top of page
Writer's pictureinfoislam

Дали Мухаммед е најавен во Библијата?!

  1. Очекуваниот пратеник требало да дојде од Арабија

Повторени закони, 33:1-2, комбинира пророштво за Мојсеј, Исус и Мухаммед. Тоа зборува за Бог (Божјо Откровение) кое доаѓа од Синај, се издига од Сир (веројатно селото Саир-Sa’ir во близина на Ерусалим) и местото Фаран. Според Битие, 21:21, пустината Фаран е местото каде што се населил Исмаил (т.е. Арабија, односно Мека).

Во верзијата на Библијата на Кралот Џејмс се споменува дека верници минуваат низ долината на Бекка (другото име на Мекка) во Псалми, 84:4-6.

Ерменскиот свештеник Аускан ја превел Книгата на Исаија на ерменски јазик далечната 1666 година и истата била испечатена во 1733 година, во печатницата на Антони Портоли (Anthony Portolly). Во тој превод во 42-то поглавје 10 стих е напишано: „Пејте Му на Господа нова песна, белегот на неговиот авторитет е на неговиот грб, неговото име е Ахмед.“

Исаија, 42:1-13, зборува на љубениот на Бога, за Неговиот избраник и гласник, кој ќе донесе закон очекуван во пустината и кој „нема да потклекне и нема да се обесхрабри се додека не постави суд на Земјата.” Стихот 11 поврзува дека очекуваниот е еден од потомците на Кидар. Кој е Кидар? Според Битие, 25:13, Кидар е вториот син на Исмаил, предокот на пратеникот Мухаммед.

Некои христијански деноминации направиле огромен напредок со признавање, по прв пат во историјата, дека Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селем, потекнува од Исмаил (библ. Ишмаил) преку неговиот втор син, Кидар. Дејвисовиот речник на Библијата од 1980 година, чиј спонзор е Управата за христијанско образование на Презвитеријанската црква во САД, пишува пред зборот Кидар: …племето потекнува од Исмаил (Битие, 25:13)… народот на Кидар биле Pliny Cedrai и од нивното племе потекнува Мухаммед. The International Standard Bible Encyclopedia го наведува следново од Фултон: „Исмаиловото племе Кидар мора да било едно од најважните, така што ова име подоцна се користи за сите диви племиња од пустината. Тaка, преку Кидар (ар. Кеидар) исламските генаолози го прикажуваат Мухаммедовото потекло од Исмаил. Така и Smiths Bible Dictionary не останува настрана и го печати следново: „Кидар (црн) вториот син на Исмаил… (Битие, 25:13) Познато е дека лозата на Мухаммед влече корени од Ибрахим (Авраам), преку познатото племе Курејш, кое потекнува од Кидар. Арапите во Хиџаз се викаат Бену Харб и тие се по потекло од Исмаил, од самиот негов корен.“

„…нозете негови – мермерни столбови, поставени врз златни подлоги; изглед има како Ливан, величествен е како кидар; “ (Библија; Книга Песна на песните; 5:15)

Овој стих го споредува овој пророчки мистериозен човек со земјата Либан (Ливан) која е земја на Арапите. Ова имплицира дека мистериозниот човек односно пророкот, ќе биде од арапско потекло.

„…устата (говорот) негова – сладост, и целиот тој е пожелен (љубезност). Ете, кој е мојот возљубен, и ете, кој е пријателот мој, ќерки ерусалимски. (Песна на песните; 5:16)

Верзија на преводот на „Песна на Песните”, 5:16, завршува со следниот опис: „Говорот му е сладок и сиот е од љубезност”, но она што повеќето од нас не го знаеме е дека во оргиналниот Завет дадено е името на овој човек. Тука името е напишано на старохебрејски, како што се појавува во стих 16: מחמד. Евреите го читаат како: Mahammad. Но, според Бен Јехуда, хебрејско-англиски речник, тоа правилно се изговара како Muhammad, од што секако произлага прашањето зошто преводот на ова место бил изменет.

Внимателното проучување на Новиот Завет покажува дека пророкот спомнат во Стариот Завет, „и јас ќе издигнам пророк сличен на тебе…“ (Повторени закони, 18:18-20) се спомнува и во Новиот Завет во Евангелието по Јован, каде се вели:

А Јас ќе Го молам Таткото, и Тој ќе ви даде друг Утешител (Помошник), за да биде со вас довека: Духот на Bистината, Кого светот не може да Го прими, зашто не Го гледа, ниту Го познава. Bие Го познавате, зашто Тој престојува со вас и ќе биде во вас.“ (Јован, 14:16-17)

Во Евангелието по Јован уште стои:

„А кога ќе дојде Тој, Духот на Bистината, ќе ве упати во сета вистина, зашто нема да зборува Сам од Себе, туку ќе зборува за она што го слуша, и ќе ви навести за нештата што ќе дојдат. Тој ќе Ме прослави Мене, зашто ќе земе од Моето и ќе ви го објави вам.“(Јован, 16:13-14)

Термините врзани овде во пророштвото не се однесуваат на „Светиот Дух“, како што тврдат христијанските свештеници. Тоа толкување се одбива, базирајќи се на следниот цитат во Јовановото евангелие, во кое се вели:

„Но Јас вистината ви ја кажувам: подобро е за вас Јас да си отидам, оти, ако не си отидам, Утешителот нема да дојде при вас; ако, пак, заминам, ќе ви Го пратам.“(Јован, 16:7)  

Јасно е од Библијата дека Светиот Дух им доаѓал на луѓето и пред пратеништвото на Исус, а и после него. Јахја се среќавал со Светиот Дух и пред Исус да биде роден, а и на самиот Исус Светиот Дух му дошол во лик на гулаб. Карактеристиките и особеностите на овој Утешител (Параклитос – paraclete), а кои можат да бидат изведени од пророштвото се следни:

  1. 1. Тој нема да дојде во времето на Исус;

  2. 2. Тој засекогаш ќе остане со верниците;

  3. 3. Тој ќе го почитува Исус;

  4. 4. Тој ќе го говори тоа што ќе го чуе од Бог;

Исто така, овде забележуваме три пророштва кои се очекуваат во Библијата, според Евангелие по Јован, 1:19-21:

  1. -Христос

  2. -Илија

  3. -Пратеникот (пророк)

Ова подоцна се разјаснува во Евангелие по Јован, 1:25, каде Јахја врши баптисување и покрај тоа што не е:

  1. – Христос

  2. – Ниту Илија

  3. – Ниту очекуваниот Пратеник.

Очекуваниот Пратеник секако не може да биде Исус. Тој Пратеник не е ниту Јован „Крстителот“, бидејќи самиот негирал, ниту може да е Светиот Дух, туку од ова јасно се гледа дека треба да дојде, како последно решение, Пратеник и тоа после Исус.

  1. Мухаммед, мир над него, е единствениот пратеник кој се појавил после Исус, мир над него. Помеѓу нив има временски период од шест века. Исусовата мисија била ограничена на „изгубеното стадо на овците Израилови“, додека пораката на Мухаммед, мир над него, како последна порака и опомена до човештвото е универзална и упатена кон целиот свет и важи до Крајот на светот.

  2. Пратеништвото на Мухаммед, било одредено од Возвишениот Бог, да биде универзално, вечно и непрекинато и со тоа тој засекогаш останал со верниците.

  3. Ниеден друг пратеник не го спомнувал и величал Исус како што тоа го правел Мухаммед, мир над него. Евреите го нарекувале Исус измамник, додека неговата мајка ја сметале за неморална а дека Исус е зачнат со блудствен чин (Бог да сочува од тие зли мисли). Тие сакале да го распнат на крст. Мухаммед, мир над него, го сметал Исус за еден од најголемите пратеници и создаден со помош на „Божјата реч“. Куранот ги спомнува неговите бројни и мистериозни чуда и дела кои дури не се спомнати во Библијата. Дева Марија се смета за најморална и најчестита жена од постоењето на светот, и на овој и на оној свет. Вака Мухаммед, мир над него, го почитувал Исус.

  4. Четвртата карактеристика може да се однесува само на Мухаммед. Куранот е објавен и доставен на Мухаммед преку ангелот Гавриил (мелек Џибрил). Кога ангелот завршувал со цитирањето, Мухаммед, збор по збор им пренесувал на своите следбеници тоа што го чул од ангелот, без да додаде ништо од себе, да го измени или заборави. Куранот, исто така, го опишува она што Мухаммед, мир над него, го говори: „И тој не говори сам од себе. Тоа што тој го говори е само Објава која му се објавува.“ (Куран; Неџм, 3-4)

  5. „..Тој ќе Ме прослави Мене, зашто ќе земе од Моето и ќе ви го објави вам.“ Кога повнимателно би ја анализирале оваа реченица би забележале дека Исус како да бил свесен за фактот дека некој ќе го замени вистинското верување за него и дека треба некој повторно да го прослави, т.е. да ја обелодени вистината за него која ќе биде искривена во периодот по неговото воздигнување. Тој „…ќе земе од Моето и ќе ви го објави вам“, односно ќе земе од вистинското, изворното Евангелие на Исус (објавено од единствениот извор, Бог) и ќе го објави на луѓето. Мухаммед, мир над него, со неговото пратеништво ја открива вистината за Исус преку Божјата објава (Куранот) и преку голем број на веродостојни преданија. Ако го споредиме тоа дека тој „зашто нема да зборува Сам од Себе туку ќе зборува за она што го слуша“, ќе видиме дека тој нема да говори по свое мислење туку ќе го говори она што ќе го чуе и прими преку ангелот Гавриил, објавата од Севишниот.  

Очигледна е сличноста помеѓу особините на paraclete – бранител, застапник, заговорник, утешител и особините на Пратеникот Мухаммед. Тој како Пратеник ќе се јави како заговорник на верниците на Судниот ден и ќе бара од Бог да им ги прости сите големи гревови, освен ширкот (многубоштво). Тоа заземање за верниците во исламот се нарекува шефа’ат.

Муслиманите веруваат дека она што го има во Евангелието по Јован за „Утешителот“, за лидерот на светот што треба да дојде е пророштво на Исус за Мухаммед, а тоа е јасно од следниве причини. Фразата „Утешител“ е современа фраза која е заменета во новите преводи на Новиот Завет, додека стариот превод, Douay-Rheims Bible1899, го користи грчкиот збор paracletos, што го користат и многу меѓународни преведувачи.

Целта на Мухаммед, како и на Исус, била воспоставување на Божјото царство на Земјата, кое ќе биде прибежиште за сите верници. По повикот на Мухаммед исчезнале идолопоклонството и паганизмите, срушено е незнабожечкото царство и децата на царството Божје станале еднакви. Само во исламот сите верници се еднакви, нема свештеници ниту сакраменти и касти, нема класни разлики, разликата е само по богобојазливоста.

0 views0 comments

Commentaires


bottom of page