Христијаните не го признаваат Мухамед за пророк или Пратеник, бидејќи според нив тој учи директно спротивно на Христа.
Христос рекол: Секој што ја остава жената своја и се жени со друга, прељубодејствува, и секој што се жени со напуштена, прави прељуба (Лк. 16, 18); и жена, ако го напушти својот маж и се омажи за друг, прељубодејствува (Мк. 10, 12).
Одговор: Според Евангелие според Матеј 5:17-19 Исус вели дека неможе да се промени ниту една јота од Законот. Но сепак таа јота била променета не од Исус туку од неговите следбеници. Особено од Павле. Значи бил променет пристапот кон молитвата и постот, биле променети некои закони за кои не сме со сигурност известени, но не и законите на вишеженство, на прељуба, ниту се променети законите во поглед на камата, во поглед на забранети јадења и слично, старозаветните посултати опстанале. Јасно е дека денешното христијанство е далеку од тој палестински Евреин кој се држел до еврејските обичаи, кој проповедал на старохебрејски и староарамејски јазик, и го толкувал еврејскиот Законик, иако често тоа толкување го ставало во неприлики, па дури и до протерување од едно во друго место, а на крај до обид за негово убиство и распнување.
„ А свињата, иако има раздвоен папок, не преживува: нека е за вас нечиста! Нејзиното месо немојте да го јадете ниту се приближувајте до нејзиниот леш. (Стариот Завет, Повторени Закони, 14. 8 )
„А свињата, иако има раздвоени копита, не прежива; нека биде нечиста за вас. Не јадете од нејзиното месо ниту допирајте ја нејзината мрша. “(Второзаконие, 5-та книга Мојсиева, Глава 14/ 8)
„..живеат по гробовите и ноќе, на скришни места, јадат свинско, ставаат во садовите нечисти јадења.“ (КНИГА НА ПРОРОК ИСАИЈА Глава 65/4)
„..Не јади свинско, зато што е нечисто. Не го јади оваа животно и не го допирај неговото мртво тело, затоа што е нечисто (Трета книга Мојсиева 11, 7.8.)
Според ова сите забрани во Тевратот(Тората) станале дозволени со правното решение на апостол Павле. Според ова во неговиот закон не постојат забранети работи, сем за оние кои се нечисти. Па така чистите работи за нечистите се нечисти, а нечистите работи за чистите се чисти. Ова е многу чудно мислење доколку е точно.
Во Посланието до Римјаните (14:14) се вели:
“Знам, и уверен сум во Господа Исуса, дека ништо не е нечисто само по себе, туку само за оној, кој смета дека нешто е нечисто – нему му е нечисто.”
А во посланието до Тит (1:15) се вели:
“За чистите сé е чисто; за оние кои се нечисти и кои не веруваат, ништо не е чисто, туку им се онечистени и разумот у совеста.”
Од предходните два текста се подразбира дека Муса(Мојсие) а.с. и сите останати израелски веровесници се до Иса(Исус) а.с. и неговите следбеници, не биле чисти па затоа им се забранувало сé . И така Исус не бил во можност да го укине законот на Мојсие а.с., но бидејки следбениците на Павле се чисти, сите забранети работи и сите забранети јадења на нив им станале дозволени. Така Павле успеал во потполност да го укине законот на Мојсие а.с. Вложил голем труд да докаже дека сите прописи на Тевратот се дерогирани и дека се станало дозволено. Во прво послание до Тимотеј (4:1-7) Павле напишал:
“(1) А Духот јасно вели дека во подоцнежните времиња некои ќе отстапат од верата и ќе слушаат измамливи духови и ѓаволски учења, (2) преку лицемерството на лажливците, кои се жигосани во својата совест, (3) кои забрануваат стапување во брак и бараат воздржување од јадењата, што Бог ги создаде за да ги земаат со благодарност верните,кои ја познаа вистината.(4)Зашто секое Божјо создание е добро и ништо не треба да биде отфрлено, ако се прима со благодарност, (5) зашто се осветува преку Божјото слово и молитва. (6) Ако ги советуваш во ова браќата, ќе бидеш добар служител на Христа Исуса, кој се храни со зборовите на верата и на добрата наука, што ја следиш.(7) А избегнувај од нечисти и бебешки приказни!” Според други ваквиот пристап кон она што Павле го кажал може да биде и неосновано. Не постои Библиска основа дека 14-тата глава од Посланието до Римјаните го негира Божјиот Закон во однос на делот за поделбата на чиста и нечиста храна. Самиот текст во 14-та глава Јасно зборува дека се работи за месо кое било жртвувано на идолите, и воопшто не бил предмет на дискусија Божјиот Закон.
Бидејќи Павле им пишувал на Римјаните од градот Коринт каде оваа тема била во центарот на вниманието, Павле инспириран од моменталната состојба во Коринт и поткрепен со Библиските текстови на истата тема, ги напишал своите коментари до Римјаните во 14 глава.
Повеќе Библиски извори тврдат дека Павле го напишал Посланието до Коринтјаните околу 55 год.н.е., а неговото Послание до Римјаните го пишувал од Коринт во 56 или 57 год. н.е.
Расправијата која се случила во Коринт (Прва Коринтјани 8 – 10 глава) се однесувала на оние меса кои биле жртвувани на идолите.
Римјани 14:2 дава впечаток дека постои контрадикторност помеѓу “оние кои јадат само зеленчук” од “оние кои веруваат дека им е дозволено да јадат се”(и месо и зеленчук). Во Римј.14:21 станува јасно дека главната тема во целата глава се однесува на месото кое било жртвувано на идолите:
“Добро е да не се јаде месо, ниту да се пие вино, ни да се прави нешто, поради што твојот брат се сопнува или соблазнува, или слабее.”
Римјаните во своите пагански храмови жртвувале на своите идоли месо и вино кое во дел било спалувано на жртвениците, а останатиот дел бил продаван на пазарите. Поради тоа, постоела опасност Христијаните во незнаење да купат такво месо од пазарите или да јадат такво месо во домот на некој пријател.
Тоа не значи дека во секој детаљ верата на Адам и Ное и верата на Исус и Мухаммед била во секој аспект иста, туку таа била надградувана во текот на времето, а со исламот е удрен печат и крај на Објавите. Но, за да се разбере тоа, треба да се разбере развојот на заветот во исламот кој не е ист како оној на денешното христијанство, каде догмата вели дека луѓето за да го разберат Бог требало да поминат од фаза на Едноштво во фаза на Троичниот Бог или „Бог во три лица“.
Едноштвото е темел на исламската доктрина и тој е јасно видлив во основата на јудаизмот и христијанството, и со тоа тие даваат иста универзална порака за разбирањето на Бог во сите временски периоди, а тоа е обожување на Единиот Бог без посредници, следењето на Неговиот закон и негирањето на лажните божества и идеологии.
Bình luận