?
Да, сите христијани ќе одат во пеколот.
3:85
На оној кој сака друга вера освен исламот – нема да му се прими. Tој на Ахиретot ќе биде меѓу поразените.
5:72
Сосем не веруваа оние кои зборуваа: „Аллах, навистина, е Месиja, синот на Мерјем.“ А Месиja зборуваше: „О синови Израилови, обожавајте го Аллах – Господарот мој и Господарот ваш! На оној кој ќе Му припише здруженик, Аллах му го забрани Џеннетот и престојувалиштето негово е огнот! Злосторниците немаат поддржници никакви!
Не, некои нема.
2:62
А оние, пак, кои веруваа – Евреи, христијани и Сабејци – и оние кои веруваа во Аллах и во Денот ахиретски, и кои правеа добри дела – па, за нив има награда кај Господарот свој, навистина! Тие не ќе стравуваат и не ќе тагуваат!
5:69
Оние кои веруваа и кои станаа Евреи и Сабејци и христијани … кои веруваа во Аллах и во Судниот Ден и кои правеа добри дела – та, нема да стравуваат и нема да тагуваат!
Божјата религија е една. Без разлика дали се нарекува христијанство или јудаизам или ислам, сето тоа бара да се поклонуваме само на Бога, да му се предадеме на Бога и да веруваме во судниот ден. Кога започна јудаизмот, тој беше единствената прифатена религија во своето време. Кога Исус бил испратен, христијанството станало божја религија, но тоа важело само краток временски период. Секој што го отфрлил Исус се смета за неверник во тоа време иако го следел јудаизмот или сабејството и слично. Кога дојде исламот, тој стана единствената прифатена религија. Секој кој го отфрла исламот се смета за неверник во Божјата вера. Некои научници на тоа ги додаваат оние луѓе кои веруваат само во Бога и во Судниот ден, но никогаш не слушнале за исламот или никогаш не ја добиле пораката за исламот на јасен начин.
Што се однесува до оние христијани кои веруваат во Исус како Бог или син Божји, Бог вели што може да се преведе дека значи:
5:116
И кога Аллах рече: „О Иса, сине Мерјемин, им зборуваше ли на луѓето: „Прифатете не, мене и мајка ми покрај Аллах, за две божества!“ Иса рече: „Славен биди! Не ми доликува да зборувам за она за што немам право. Ако ова го зборував – па, Ти би го знаел тоа. Ти го знаеш она што е во душава моја, а јас не го знам она што е во душата Твоја. Ти си, навистина, Зналец на тајните!“
5:117
Им го кажав само она што ми го нареди: „Обожавајте го Аллах, Господарот мој и Господарот ваш!“ И јас останав нивни сведок, постојано бев со нив, а кога ми ја зеде душава Ти ги посматраше. Ти си Сведок за се!
5:118
Ако ги казниш – та, тие робови се Твои, а ако им простиш – та, ти си, навистина, Силен и Мудар!“
5:119
Аллах ќе рече: „Овој е Ден во кој искреноста ќе им користи на искрените: за нив има бавчи низ кои реки течат, и во нив за навек ќе останат. Аллах е задоволен од нив и тие се задоволни од Него. Ете, тоа е победа голема!
Исламот е единствена Божја Религија во сите времиња и само тој ќе биде прифатлив кај Семоќниот на Судниот ден. останатите учења кои го отврлаат Божјето едноштвото и негираат дека Мухаммед е дојден за сите луѓе ќе треба да си ги преиспитаат своите верувања и да го ускладат своето христијанство, јудаизам и слично со тоа.
Kommentare