Според некои христијански апологетици некои хадиси укажуваат на неисправноста на исламот, како што се на пример:
„Еднаш, при крајот на својот живот, пророкот ја заврши со нас вечерната молитва, се исправи и рече: „Дали сфаќате каква е оваа ноќ? Навистина, сто години после оваа ноќ, на Земјата нема да остане ниедно живо создание“ (Бухари, 116). Секој кој ги чита овие редови истовремено го побива ова лажно пророштво, бидејќи не само по сто, туку еве веќе и после илјада и петстотини години Земјата се полни со жители.
Одговор: Ова е неточна квалификација и треба малку разум за да се одговори.Овој хадис е познато дека многу антисламски сајтови намерно погрешно го преведуваат за да доведат во забуна и да намерно покажат грешка во истиот . Секако, баш обратно овој хадис е чудо од Пратеникот а.с. бидејќи не потсетува за минливоста на животот.
Абдуллах ибн Омер р.а. вели дека Пратеникот а.с. пред крај на својот живот клањал еднаш со нив јација(вечерна молитва) и кога предал селам станал и кажал:
„Гледате! Кога ќе поминат сто години, почнувајќи од оваа ноќ во која се наоѓате, никој од луѓето кои што ќе се наоѓаат на Земјата моментално, нема да бидат живи.“[1]
Занимливо е дека последниот од асхабите или неговите другари кои го виделе за неговиот живот бил Ебу Туфајл Амир ибн Васил кој умрел со наполнети 110 години.[2]
Воедно овој хадис не поучува и ни укажува дека човечкиот век е околу 100 години и дека секако никој од нас што ова го читаме нема да постои, ниту повеќе ќе биде на оваа Планета Земја за еден век од сега. Сите ние ќе ги населиме гробиштата и ќе бидеме казнети или наградени за нашите дела.
Прашање: Уште еден хадис: „Пратеникот на Аллах рече: „Еуфрат наскоро ќе отвори ризница со злато, но тие, кои ќе живеат во тоа време, ништо оттаму нема да земаат…Еуфрат ќе разоткрие планина со злато под него“ (Бухари, 7119). За повеќе од илјада и петстотини години тоа „наскоро“ сеуште не настапило.
Одговор: Како и во библијата, така и во исламот постојат работи кои сеуште не се случиле. Но тоа не значи дека нема да се случат наведените настани. напротив фактите укажуваат поинаку. Кон студиите на научниците на Универзитетот Калифорнија и НАСА-е, кои неодамна ја објавија „Њујорк Тајмс“, реките Тигар и Еуфрат почнале да пресушуваат.
Истражувач од универзитетот Калифорнија Јаи Фамиглети кажал: „Околу 60% губиток на водата настанало поради пумпање на водата од подземните резервоари. Востановено е дека во текот на седум години истражување дека делови од Турција, Сирија, Ирак и Иран, околу реките Тигра и Еифрат, изгубиле 144 кубни километри свежа вода која се наоѓала во подземните резервоари. “
„Брзината на губиток на водата е посебно интензивирана после сушата од 2007 година. Во меѓувреме потрагата за свежа вода и понатаму е во пораст“-кажал тој. Истражувачите исто така предвиделе дека реките уште повеќе ќе пресушат во текот на следната сушна сезона. Ако се вистинити тврдењата на научниците тогаш предскажувањата би можеле да се остварат во блиска иднина. „Нема да настапи Судниот ден се додека реката Еуфрат не се повлече и со себе остави брдо од злато поради кое луѓето ќе се борат. Од сите стотини ќе бидат убиени деведесет и девет луѓе, а секој човек тогаш ќе зборува: ‘Да ми е да бидам оној кој ќе остане жив. Во еден друг хадис Ресуллуллуах рекол дека пресушувањето на реката Еуфрат е еден од предзнаците на Судниот ден.
Од Ебу Се’ идаел-Худри, се пренесува дека Пратеникот рекол:
„На припадниците на мојот народ пред крајот на овој свет ќе им се спушти голема несреќа. Со нив ќе владеат злобни владетели кои до сега не се појавиле и за кои никогаш до сега не се слушнало. Земјата ќе им биде тесна и ќе биде преплавена со неправда и насилство. Верникот нема да може да најде засолниште во кое би се засолнило од насилство. Во тоа време Аллах ќе прати човекот од моето семејство и земјата ќе ја исполни со правда, како што пред тоа била исполнета со насилство и неправда. Ќе биде задоволен и жител на небесата и жител на Земјата. Ќе никне се што ќе биде посадено во земја.“
Прашање: И уште: „Никогаш нема да има успех народот, кој ќе постави жена за свој владетел“ (Бухари, 9:88, 219). Англискиот народ сосема добро успевал при полувековното владеење на кралицата Елизабета II, како што и пред тоа успевал под владеење на кралицата Викторија.
Одговор: Што претставува успех за еден народ е дискутабилно прашање. Но примерот кој што е наведен како одговор говори за една формална титула на кралица која нема никакво влијание во сериозните меѓународни односи. Како може жени кои биле изолирани цел живот и со тешки семејни трагедии и државни проблеми да бидат некаков пример, сеуште не ни е јасно. Но тоа го оставаме на историјата која секој пат излегува со нови изненадувања. Нормално дека исклучоците не прават и правило.
Фактите сепак кажуваат дека луѓето генерално се држат до ова сваќање кое потекнува од хадисот:
Во 2021 година, има 26 жени кои служат како шефови на држави и/или влади во 24 земји. Со сегашното темпо, родовата еднаквост на највисоките позиции на моќ нема да се постигне уште 130 години . Само 10 земји имаат жена шеф на држава, а 13 земји имаат жена шеф на влада во цел свет од скоро 200 држави. Само 21 отсто од владините министри беа жени, при што само 14 земји имаат постигнато 50 отсто или повеќе жени во кабинетите . Со годишен пораст од само 0,52 процентни поени, родовиот паритет на министерските позиции нема да се постигне пред 2077 година. Петте најчесто држени ресори од жени министри се: Семејство/деца/млади/стари/инвалиди; проследено со социјални работи; Животна средина/природни ресурси/енергија; Вработување/труд/стручно оспособување и женски прашања/родова еднаквост. Воената и полициската власт скоро секогаш е во рацете на мажите.
Comments