Во едно ново истражување, научниците ја проучувале распростанетоста на депресијата во голема низа на различни земји.
Истражувањето заклучило дека депресијата е раширена ширум светот. Во земјите со висок приход, 15 % од испитаниците имале барем една епизода на озбилна депресија во текот на животот, додека кај земјите со ниски приходи бил за 4 проценти помалку, околу 11%. Истражувањето се темели на детални интервјуа со 89 000 луѓе во 18 земји. Меѓу нив биле земјите со високи приходи, како што се Шпанија, Јапонија и САД, но и тие се со ниски и средни приходи, вклучувајќи ја Индија, Либија и Украина.
Истражувањето било спроведено во соработка со инцијативата за истражување на ментално здравје на Светската здравствена организација.
Евелин Бромет на државниот универзитетот во Њујорк, кажал дека луѓето во истражувањата биле прашани дали поминале низ период на депресија во последните денови од годината:
– Статистички биле многу слични во сите овие земји. Просечно за високо-развиените земји е околу пет и пол проценти. Просекот за земјите со понискиприходи, изнесува околу шест проценти.
Г-ѓа Бромет е првиот автор која објавила стручна работа за резултатите на ова истражување. Таа вели дека депресијата е многу повеќе од едноставночувство на тага, кои понекогаш сите ја имаме:
– Озбилна депресија се дефинира како период во кој имаме само неколку симптоми на депресија кои траат цел ден, секој ден, најмалку две недели.
Овие симптоми вклучуваат губење апетит, проблеми со концентрацијата, несоница, и обид за самоубиство.
Со приближно ист процент на депресија во различни земији оваа меѓународно истражување покажало и други сличности.
– Жените често минуваат низ периоди на депресија отколку мажите, а тоа еисто во сите земји. Исто така, луѓето кои се разведени или прекинале врска,имале поголема веројатност да доживеат депресија на телото, вели Брометминатата година.
Една од разликите се однесува на возраста. Во САД и Западна Европа, процентот на депресијата бил најголем меѓу младите луѓе.
– Сепак, кога го извршивме истражувањето во Украјна и некои сиромашни земији, се покажало дека ситуацијата е спротивна- старите луѓе имале поголеми шанси до заболување од депресија во последните дванаесет месеци, отколку млади луѓе, вели Бромет.
Г-ѓа Бромет предводеше истражувачки тим во Украина, и вели дека највисок процент на депресија биле поврзани со постарата генерација која тешко се прилагодувала на промените во пост-комунистички свет.
Евелин Бромет и нејзините 21 колеги опишале меѓународни димензии на тешка депресија во списанието БМК Медицина
Преземено: ИсламБосна ( http://www.islambosna.ba/ )
Comentarios