Славен нека е Аллах, секако дека постојат. Зарем тоа што го прават не се постапки на хариџии, а тоа е прогласување на муслимани за неверници, а уште поопасно од тоа е убивањето на муслиманите и насилство врз нив низ разни рушителски акции . Овој е правецот на хариџиите и тој се состои од три начела:
1.Прогласување на муслиманите за неверници.
2.Непокорност на муслиманските водачи
дозволување на муслиманска крв.
Доколку некој поседува вакви ставови па дури и да не повикува или да не работи по тоа, таквиот е хариџија. Кажал шејх Ислам Ибн Тејмие:
„Никој на муслиманите не направил поголема штета од хариџиите, па дури ни евреите ни христијаните. Тие се труделе со сите сили да ги убијат оние муслимани кои не се слагале со нив и не ги сметале за свети муслиманската крв и иметок..(Минхаџу сунне 5/248)
Шејх Салих Февзан (Ел Иџбату л мухиме, фил мушакил мулиме,1/7)
Превземено од Iman -islam
Comments