top of page
Writer's pictureinfoislam

Дедо Мраз и нова година не се дел од исламот


Во хадисот кој го бележат Бухарија и Муслим, а го пренесува Ебу Хурејре, Мухаммед,с.а.в.с., рекол: “Ќе ги следите обичаите на народите пред вас, педа по педа, лакот по лакот, се дотаму, да, кога тие би влегле во гуштеровата дупка и вие ќе влезете по нив!” –‘Дали се тоа евреите и христијаните?’ – прашавме. “А кој друг?”,одговори Мухаммед,с.а.в.с. – Вероватно најдобриот пример и доказ на слепото следење на туѓите обичаи е прославувањето на Новата година, која што во својата основа е христијански празник… Всушност, Новата година, која што како празник се празнува на 31 Декември, и Божиќ, кој се прославува на 25 Декември (католиците и дел од православните христијани кои го прифатиле Грегоријанскиот календар, Божиќ го слават на 25 декември, додека дел од православните цркви кои се водат според стариот Јулијански календар, раѓањето Христово или Божиќ го одбележуваат на 7 јануари), се поврзани со верската врска која што јасно се препознава низ ликот на “Свети” Никола, или Дедо Мраз, потоа преку китењето на елките (иако китењето на елките за некои христијански деноминации е пагански обичај), како и низа многубројните симболи на христијанството. Овде значи, всушност се работи за вера, за животни принципи, за идентитетот.

Муслиманите не би смееле себеси да си дозволат да ги помешаат лончињата и да отстапат од принципите на исламската вера поради лажниот соживот и неоправданото лутење и критики на оние кои што не се муслимани, а кои итекако се држат до својот идентитет и своите верски убедувања и кои што бараат муслиманите да се откажат од она, од што тие самите никогаш не би се откажале.

Како соживотот да зависи само од нас, и како да добрососедските односи зависат од тоа дали ние ќе сакаме да им ги честитаме празниците на христијаните, и да учествуваме со христијаните во нивното празнување на нивните празници. Кога велиме дека овде се работи за вера, тогаш тоа значи дека во сите работи и сите животни прашања мораме да им се вратиме на исламските извори ако сакаме за нешто да донесеме исправен суд. Исламот има јасен став кога се во прашање христијанските, еврејските и сите други неисламски празници, и тој став е темел на исламската вера.

Славејќи го Божиќ, христијаните, всушност, го слават раѓањето на Бога, на Аллах Му се приклонуваме од тоа искривено верување, или го слават раѓањето на Божјиот син, зависно од тоа како кој од нив гледа на личноста Иса, а.с., и неговата мајка, чесната и честита жена Мерјема, а.с. Побивајќи го искривеното верување на христијаните и догмата за тројството, Аллах,с.в.т., во Кур’анот вели:

“Неверници се тие што велат: „Бог е Месих, синот Мерјемин!“ А Месих говореше: „О, синови Израилови, обожувајте Го само Аллах, и мојот и вашиот Господар!“ Кој на Аллах ќе Му припишува здруженик, Аллах ќе му го забрани влезот во џеннетот и неговото живеалиште ќе биде џехеннемот; а на злосторниците нема никој да им помогне!” (Ел-Маида: 72)

После ова Аллах , с.в.т., вели:

“Неверници се тие што велат: „Бог е дел од тројството!“ А само еден е Бог! И доколку тие не се откажат од тоа што го велат, неиздржливо страдање, навистина, ќе го стигне секој од нив кој неверник ќе остане. ”(Ел-Маида:73)

А потоа Аллах, с.в.т., предупредува на правата вистина за Иса, а.с., и вели: “Месих, синот Мерјемин, е само Пратеник, и пред него доаѓаа и заминуваа Пратеници, а мајката негова беше вистинољубива; и двајцата јадеа храна. Погледни како Ние изнесуваме јасни докази и потоа погледни ги нив како се одметнуваат.” (Ел-Маида: 75)

Зарем овие ајети не се сосема јасни, и зарем убедениот муслиман може на себе си да си дозволи да учествува во прославување на празниците кои што во својата суштина се голем грев кон Аллах,с.в.т.?

Познатиот исламски учењак Ибнул-Кајјим, во своето дело “Ahkamu ehlu-z-zimme“, вели: “ Што се однесува до честитањето на она што е исклучително од верски карактер, тоа е забрането според консензусот на исламските научници, како што е честитањето на христијанските и еврејските празници со зборовите: ‘Нека ти е среќен празникот’, и сл. Ако тоа и не е чин на неверство, во најмала рака е харам, бидејќи е на степенот на честитање сеџде на идолот, и тоа е поопасно од тоа некому да му го честитаме пиењето алкохол, или правењето блуд. Оној кој некому ќе му го честита грешењето, новотаријата и неверството, се изложува себеси на Аллаховата лутина и казна!”

Мухаммед,с.а.в.с., го забранил прославувањето и одбележувањето на џахилиетските (предисламските) празници кои ги затекнал во Медина, велејќи дека Аллах ги заменил со подобри денови, а тоа се Бајрамските денови. Пратеникот,с.а.в.с.,значи, не ги потврдил тие празници, а да ги потврдил, тие и понатака би се прославувале.

Прославувањето на неисламските празници е своевиден вид на имитирање, за кое не предупредил Мухаммед,с.а.в.с., велејќи: “Кој го имитира (опонашува) еден народ, тој нему му припаѓа!” ( Бухарија и Муслим)

Ако некој би рекол дека со тоа не сака да имитира и поистоветува, ние му велиме дека тоа повторно е харам, бидејќи Пратеникот,с.а.в.с., го забранил клањањето намаз во времето на изгревање и заоѓање на Сонцето, само поради тоа што тогаш обожавателите на Сонцето му прават сеџда (поклонение) на Сонцето. А за ненормалното трошење на парите кои што се издвојуваат од државниот буџет за да се накитат и нашминкаат градовите, зградите и улиците, поради што никој нема да одговара и полага сметка, за оргиите, неморалот, простотилокот и лудувањата во ноќта на која складно со своето однесување, оние кои што ја слават и го дале името “најлудата ноќ”, да не зборуваме.

Вистината ја рекол Возвишениот Аллах: “Не се слепи очите, туку срцата во градите!”

Абдуссамед Бушатлиќ

0 views0 comments

Commentaires


bottom of page