Се смета дека Денот на љубовта е римски идолопоклонички празник на божествената љубов кој се обележувал пред седумнаесет века кога со Римското царство владеело паганството, но се продолжило да се обележува и после римското примање на христијанството.
Многу легенди се врзуваат за овој празник, а една од најпознатите легенди е римското верување дека тој ден Ромул, основачот на градот Рим, го подоила волчица, така што на тој начин се стекнал со сила и проникливост. Римјаните оваа случка ја славеле кон средината на февруари, а било обичај тој ден да се заколи куче или коза, со чија што крв ќе се намачкат две силни момчиња, потоа таа крв ќе ја исперат со млеко, а потоа ја предводеле поворката која шетала низ улиците. Тие две момчиња носеле со себе две парчиња кожа со која ги допирале сите оние кои ќе поверувале. Римјаните ова со воодушевување го дочекувале затоа што верувале дека ги штити и лечи од неплодност.
Врската на свештеникот Валентин со Денот на љубовта
Во 292.година свештеникот Валентин подлегнал на мачењето на владетелот Колодијас, а 350.година му е изградена црква во Рим.
Кога Римјаните примиле христијанство продолжиле да го обележуваат Денот на љубовта, но сега почнале да веруваат дека таа божествена љубов се преобразила во сведок на љубовта, која ја преставувал Валентин, повикувачот во љубов и мир, кој според нивното мислење, се жртвувал на тој пат.
Исто така, тој ден е наречен и Ден на вљубените, затоа што се сметало дека Валентин бил заговорник на заљубените и нивни заштитник. На овој празник се пишеле имиња на девојки на парче хартија, а потоа се повикувале момчиња, кои сакале да се женат и тие извлекувале едно од парчињата хартија. Кога момчето ќе извлечело од хартијата на која е напишано името на некоја девојка, се сметало дека тие двајца се судени еден за друг, а потоа се венчале или го повторувале извлекувањето следната година на Денот на љубовта. Христијанските верски службеници сметале дека овој празник доведува до неморал меѓу младината, затоа го прогласиле за неважечки. Не е познато кога дошло до повторно оживување на овој празник.
Најважни обележја на овој празник се:
1. Искажување среќа за тој празник
2. Разменување на црвено цвеќе кое кај римските идолопоклоници преставувало симбол на љубовта упатена кон боговите, покрај Аллах, а кај христијаните симбол на љубовта и заљубените,
3. Делење на честитки – на некои честитки се наоѓа слика на момче со две крила, лак и стрела, а кое преставува божество на римските идолопоклоници, а на други честитки пише “Биди Валентин“.
За она што го предочивме за Денот на љубовта, јасно е следното:
Основата на овој празник е идолопоклонското верување на Римјаните. Затоа, оној кој го обележува овој празник всушност го величи идолопоклонството и обожува некој кој не е достоен за обожување, а тоа е се она што се обожува покрај Возвишениот Аллах.
Возвишениот вели: „Аллах, сигурно, нема да прости Нему други да му сметате рамни, а ќе прости на кого сака она што е помалку од тоа. А далеку залутал оној кој смета дека некој на Аллах му е рамен.“(Ен – Ниса, 116)
Возвишениот исто така вели: „А тебе, и на оние пред тебе им е објавено: Ако на Аллах други рамни му сметаш, твоите дела сигурно ќе пропаднат, а ти ќе бидеш изгубен. Туку, на Аллах единствено клањај се и биди благодарен!“(Ез – Зумер, 65, 66)
Настанувањето на овој празник кај Римјаните е врзан за легенди и митови кои не ги прифаќа нормалниот разум.
Дали нормалиниот разум може да прифати дека една личност е подоена од волчица и при тоа добила сила и проникливост, кога тоа го дава само Возвишениот Аллах?! Или жртви да се принесуваат на идоли, верувајќи дека користат или штетат, како што тоа Римјаните работеле и така на Аллах му препишувале другар?!
Врската на свештеникот Валентин со овој празник не е потврдена, затоа што некој го сметаат за легенда, а посебно треба да се има во предвид дека христијанските верски службеници го прогласиле за ништовен. Со оглед на тоа дека и христијаните се сомневаат во неговата врска со овој празник, муслиманите пак не смеат ни да помислат да го обележуваат истиот.
Христијанските свештеници, кои и така се во заблуда, сметаат дека овој празник води кон неморал помеѓу младината, па тогаш што да се каже за муслиманите кои се на патот на Вистината по прашањето на отфрлање и негирање на овој празник.
Зошто муслиманите не го обележуваат овој празик
Некои од нив кои го обележуваат овој празник ќе речат дека исламот повикува во љубов и мир, а Денот на љубовта е прилика да се шири љубовта меѓу муслиманите. Зошто тогаш да се забранува?!
На ова ќе ви одговориме од повеќе аспекти
1. Празниците во исламот се ибадети со кои робот му се приближува на Возвишениот. Во исламот не постои нешто што се вика празник, освен денот петок и Рамазанскиот и Курбанскиот бајрам, така да никој нема право да прогласува празник кој не е потврден во Куранот, а ни во суннетот на Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селам. Затоа овој празник е новотарија во верата.
2. Имитирањето на неверниците, сеедно дали се идолопоклоници или некои други, е забрането. Возвишениот вели: „Зарем не е време на верницитесрцата да ми омекне кога Аллах и Вистината која се објавува ќе се споменат, и тие да не бидат како оние кои одамна Книгата им е дадена, па срцата нивни, затоа што поминало многу време, станале немилосливи и многумина од нив грешници непослушни.“(Ел – Хадид, 16)
Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селем рекол: „Кој имитира еден народ, нему и му припаѓа.“ Имитирањето на неверниците во она што е поврзано со нивната вера, како што е обележувањето на Денот на љубовта, полошо е од имитирањето на истите во обичаите и облекувањето, затоа што нивната вера е или измислена или изменета, а она што не е изменето – укинато е.
3. Под Денот на љубовта денес се подразбира ширење на љубовта меѓу луѓето, верниците и неверниците, а ова е во контардикторност со она што го наложува исламот, затоа што Возвишениот забранил љубов со неверниците. Возвишениот вели: “Не треба луѓето кои во Аллах и во оној свет веруваат да бидат во љубов со оние кои на Аллах и Пратеникот Негов му се спротиставуваат...“(Ел – Муџаделе, 22)
4. Под оваа љубов кај христијаните се подрзбира љубовта на оние кои се сакаат а не се во брачна врска, што резултира со ширење на блудот и прељубата. Поголемиот дел муслиманската младина го обележува овој празник од страст, а не поради верување во легендите на Римјаните и христијаните, но сепак се сметаат за оние кои ги имитираат неверниците во нивната вера. Во ова се крие голема опасност по верувањето на муслиманите, која може да го однесе и во неверство.
Обврски на муслиамните по прашањето на Денот на љубовта
Врз основа на изложеното ќе го резимираме она што секој муслиман е задолжен по прашањето на овој празник.
1. Не смее да го обележува, ниту да биде во присуство на оние кои го обележуват, што се заклучува врз основа на доказите кои ги наведовме, а кои укажуваат на негова забрана.
2. Да не се потпомагаат муслиманите, кои го обележуваат овој ден, во тоа, туку обврска ни е да ги одвраќаме од тоа. Шејхул – ислам Ибн Тејмије, Аллах да му се смилува рекол: „Како што не ги имитираме во нивните празници, така нема да се помага муслиман во тоа, туку тоа ќе му се забрани.“
На муслиманите не им е дозволено да учествуваат во купопродажбата на подароците по повод овој празник, затоа што тоа е еден вид на потпомагање на зло со кое Возвишениот не е задоволен, ниту им е дозволено да примаат подароци по повод овој празник, затоа што со тој чин се признава истиот.
3. Да не се разменуваат честитки по повод тој ден затоа што тоа не е празник на муслиамните. Ибнул – Кајјим, Аллах да му се смилува рекол: „Забрането е честитање на она што е обележје на неверството, како што е честитање на нивните празници и пост, со зборовите ‘нека ти е честит празникот’. Ако оној кој ова ќе го каже се спаси од неверството, во харам сигурно паднал. Ова честитање е исто како да им го чеституваш правањето сеџда на крстот и поголемо е кај Аллах од честитувањето за пиење вино, или убиство и сл.“
Многумина кои не ја вреднуваат верата го обележуваат овој празник и не знаат за тежината на она што го прават. Оној кој му честита на робот на гревот, новотаријата или неверството се изложува на Аллаховата омраза и лутина.
Го молиме Возвишениот Аллах да ги сочува муслиманите од заблуди и интриги.
Извор: minber.ba
Comments