top of page
Writer's pictureinfoislam

Дали умрениот знае и чувствува кога некој го посетува неговиот гроб?

Одговорил: Абдулазиз б. Абдуллах бин Баз

Аллах најдобро знае дали умрениот чувствува кога некој ќе го посети. Некои учењаци од првите генерации се на став дека умрениот чувствува кога некој го посетува, но колку што мене ми е познато такво нешто нема јасен доказ. Меѓутоа, суннет е, колку што знаеме, мртвите да се посетуваат и да им се одговара со зборовите: Ес-селаму алејкум даре кевимил-муминин ве инна ин ша Аллах бикум лахикун, неселуллахе лена ве лекум-л-афијете, јагфируллаху лена ве лекум, јехамуллахул-мустакдимине минна вел-мусте хирин. Ова е она што на сите ни е пропишано, а кога е во прашање дали мртвиот чувствува или не, потребно е за такво нешто да се има доказ.

Без разлика дали умрениот ја чувствува нашата посета или не, на нас ни е суннет да го посетуваме и за нив да довиме, бидејќи за тоа имаме награда, а тие имаат корист. Нашата дова(молитва) и посета на умраните ни користи за да имаме награда бидејќи со тоа се потсетуваме на смртта и онај свет. Доколку човек би седел покрај мезарот и дал селам (поздрав) како што кажавме со зборовите погоре тоа би му било доволно. Меѓутоа,  подобро е кога човек ќе го посети гробот од некој од својата фамилија и потполно се наслони до гробот. Значи, најдобро и најпотполно е ако во потполност се приближи до гробот на својот татко, брат, пријател и сл и каже: Ес-селаму алејкум о ти кој лежиш во гробот (по име ќе го отпоздрави), нека е милоста Аллахова над тебе и Неговиот бериќет. Нека Аллах ти опрости, смилува,  и нека ти ја зголеми наградата за добрите дела.

Фетва: Ибн Баз, Фетава мурун алед-дерб, 1/26

0 views0 comments

Comments


bottom of page