Славен нека е Аллах.
Шејх ел Шинкити кажал:
Мора да разликуваме помеѓу човечки систем кој имплементира работи кои се неверство во Создателот на небото и Земјата и системот кој не го имплементира тоа. Ова може да се образложи со тоа што системот е од два типа: административен и легислативен. Оној систем кој е организиран како административен и кој е организиран да работите течат на начин кој не е спротивен на шеријатот, тогаш нема ништо погрешно во ова, и никој од Сахабите и оние кои дошле подоцна не дале приговор на истото. Омер( Аллах да е задоволен со него) направил многу работи кои не биле за време на Пратеникот а.с. како што е запишувањето на имињата на војниците во регистар, за да следи кој е присатен или отсатен, иако Пратеникот а.с. не го правел истото како примерот со Кааб ибн Малик кој не беше присатен на битката на Тебук и за кого Пратеникот а.с. не знаеше се додека не стигна во Тебук. Слично на ова, Омер р.а. ја купи куќата на Сафван ибн Умајах во Мека и ја претвори во затвор, иако ни Пратеникот а.с. ниту Ебу Бекр не воспоставиле институција затвор. Таквите административни работи кои прават да работите течат полезно и кои не се спротиставенио со шеријатот- како што е организирањето на односите помеѓу вработените и организирањето на работите кои на некој начин неодат спротивно од шеријатот, тоа е човечки систем кој е во ред и не оди против основните принципи на шеријатот и негова цел е заедничкиот јавен интерес.
Но тоа неважи во случај на легислативен систем кој оди спротивно на законите на Креаторот на небото и на Земјата , кој се однесува на пресуда која содржи неверство во Создателот на небото и Земјата , како што е тврдењето дека во работите на наследството мажот и жената да имаат ист уддел и дека не е праведна поделбата , или да се тврди дека повеќеженството не е праведно и е форма на опресија или дека бракот е неправеден спрема жената, или да се тврди дека каменувањето или сечењето раце е варварски чин со кој не е праведно на никој да му се пресуди и така натака.
Затоа имплеминтирањето на таков систем(легислативен) спротиставен на шеријатските одредби- да владее над луѓето и нивните животи , чест, размислување и религија, содржи неверство во Создателот на небото и земјата, и со тоа бунт против божествениот систем поставен од Единствениот Создател кој го создал сето човештвои знае што е најдобро што е за нивен интерес. Нека е Возвишен Тој над секој друг легислатор покрај Него.
Зарем тие да имаат ортаци кои им пропишуваат
да веруваат тоа што Аллах не им го наредил? И да не е Зборот на Господарот твој претходно изречен, до означениот рок, на нив ќе им беше веќе пресудено. – А насилниците, навистина, ги чека неподносливо страдање. (Еш Шура 21)
(Adwaa’ al-Bayaan, 4/93.)
Од ова јасно може да се види дека владател кој работи спротивно на вистината, со тоа што издаа закони кои се спротивни на Куран и суннет, и дозволува тоа што Аллах џ.ш. го забранил, или го забранува тоа што Аллах го дозволил станува неверник и отпадникод Аллаховата вера. Бидејќи со тоа тој мисли дека може да излезе вон оквирите на исламскиот закон носејќи им на луѓето закони кои тој сака, и кој во тоа ќе поверува станува неверник.( Невакадил ислам ли Мухамед бин Абдулвехаб- Џамиул ферид,стр.278)
Меѓутоа ова не се однесува на оној кој издава закони за кои не говорел Куран ниту суннет, нити закони кои се темелат на иџтихадот и околу кои се разидува исламската улема.
Оној кој ќе издаде закон со кој се дозволува блуд или камата или било што од гревовите за кои се знае дека се забранети со шеријат,станува неверник и станува неверник секој оној секој кој со свое задоволство и согласност учествува во издавање на таквиот закон.
Но не станува ќафир на пример оној кој сака да уреди сообраќај, или слично на она што шеријатот не говорел, ниту го спомнал. Исто така не станува ќафир оној кој сака да се доведе во ред прашањето на цени на тржиштето, и неможе да се каже дека одредувањето на цените е харам, бидејќи одредени алими тоа не го дозволуваат, а некои факихи тоа го дозволуваат.
Од горе наеденово јасно се гледа дека неверници стануваат луѓето кои на тагутите им ги признаваат тие права и со нив се задоволни и судат по нивните закони кои се спротиставени на исламот во неговите општопознати темелни работи и принципи.
Зар не гледаш како оние кои тврдат дека веруваат во она што ти се објавува тебе и во она што е објавено пред тебе, па сепак сакаат пред тагутот да им се суди, а наредено им е да не веруваат во него. А шејтанот сака само во голема заблуда да ги наведе.(Ен Ниса ,60)
Извадок од книгата „Иман-темел-суштина-негација“ од др.Муахммед Нуајм Јасин
Comments