Ако запрашаш некој Македонец или било кој човек да наброи некои симболи на Велигден тој најчесто ќе каже дека тие вклучуваат зајчиња, пилиња, јајца во боја, по некои бомбони и тн.
Она што треба да го знаеме е дека еден типичен Македонец ќе ви одговори дека тоа може да вклучи и јагне, крстови и таканатаму. Дури што е најчудно гледаме дека едно јајце треба да се фарба црвено на сабајле, па едно потоа, дека првото сабајлечко јајце имало магични моќи, како познати јајца Fabergé кои што се чуваат една година, значи разни обичаи кои што воопшто немаат основа во вистинската христијанска традиција, односно вистинската вера во Бог.
Но, како овие замки влегле во црквата, тоа што треба да знаеме е дека секој за себе треба да ги разгледа тие пракси во светло на библијата и другите книги како куранот после неа, кои укажуваат кое е вистинското обожување на Единиот Бог и кој е погледнот на „воскреснувањето“ односно воздигнувањето на Исус кој што не бил распнат како што тврдат.
Некои традиции и асимилации веќе се навестени во првиот век на црквата како што биле Александар Хислоп(Alexander Hislop) и Ралф Вудроу(Ralph Woodrow) кои што биле хроничари и кои што ги забележале овие детали кои што влегле во пракса во животот на црквата посебно појавувајќи се како модерни ритуали во Римо-католичката и другите цркви.
Прославите поврзани со католичката и православната црква и календарите се поврзани и со паганските прослави. Иако имало проблеми со разбирањето и пишувањето, на Хислоп и Вудроу некои од идеите се однесувале на Велигден и тие се потврдени и со Католичката енциклопедија. Дискусијата на Велигден во Католичката ециклопедија можеме да најдеме некои вакви изјави: „Употребата на Велигденското јајце во својата основа е паганизам, затоа што голем број пагански обичаи кои што се прославувале со појавата на пролетта гравитираа, се појавува заедно со Велигден.“
Јајцата се еден симбол кој укажуваат на живот, береќетот, плодната земја и раната пролет. Исто така, зајакот е пагански симбол и секогаш бил амблем на плодноста. Велигденскиот оган е пагански обичај кој бил раширен низ Европа укажувајќи ја победата на пролетта над летото. И ваквите паганизми црквата ги адаптирала, присвоила сакајќи да ја разубави Велигденската церемонија или прослава и да им укаже на луѓето да се повратат на верувањето за воскреснувањето односно воздигнувањето на Исус Христос.
Како што црквата се ширела низ Европа, Азија, Африка се покажа дека различни и различни обичаи се појавувале и прифаќале кои што биле инкорпорирани во христијанското верување. Не е лесно да се каже точниот датум кога овие пагански обичаи биле присвоени од римската Католичка црква меѓутоа тие пракси биле прифатени како дел од таа нејзина неделива традиција и широките маси и биле вличани.
Но, иако имало обиди со некои измени на одредени реформаторски движења целосно да исчезнат некои сепак останаа. Еве на пример Лентот или Коризмата (латински: Quadragesima: Fortieth) е период на пост од четриесет дена до Велигден и потеклото на овај пост е со нејасна историја, како што вели Хислоп овај пост од четриесет дена доаѓа од посењето кое било во Вавилон и обожувањето на божеството Тамос. Хислоп истотака, цитира денешни пракси но не постои јасна конекција со христијанската заедница.
Самата библија вели во Јован 8:44 дека Сатаната е таткото на лагите и тој ги зема идеите кои дури можат да се јават во самата библија и ги насочува на погрешно за да се искриви вистинското обожување на Единиот Бог. Значи дури може да се каже дека четриесет дневниот периот настанал во 5 век. Погледнете го самиот начин на постот ќе видите дека нема јасна дефиниција како да се пости, некој пости еден ден, некој два, некој една недела а другите четриесет. Постењето на овие денови до 40 дена има референца на постењето на Исус во пустината 40 дена Лука 4:1-13.
Но, она што е поинтересно се јајцата кои што ги „снесува“ зајакот, тоа е плодноста како што рековме. Зајчето кое носи по некоја кошница со бонбончиња и јајца е нешто слично како Дедо Мраз кој носи поклони под елката за божиќ. Зајчето во Април истотака носи радост за оваа Западна традиција која овај култ го презела од источните(вавилонски, перисиски) пагански религии. Истото важи и за боењето на јацата кое што е познато како симбол на бериќетна земја. А ако не е вистина ова, тогаш каде Исус Христос или неговите Апостоли вапцале/боеле јајца се со цел да се присетат на неговите(Исусовите) наводни страдања на крстот. Прашањето кое се поставува е ако нешто го имало во паганските религии, како тоа може да се преземе денес и да се каже дека со тоа се обожува Бог?
МПЦ јавно ги осуди коледарските огнови и носењето на мартинките, се надеваме дека некогаш и овие пагански ритуали ќе исчезнат од традицијата на православната црква, која ете, се стреми да го следи Исус Христос и неговите 12 апостоли. Пред се’, тоа е до срцето на секој христијанин колку сака да го следи Исус Христос и неговиот живот.
п.с. еве линк од текст каде ги пишува сите симболи на Велигден и како тој се прославува, а никаде нема да видите зборови на Исус или библиски цитати, уверете се сами:
Превземено од
Порака на мирот
Comments