Возвишениот Аллах од својата мудрост сторил да понекогаш срцата на робовите станат немарни и сторат некои од гревовите, бидејќи кога тие постојано би биле трезвени онака како што биваат кога постојано се предадени на Аллах и неговиот пат, тогаш не би сториле никаков грев. Меѓутоа тие понекогаш и ќе зфрешат, а во тоа има две големи користи:
Прва корист: Признавање на грешниците дека згрешиле према својот Господар, бидејќи кога главата ќе ја спуштат и инаетот ќе го победат на Аллах џ.ш. Му е помило отколку од многубројните добри дела. Бидејќи кога човек е постојано во покорност кон Возвишениот Аллах, тоа предизвикува кај човек возгордеаност и умисленост, какко што стои во хадисот: „Кога не би грешеле би ви се случило нешто поголемо од гревот, а тоа е умисленост“(Тирмизи)
Хасан вели: Кога човек секогаш би бил во право и кога секое негово добро дело би било добро, би можел да полуди од умисленост.“
Други пак велат: „Гревот поради кој зависам од Аллах помил ми е од покорноста за која што мислам дека имам некоја привилегија кај Него.“
Цимолењетои плачот на грешникот помило е кај Аллах од оние кои на глас Го молат. Бидејќи гласот на оние кои Го слават „можеби“ го прати свеста за зависноста од Аллах, а цимолењето на грешникот сигурно го украсува предаденост и чувство на зависност од Аллах.
Хасан вели:„Роб ќе стори грев и не го заборава и се плаши се додека не влезе во Џеннет[1].“ Бидејќи кога човек ќе погреши ќе се покае и кога нешто ќе пропушти ќе жали и кога ќе скршне на Вистинскиот пат ќе се врати, и кога нешто пропушти ќе го надокнади и ќе се врати од ивицата на страста на обалата на спасот, како што рекол некој:
Зеницо на окото мое,
На мене ми требаш,
А што е помеѓу нас двајца
Тоа се моите гревови.
Зеницо на окото мое
Јас сум давеник,
Па прими ја раката на давеникот,
Да натебе се ослони..
Втора корист: Опроста и милоста се наменети за еден роб на Аллах, бидејќи Аллах џ.ш. сака да простува и негови имиња се Ел Гафар(кој многу простува), Ел Афуву(кој простува)и Ет Теваб(Кој покајување прима)
Кога луѓето не би грешеле за кого тогаш би бил наменет опростот?
Ова не е охрабрување да се греши, туку напротив повик за покајување, бидејќи Аллаховите порти се отворени, Неговите благодетти спрам нам се големи и тие одат и си доаѓаат. Коко луѓето да прават намерни гревови кога због гревовите исчезнуваат благодеттиите и доаѓа Аллаховата џ.ш. казна. Возвишениот Аллах вели:
Тоа е затоа што Аллах нема да го лиши од благосостојба народот на кого Тој веќе им ја подарил, сè додека тој (народ) самиот не се промени.
А Аллах сè слуша и сè знае.(Ел Енфал 53)
„Тевба“ Ебу Убејде Хани Ел Хаџ
Превод Ебу Абдулмалик
[1] рај
Comments