top of page
Writer's pictureinfoislam

Дерогациите кои се случувале како поширок религиски контекст

Значењето на “дерогација” во терминологијата на исламот е дека Возвишениот Аллах знае дека одредени прописи, наредби или забрани остануваат или не остануваат актуелни и задолжителни за оние, поради кои се донесени се до одреден рок, на Него познат.

Тој, Возвишениот, пропишува друг закон во кој се пропишува дополнително задолжение или олеснување во однос на претходниот пропис или пак тој потполно се укинува. Така овој втор пропис, всушност, е само објаснување дека треба да се прекине со работа по основ на предходниот. Меѓутоа ние сме задолжени со одреден пропис, бидејки за друг не сме ни знаеле, како што не сме го знаеле и неговото време на пропишување. За нас првиот пропис не е привремен и ние го сметавме за вечен. Кога е донесен втор пропис, поради ограничеността на нашите умови, мислиме дека се работи за измена и обнова на првиот пропис. Меѓутоа тој кај Аллах не е измена и обнова туку само известување дека работата по основ на првиот престанува.

Ова е голема мудрост и корист која Аллах ја знае, сеедно таа дали ќе ни се открие или не, бидејки сите закони кои Аллах ги пропишал за неговите робови се за нивна корист. Тоа се гледа во добивање корист или нејзино пополнување, како и отстр…анување на злото или негово намалување. Мудростта и користта постојат во однос на состојбата на луѓето кои се обврзани или време и простор и тоа е нешто што никој не знае сем Аллах (славен да е Тој ).

Затоа “дерогацијата “- е исклучиво негово право. Тука не постои согледување, кое е невозможно да му се припише на Аллах ,бидејки неговото знаење е исконско и вечно. Тој знае сé пред да се случи, а согледувањето на времето е својствено само на нас луѓето.

Во поглед на другите верувања и закони издојуваме тоа што претходело.

Во Стариот и Новиот завет постојат приказни за кои Исламот кажал дека се навистина лажни, како што се следните:

  1. Дека Лот а.с. направил блуд со своите две ќерки, и дека двете забремениле од него; (Битие 19 : 30 – 38) .

2. Дека Јуда синот на Јаков а.с. направил блуд со неговата снаа Тамара и дека таа од тој чин забременила и ги родила близнаците Фарес и Зара: (Битие 38 : 12 – 30) ; и дека веровесниците Давид а.с. , Соломон а.с. и Исус , се вонбрачни деца на Фарес: (Евангелие според Матеј 1: 3 – 16) – се мисли според лоза.

3. Дека Давуд а.с. направил блуд со сопругата на Уриј , па од тој однос таа забременила. Потоа тој со измама го убил нејзиниот сопруг и ја зел за своја жена; (Втора книга Самоил 11: 2 – 27)

4.Дека Соломон а.с. кон крајот на својот живот станал отпадник од својата вера, им робувал на киповите и им направил храм во кој ќе им се моли; (Прва книга цареви 11:1-13).

5. Дека Арон(братот на Соломон) а.с. им направил теле на израелците, дека лично го обожавал и им наредил да му се поклонуваат; (Излез 32 : 1 – 6).

За овие и слични приказни не велиме дека се дерогирани, туку дека се без сомнение, лага и клевета врз веровесниците на Аллах.

Оттука, Псалмите не ја укинуваат Тората ниту пак Евангелијата ги укинуваат Псалмите, бидејки тие се збир на молитви, а молитвите не се укинуваат, освен доколку немаат ширк и паганство во нив.

Погледнете ги првин овие 5 точки, убаво детално, па продолжете да го читате што следно ќе кажам за Павле..

Постојат општи прописи соодветни за укинување и ние признаваме дека некои од нив се наоѓаат и во Тората.

Исламскиот верозакон неколку од нив укинал. Не велиме дека исламскиот верозакон го укинал секој пропис во Тората, бидејки некои од нив, навистина не се укинати како што се на пример:

– забрана за кривоверство, убивањето, блудот, хомосексуалноста, кражбата, лажното сведочење, клеветење на соседот во имотот и честта, да се склопи брак со забранети лица и малтретирање на родителите. Наведените забрани останале полноважни и во исламскиот законик, значи не се укинати.

Понекогаш дерогателниот пропис се наоѓа во законот на новиот веровесник , а дерогираниот кај претходниот веровесник, а понекогаш двата прописи и дерогателниот и дерогираниот се наоѓаат во законот на еден ист веровесник.

Пример за ова е дозволата во законот на Адам а.с. брат и сестра да имаат заеднички брак, подоцна со законот на Мојсие ова бива укинато.

Според верозаконот на Мојсие а.с. било дозволено да се разведе жена од било која причина. По излегувањето од неговиот дом, му било дозволено на секој човек да се ожени со неа, како што се наведува во Второзаконие (24:1-4). Меѓутоа, во законот на Исус а.с. развод не бил дозволен освен поради блуд и не било дозволено никому да се ожени со таква оставеничка. Бракот со оставеничка бил еднаков на блуд,како што е појаснето во Евангелието според Матеј (5:31-32):

“(31)Исто така било речено:Кој ќе ја остави својата жена нека и даде разводно писмо.(32) А јас ви велам дека се- кој ,кој ја остава својата жена,освен за прељуба,и кој се оженува со така напуштена,врши прељуба.”

Во евангелието според Матеј (19:8-9) стои одговорот на Исус а.с. на Фарисеите:

“(8)Им рече:,,Заради вашето закоравено срце,Мојсеј ви дозволи да ги оставате вашите жени,но во почетокот не беше така.(9) Туку ви велам :,,кој ќе ја остави својата жена освен за прељубодејство-и се ожени за друга,прави прељуба; и кој ќе се ожени со напуштена, прави прељуба.”

Ова се однесува точно поради тоа што евреите не го разбрале овој пропис и го злоупотребиле. Исус често искажува и лошо говори за фарисеите на кои им објавил „војна“.

Еден таков фарисеј и доста учен свештеник бил и самиот Павле. Павле дури бил Исус помеѓу луѓето и сеуште невоздигнат го користи своето знаење на Стариот завет и ги прогонува ионака малкуте христијани. Но тоа не е неговиот најголем грев. Најголемиот грев е искривувањето и дерогирањето на Исусовите зборови.

Значи и самиот Исус вели дека недошол да смени , да укине , туку да надополни од верозаконот. Меѓутоа, сите забрани во Тората станале дозволени со правното решение на апостол Павле. Во неговиот закон не постојат забранети работи, сем за оние кои се нечисти. Па така чистите работи за нечистите се нечисти, а нечистите работи за чистите се чисти. Ова е многу чудно размислување на фарисејскиот свештеник.

Во Посланието до Римјаните (14:14) се вели:

“Знам, и уверен сум во Господа Исуса, дека ништо не е нечисто само по себе, туку само за оној, кој смета дека нешто е нечисто – нему му е нечисто.”

А во посланието до Тит (1:15) се вели:

“За чистите сé е чисто; за оние кои се нечисти и кои не веруваат, ништо не е чисто, туку им се онечистени и разумот у совеста.”

Од предходните два текста се човек може да подразбира дека Мојсие а.с. и сите останати израелски веровесници се до Исус а.с. и неговите следбеници, не биле чисти па затоа им се забранувало сé. И така Исус .а.с. не бил во можност да го укине законот на Мојсије а.с., но бидејки следбениците на Павле се чисти, сите забранети работи и сите забранети јадења на нив им станале дозволени. Така нивниот поглавар Павле успеал во потполност да го укине законот на Мојсије а.с. . И наистина, вложил голем труд да докаже дека сите прописи на Тората се дерогирани и дека наеднаш се станало дозволено со „жртвата“ на Исус. Во прво послание до Тимотеј (4:1-7) Павле напишал:

“(1) А Духот јасно вели дека во подоцнежните времиња некои ќе отстапат од верата и ќе слушаат измамливи духови и ѓаволски учења, (2) преку лицемерството на лажливците, кои се жигосани во својата совест, (3) кои забрануваат стапување во брак и бараат воздржување од јадењата, што Бог ги создаде за да ги земаат со благодарност верните,кои ја познаа вистината.(4)Зашто секое Божјо создание е добро и ништо не треба да биде отфрлено, ако се прима со благодарност, (5) зашто се осветува преку Божјото слово и молитва. (6) Ако ги советуваш во ова браќата, ќе бидеш добар служител на Христа Исуса, кој се храни со зборовите на верата и на добрата наука, што ја следиш.(7) А избегнувај од нечисти и бебешки приказни!”

А чиви се овие „бебешки приказни“ ако не оние кои остапуваат од учењето на Исус кој вели дека не дошол да укине ниеден закон. На кого да му веруваме овде?! На Павле или на Исус? Ајде да видиме уште некои работи кои Павле ги укинал.

Укинување на израелските празници и сабота

Прописите окулу празниците и саботата, поширико се донесени во книгата Левит (23:1-44). Во исечоците: (14.21.31 и 41) се спомнува дека тоа се строги обврски кои важат за сите времиња и генерации на Израелците и задолжителни се да се спроведат во нивните домови. Празнување на саботата бил „вечен“ пропис на синовите Израилови во законот на Мојсие а.с. Секој кој ќе работел во сабота бил казнуван дури и со смрт. Нејзиното почитување се повторува на повеќе места во Стариот завет, а еве неколку од нив: Битие (2:2-3); Излез (20:8-11; 23:12; 34:21); Левит (19:3; 23:3); Второзаконие (5:12-15); Книгата на пророк Еремија (17:19-27); Книгата на пророк Исаија (56:1-8; 58:13-14); Неемија (9:14); Книгата на пророк Езекиел (20:12-24). А казнувањето со смрт секој кој ќе работел во сабота е напоменето во Излез (31:12-17; 35:1-3). Во времето на Мојсие а.с. е пронајден еден човек како собира дрва.Го извлелке од тоа место и го каменувале се до смрт, како што е наведено во Броеви (15:32-36). Павле ги укинал сите празнувања за саботата. Во неговото Послание до Колосјаните (2:16) тој напишал: “И така , никој да не ве осудува за јадење, или за млада месечина, или за саботи.”

Во коментарите на Девал и Џердемент се истакнува воведот на двајца истакнати проучувачи – коментатори на Библијата: “Кај евреите постоеле три врсти на празници: Еден годишен,еден месечен и еден седмичен. Сите овие се укинати, па дури и саботата. Наместо неа христијаните за нивен ден ја зеле неделата.”

Ова некако и ние го разбираме, од гледна точка на нова религија која не сакала да се поистовети со евреите, но Исус вели дека е испратен само при домот на изгубените овци Израилови.

И самиот Исус покажувал предаденост и почитување кон саботата и ова доста е присатно во евангелијата, и кога бил укоруван зошто држи предавања во сабота, често може да се види дека Исус всушност сака да им ја дообјасни саботата на евреите кои претерувале во поглед на тоа.

Обрежување

Прописот за обрежување постоел уште во времето на Авраам а.с. како вечна(внимавајте на зборовите) обврска, како што тој јавно обзнанува во книгата Битие (17:9-14). Издвојуваме само неколку реченици:

“(12)Секое машко среде вас,низ вашите поколенија,кога ќе наполни осум дена, нека биде обрезано…(13)…Така Мојот Завет на вашите тела ќе остане вечен Завет.” И таа одредба останала полноважна во времето на потомците на Ишмаил и Исхак а.с.,како и во законот на Мојсие а.с. Во Левит (12:3) особено за машко новороденче се вели:

” На осмиот ден детето нека биде обрезано.” И самиот Исус а.с. е обрежан. Евангелието според Лука (2:21) тоа ни го потврдува:

“И кога навршија осум дена, за Неговото обрезание, Му го дадоа името Исус…”

Во христијанските церемонии и денес постои молитва за денот кога Исус бил обрежан во знак на сеќавање на тој ден. Обврската за обрежување останала важечка во текот на целиот негов живот. Меѓутоа,Павле бил упорен во настојувањето да ја укине оваа одредба. Тоа јасно се увидува во неговите следни посланија: Послание до Римјаните (2:25-29); Послание до Галатјаните (2:3-5; 5:1-6; 6:11-16); Послание до Филипјаните (3:3); и во Послание до Колосјаните (2;11).

Но ќе укажеме само со две текста од Посланието до Галатјаните (5:2 и 6): “(2)Еве ,јас, Павле,ви велам: ако се обрезувате, Христос нема да ви користи. (6) Зашто во Христа Исуса ниту обрезанието има вредност, ниту необрезанието…”

Христијаните на овој начин, следејќи го Павле, со непочитувањето на овој „вечен“ пропис го напуштиле својот Божји гласник и веровесник. Од овде јасно се гледа дека Павле бил тој кој му се спротиставил на Исус.

Истото се случило и со свинското месо, со миење пред молитва со почитувањето на молитвите.

Павле и покрај тоа што во Стариот завет се дозволува развод на жена со маж кој и е починат, а кај Исусовото предание тоа се дозволува кога таа жена направила блуд и сл, тој тоа го негира и го менува како пропис и дури го нарекува блуд доколку жената се омажи после смртта на мажот(Римјани7-2).

Да не заборавиме дека проповедничката мисија на Исус била 3 години, и дека за тоа време покажал пример на идеален човек кој го најавил доаѓањето на потполната вистина. Ние муслиманите веруваме и според хадисите и знаеме дека Исус при неговото повторно доаѓање на земјата ќе се ожени и ќе ја употполни неговата мисија на земјата. Иако Исус укажува на неколку места дека свињата и кучето се нешто гадно и нечисто, истиот Павле оди во друга крајност Павле ги укинал сите прописи на Тората, без разлика дали тие се вечни или привремени, како и сите забрани и обврски. Според она што тој го напишал во своите посланија се е дерогирано, а неговите следбеници се од тоа ослободени.

Поимот за дерогација

Павле тврди дека она што е старо и распадливо е блиску до изминување, исчезнување, слабо, безполезно, грдо, лошо, пред исчезнување, отфрлено, и укинато. Значи, не е чудно тоа што Исламот ги укинал прописите на христијаните и евреите. Напротив, според зборовите на Павле, тоа било неопходно бидејки прописите на Книгата се застарени во однос на новите прописи на Исламот. Куранот е Последна Божја објава и ја дерогира претходната, со тоа што ги обновува некои загубени заповеди од стариот завет, воведува некои нови правила кои не постоеле и ги менува постојните, се во склад со развојот на човечкиот род и неговиот развој, духовен и материјален. Затоа и во темелите на исламот е да се верува во Тората ,Евангелието, Псалмите и Листовите на Авраам, но дека и сите тие Божји закони се менливи според природата на нештата. Тоа е со цел да се разбере дека истите доаѓаат од Еден единствен Извор кој единствено ја знае Мудроста на ова.

Во Исаија цело поглавје збори за една нова дерогација и верување.

11 Нека кренат глас пустината и нејзините градови, нека извикаат населбите каде што живеат Кидарците! Нека подвикнуваат жителите на Стената, нека воскликнуваат од горските врвови! Бог вели “НЕКА КРЕНАТ ГЛАС ПУСТИНАТА И НЕЈЗИНИТЕ ГРАДОВИ” , па зарем не се објави Куранот сред пустина. Кој го кренал гласот по пустинските Градови и Села за обожувањето на Семокниот Бог “АЛЛАХ”, никој друг , туку Муслиманите и “ИСЛАМОТ” .Погледни низ пустинските градови , кој живее таму, зарем не се Муслиманите тие кои се населени по пустинските градови… Кидарците се потомци на Исмаил а.с..

Матеј 3,3 вели „..подгответе го патот за Господарот на пустината, порамнете ги стазите негови…

За брзо време тоа пустинско царство ќе дојде и за брзо време тоа царство базирано на чист Монетеизам ќе загосподари со половина од тогашниот свет. А секој за себе треба да размисли кое е тоа Царство.

0 views0 comments

Comments


bottom of page