Не сме принудени според:
Во верата нема принуда зашто патот вистински јасно се одделува од заблудата. Оној кој не верува во тагутот, а верува во Аллах веќе го дофатил најцврстото јаже кое што нема да прекине. Аллах се слуша и знае! 2:256
И кажи: „Вистината е од Господарот твој… па, кој сака нека верува па, кој сака нека не верува.“ За зулумќарите Ние, навистина, подготвивме оган чиј чад ќе ги опфати сите. А ако, пак, побараат помош ќе им се даде помош со вода како растопена руда што ги пржи лицата. Е, само колку лоша напивка е таа! Е, само колку лошо сместување е тоа! 18:29
Верата мора да се прифати инаку :
Вам – верата ваша, а мене – верата моја! 109:6
Кажи: „Бидете послушни и на Аллах и на Пратеникот! Ако ги свртите плеќите…“ та, Аллах не ги љуби неверниците, навистина! 3:32
За да ги награди Тои оние кои веруваа и кои правеа добри дела. Тој, навистина, не ги сака неверниците! 30:45
И кажи: „Вистината е од Господарот твој… па, кој сака нека верува па, кој сака нека не верува.“ За зулумќарите Ние, навистина, подготвивме оган чиј чад ќе ги опфати сите. А ако, пак, побараат помош ќе им се даде помош со вода како растопена руда што ги пржи лицата. Е, само колку лоша напивка е таа! Е, само колку лошо сместување е тоа! 18:29
На оној кој сака друга вера освен исламот – нема да му се прими. Тој на Ахиретот ќе биде меѓу поразените.3:85
Верниците не ги земаат неверниците за заштитници наместо верниците. Сторителот на тоа нема ништо кај Аллах. Направете го тоа само ако се плашите од нив. Аллах ве опоменува за Себе и свратилиштето е кон Него. 3:28
Тие би сакале вие да бидете неверници како што тие се неверници: да бидете еднакви. Па, нив не земајте ги за заштитници се додека не се иселат на Аллаховиот пат. А ако ги свртат плеќите – тогаш, пофаќајте ги и убивајте ги каде и да ги најдете. Од нив не земајте ни заштитник ни поддржник! 4:89
Не избирајте неверници за (ваши) пријатели наместо верници. Дали би му дале на Аллах јасна налог против вас? 4:144
О верници, не земајте ги Евреите и христијаните за заштитници. Тие се еднинадруги заштитници. А оние кои ќе ги земат за заштитници од вас – од нив се, навистина! Аллах, секако, не го упатува народот зулумќарски! 5:51
О верници, не земајте ги непријателите Мои и непријателите ваши за пријатели! А не покажувајте им и наклност! Тие, секако, не веруваат во она што ви дојде од вистината. Го истеруваат и пејгамберот и вас заради тоа што верувате во Аллах, Господарот ваш. Ако, пак, вие излезете, борејќи се на Мојот пат, барајќи го задоволството Мое, покажувајќи им наклност – тајно! Јас најдобро го знам она што го криевте и она што го обелоденувавте. А оној меѓу вас што ќе го направи тоа… да, скршнал по лошиот пат! 60:1
А кога ќе кренете на пат по земјата, ќе немате грев да го скратите намазот. И ако се плашите дека неверниците, ќе ви направат сплетка. Неверниците се, навистина, ваши очигледни непријатели! 4:101
А ако по договорот свој ги прекршат заклетвите свои, и ако ја нападнат верата ваша, тогаш, борете се против водачите на неверството. Тие немаат заклетви за да престанат!Не ќе се борите ли кон луѓето кои ги прекршија заклетвите нивни и кои сакаа да го истераат пејгамберот? Оние, всушност, први ве нападнаа. Се плашите ли од нив? Па, Аллах има повеќе право, ако сте верници, да се плашите од Него!Борете се против нив, а Аллах ќе ги казни со рацете ваши, и ќе ги понизи, а вам ќе ви помогне против нив, и Он ќе ги излечи градите на народот вернички! 9:12-14
Борете се против оние кои не веруваат во Аллах и во Денот ахиретски и кои не го забрануваат она што го забранија Аллах и пејгамберот Негов, и кои не ја застапуваат вистинската вера на оние на кои им е дадена Книгата се додека не дадат џизија со рацете, потчинето! 9:29
О верници, борете се против неверниците кои се околу вас, и нека при вас најдат тврдост. И знајте дека Аллах, навистина, е со богобојазливите! 9:123
Па, кога светите месеци ќе поминат борете се против многубошците, каде било да ги најдете, заробувајте ги, опколувајте ги, чекајте ги во заседа од секој вид! Па, ако се покајат, и ако намаз извршуваат, и ако зекат даваат, пуштете го патот нивни. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен! 9:5
Заклучок!
Да, секој има слобода да верува или не, но тој е оној кој ќе ги сноси последиците. Не помага ако сте принудени да верувате затоа што Бог гледа во вашето срце, а не само во вашите надворешни постапки.
Opmerkingen