслуга на човекот кој започнал неповратен процес и совршена вера на духовен, телесен и психички развој. Сепак, покрај ова имало и голем број други чуда и едно од најголемите чуда и докази за Пратеништвото на Мухаммед алејхи селам е расцепувањето на Месечината. „Се ближи Часот и Месечината се раздели!“ (Ел Камер, 54:1 )
Што ни кажува дадениот ајет?
Со консензус на муслиманските учењаци е прифатено дека Месечината се расцепила и нивното мислење е поткрепено со хадис.
Настанот кој говори во првото толкување е нешто што се случило на Мина во близина на Мекка, и на местото каде што седел Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селем, имало и неколку неверници. Имам Бухарија забележал хадис кој го пренесува Енес ибн Малик кој вели: Жителите од Мека бараа од Пратеникот алејхи селам да им покаже некакво чудо па тој им ја покажал Месечината која се рацепила на две половини така да јасно можеше да се види просторот помеѓу нив.“(Бухарија)
Истото го бележи и Ибн Абас и Абдуллах ибн Месуд кому Пратеникот алејхи селам му кажал: „Биди сведок на ова.“ Тие од Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, барале некаков знак. Тој кажал:„погледнете во небото!“ Одеднаш Месечината се раздвои, едниот дел отишол кон истокот, а другиот кон запад, и брдото останало помеѓу. Кога ова чудо сите добро го виделе, двете половини се споиле. Неверниците почнале да кажуваат дека Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селем, им направил магија, но самото чудо не го негирале, бидејќи го виделе тоа.
Чудото на раздвојување забележано е со бројни хадиси. Според Меудуди, традиционалните коментатори на Куранот и воопшто сите се сложуваат дека овој настан се случил 5 години пред Пратениковата, саллаллаху алејхи ве селем, хиџра во Мекка. Месечината се раздвоила на два дела. Потоа двете половини повторно се споиле.
Иако расцепувањето на Месечината не е забележано во познатите историски книги, во една книга наоѓаме на трага. Приказната за примањето на исламот на махараџата од Малибар. Приказната кажува дека махараџата лежел на својот кревет на највисокиот спрат од својата палата, кога ја забележал сцената на расцепувањето. Подоцна дознал дека тоа било чудото на Пратеникот од Арабија за својот народ и го прифатил исламот.( Се работи за Чакравати Фармас (Chakrawati Farmas) и неговото сведоштво за прифаќање на исламот е запишано во еден стар спис кој се чува во Лондон, Индиска библиотека (India Office Library, London, reference number: Arabic, 2807, 152-173.) Воедно ја преставува првата индиска заедница која го прифатила исламот и обезбедила слободен проток на трговските врски помеѓу Исламскиот свет и Кина.)
Нема сомнеж дека ова чудо се случило и дека сите преданија се однесуваат на настан кој вистински се случил за времето на Пратеникот алејхи селам.
Потоа, книга на пророкот Авакум (Хабакук), 3:3 [„Бог доаѓа од Теман, и Светецот од планината Фаран. Неговото величество ги покрива небесата, и земјата е полна со фала кон Него.“] зборува за Бога, Божјата помош, која доаѓа од Теман (Te’man– оаза северно од Медина, според Речникот на Библијата на Ј. Hasting) и „светиот“, кој доаѓа од Фаран. „Светиот“ е оној кој под прогон мигрирал од Фаран (Мека) за да биде примен со ентузијазам во Медина, а тоа не е никој друг, туку пратеникот Мухаммед. Случката на мигрирањето на Пратеникот и неговите прогонувани следбеници е сликовито опишана во Исаија, 21:13-17.[ „Пророштво за Арабија. – Во гората арабиска ноќевајте, каравани дедански. Жители на Темајската земја, носете вода да ги пречекате жедните; со леб пречекајте ги бегалците; зашто тие бегаат од мечот, од гол меч, од затегнат лак и од жестокоста на војната.” Оти вака ми рече Господ: Уште една година, *еднаква на наемничката година, – и сета слава на Кидар ќе исчезне, кај храбрите синови на Кидар ќе останат не многу лакови,” така вели Господ, Бог Израилев.“] Овој дел претскажува и за битката на Бедр, во која чудесно се поразени од неколку слабо вооружени верници, “моќните” мажи на Кидар, кои сакаа да го уништат вистинското верување и да ги заплашат своите луѓе кои преминале во вистинската вера во тоа време. Интересно е што Евреите кои се населиле во Медина барале оаза, односно место со палми, каде очекувале да се појави Пратеник од нивното племе. Откако виделе дека се појавил Пратеник од арапите, а не од нив, тие го одбиле поради нивната завист.[ Слично нешто се случило и со одбивањето на Исус, кој се појавил од Јудеа, односно и тој не бил од племето од кое тие се надевале да биде.]
Печатот на пратеништвото кој е спомнат во претходните објави, а кој последниот пратеник ќе го има на својот грб меѓу плешките, се спомнува во многу преданија и е опишан до детали.
Тоа е белег со големина на јајце од потполошка или гулаб опкружен со влакненца, истакнат за да може да се осети под облеката, како што тоа го пренесува Ебу Зејд ел-Енсари, р.а., кој рекол: „Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, во една прилика ми рече: ,Ебу Зејд, приближи се и стави ја раката на мојот грб.’ Кога ја ставив раката на грбот, го почуствував под прстите пратениковиот печат, кој изгледаше како неколку собрани влакненца.“
Во врска со пратениковиот печат, Ебу Бурејде, р.а., пренесува многу интересна случка: „Кога Селман ел-Фариси дојде кај Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, непосредно по хиџрата и донесе свежи урми и ги стави пред него, саллаллаху алејхи ве селлем, тој го праша: ,Селман, што е ова?’ ,Садака за тебе и твоите другари’, одговори Селман. ,Земи го тоа, бидејќи ние не јадеме садака’ рече Пратеникот. Следниот ден Селман повторно донесе свежи урми и ги стави пред Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем. „Што е ова, Селман?’ праша Пратеникот, с.а.в.с. ,Подарок за тебе’ одговори Селман. ,Јадете’, им рече Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем на своите другари. (Селман ги познавал поранешните објави и во нив нашол опис на последниот пратеник, односно знаел три знаци: не јаде садака, а јаде подарок и печатот на пратеништвото, па ги нашол двата, а третиот го барал и исчекувал да го види.)
Кратко после ова Селман го откри и третиот доказ, го видел печатот на пратеништвото па прими ислам и стана муслиман. Селман бил роб кај еден евреин во Медина и работел кај палмите, па Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, го откупи од ропство поради примањето ислам и тоа за 200 палмини садници кои ги собрале енсариите.
Но сопственикот поставил тежок услов: „Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, со своја рака ќе ги засади садниците, а Селман треба да работи кај палмите се додека тие палмини садници не дадат свој плод, па откако сите палми ќе родат, тогаш Селман ќе биде слободен.“
Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, лично ги засадил садниците, но една садница засадил Омер, р.а., сакајќи да помогне. Возвишениот Аллах дал сите тие садници веднаш до годината да родат, освен една, иако најкраток можен период за најдобар вид на палма е 3 години. Пратеникот, саллаллахуалејхи ве селлем, дошол и видел дека една палма не родила, па прашал: „Што е со оваа палма?“, на тоа Омер, р.а., одговорил: „Јас ја засадив, о Аллахов Пратенику.“ Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, пристапил, ја извадил и повторно ја засадил па и таа до годината дала плод и Селман станал слободен.
Едно од значајните чуда е и собирањето кај светиот храм во Мекка по нејзиното освојување лично од Мухаммед а.с.
Оваа случка се вбројува во муџизи (надприродни дела) на Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем.
Постојат и голем број други докази и чуда за кои немаме време сите да ги наведеме, но инститираме објективно да ги истражите.
Comments