top of page
Writer's pictureinfoislam

Десет запоставени суннети

Освен тоа што ова е втор главен извор на исламот, така што од неговата конзистеност во голема мера зависат хармонијата и среќата на овосветскиот и идниот живот, ние како муслимани треба особено да имаме на ум дека тоа било обичај на најдобриот и најбараниот човек и пратеник кој некогаш одел по оваа земја и кој сите суштества го сакале. Пред сè, бил возљубен од неговиот Возвишен Господар, а потоа и од Аллаховите мелеци, од асхабите, па дури и од неподвижните Аллахови суштества, како дрвјата, камењата…Зарем не би сакале и ние да го следиме неговиот кодекс на однесување?

Во ова кратко излагање би споменале некои од суннетите на Аллаховиот пратеник с.а.в.с., кои, како што можев да забележам, станале плод на нашиот заборав или сме го намалиле нивното практикување. Сакав да се потсетам себеси, а и останатите муслимани, тргнувајќи од зборовите на Пратеникот с.а.в.с.: ”Кој ќе оживее во исламот убав суннет, тој ќе има награда за него и награда за сите оние кои ќе го прават после него”(Муслим).

1.Започнување со абдест пред гусулот (бањањето)

Од Аиша, радиалланху’анху, жената на Аллаховиот пратеник, саллаллаху’алејхи ве селлеме, се пренесува: ”Кога Пратеникот ќе се бањаше од џунуплукот, прво ќе започнеше со миење на рацете и абдест, како што го правеше тоа за намаз. Потоа ќе ги ставеше рацете во вода и со рацете ќе ги наквасеше влакната од неговата коса. После тоа три пати со раце полни вода ќе ја полееше главата, откако ќе го намокреше целото тело…”(Бухарија 843, Муслим 613)

2.Клањање два реката во џамија при враќање од пат

Од Каба ибн Малик, радиаллаху’анху, се пренесува: ”Аллаховиот пратеник саллаллаху’алејхи ве селлеме, кога ќе пристигнеше од некое патување, најпрвин ќе отидеше до џамијата и ќе клањаше два реката …”(Бухарија 8144, Муслим 617)

3.Мноштво дови пред предавањето на селам во намазот

Од Ебу Хурејре, радиалланху’анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник,саллаллаху’алејхи ве селлеме, кажал:”Кога некој од вас ќе биде на седење (ар.тешехуд) во намазот, од Аллах нека побара четири работи! Нека каже: Аллахуме инни‘еузубике мин’азаби џехеннеме, ве мин’азаби-л-кабри, ве мин фитнети-л-мајха ве-л мемат, ве мин фитнети-л-Месихи-д-Деџџал (Аллаху мој, од Тебе барам заштита од џехеннемското страдање, од страдањето во кабурот и од злото на Деџџалот!)”(Бухарија 7713, Муслим 985)

Од Ебу Бекр ес-Сиддик, радиаллаху’анху, се пренесува дека тој му кажал на Аллаховиот пратеник, саллалаху’алејхи ве селлеме: ”Подучи ме на дова која би ја учел во својот намаз!” Па тој му одговорил: ”Kажи- Aллахуме, инни залемту нефсии зулмен кесирен, ве ла јагфируз-зунупе илаа енте, фагфир лии магфиретен мин ‘индике, верхамнии, иннеке енте-л гафурурр-рахим! (Аллаху мој, кон себеси имам сторено многу неправда, а никој освен тебе не ги простува гревовите… Па прости ми со Својот опрост и смилувај ми се! Навистина никој освен Тебе не е оној кој многу простува и кој е Милостив!)

4.Посетување гробишта (мезари)

Од Ебу Хурејре, раиллаху’анху, се пренесува: ”Веровесникот, саллалаху’алехји ве селлеме, го посетил мезарот на својата мајка, па заплакал, а со тоа ги расплакал и оние кои биле со него. Прозборел– Побарав од својот Господар да ми дозволи да побарам опрост за неа, па не ми беше дозволено! Потоа побарав да ми се дозволи да го посетам нејзиниот мезар (гроб) откако ми беше одобрено! Заради тоа посетувајте ги гробиштата, затоа што тие ве потсетуваат на смртта!”(Муслим 679)

5.Повикување селам на оној кој го познаваш и на оној кој не го познаваш

Од Абдуллах ибн Амр, радиаллаху’анху, се пренесува дека некој човек го прашал Аллаховиот пратеник, саллалаху’алејхи ве селеме, кој ислам е убав, па добил одговор:”Да ги храниш луѓето и да повикуваш селам на оној кој го познаваш и на оној кој не го познаваш!”(Бухарија 21, Муслим 93)

6.Потирање на целата глава при месхот кога се зема абдест

Во прочуениот хадис кој се пренесува од Амра инн Јахја ел Мазини, а тој од својот татко, се наведува како Аллаховиот пратеник, саллалаху’алејхи ве селлеме, земал абдест. Во едниот дел од големиот хадис, каде што се споменува потирањето на главата со влажна рака (месх), се вели:”…..Потоа со рацете ќе ја потираше (поминеше) својата глава од напред и од назад, така еднаш, па потоа ќе ги измиеше своите нозе”(Бухарија 186, Муслим 18-235)

Во другото предавање се наведува: ”….Ќе започнеше од предната страна на својата глава, и сè така, додека не дојдеше до задниот дел на вратот (тилот), потоа ќе ги вратеше рацете сè додека не дојдеше до местото од каде што го започнал месхот!”(Бухарија 185, Муслим 1-211)

7.Самопресметка

Од Омер ибн ел-Хаттаб, радиаллахуанху, се пренесува: ”Пресметувајте се самите со себе пред да ви се пресметува, и вагајте ги своите дела пред вам да ви бидат вагани! Затоа што навистина ќе ви биде лесна пресметката утре, ако тоа го правите денес ! И гледајте да се накитите за големиот ден на промоцијата ”Тогаш ќе бидете испрашувани и ниту една тајна нема да ви остане сокриена!(Ел-Хакка 18)”(Ибн Еби Дуња во делото “Мухасебетун нефс”,стр.22)

8.Помагање на фамилијата или жената во домашните работи

Од ел-Есвед се пренесува:”Ја прашав Ајша, радиаллаху’анхa, што Аллаховиот пратеник, саллаллаху’алехји ве селлеме, имаше обичај да прави во својата куќа?” Таа ми кажа: ”Ги работеше оние работи кои ги работеше и неговото семејство- значи беше од помош на своето семејство- па кога ќе настапеше времето за намаз, тогаш заминуваше на намаз!”(Бухарија 676)

9.Постење три дена секој месец

Од Ебу Хурејре, радиаллаху’анху, се пренесува: ”Мој близок пријател ми предложи три работи сè додека не умрам- пост три пати секој месец, духа намаз и клањање на витар намаз пред спиење!”(Бухари 8711, Муслим 127)

Од Абдуллах ибн Амр се пренесува: ”Аллаховиот пратеник, саллааллаху’алејхи ве селлеме, бил информиран дека имам кажано- Во Аллах се колнам, ќе постам дење, а ќе клањам намаз навечер сè додека бидам жив! Па, му одговорив- Да, кажав така, о ти кој си ми подраг и од татко ми од мајка ми! Тој ми одговори: ”Навистина ти тоа нема да можеш да го издржиш, затоа пости,но и јади,клањај и спиј! Пости од секој месец по три дена затоа што секое добро дело се вреднува како десет сторени дела, а тоа ти е како пост цело време! Kaжав: ”Но јас можам да издржам и повредно од тоа?” Ми рече: ”Пости еден ден, а јади вториот ден! Тоа е на Давуд, алејхис селам, пост, а тоа е највредниот пост! Кажав: ”Јас би можел да издржам и повредно од тоа!?” На тоа Аллаховиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селеме, ми одговори: ”Не постои ништо повредно од тоа!”(Бухарија 6791, Муслим 9511)

10.Тресење на постелнината пред спиење

Од Ебу Хурејре, радиаллаху’анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, саллаллахуалехји ве селеме, рекол:- Кога некој од вас ќе замине на спиење, нека ја протресе постелнината од внатрешноста на својата наметка заради тоа што не знае што останало внатре после него! Потоа нека каже: ”Бисмике рабби веда’ту џенби, ве бике ерфе’уху. Ин емсекте нефси ферхамха, ве ин ерселтеха фахфазха бима тухаз бихи ‘ибадекес салихин (Во твое име, мој Господару, го спуштам својот бок, и поради Тебе го подигам. Ако ја земеш мојата душа, смилувај и се! А ако ја оставиш, чувај ја онака како што ги чуваш своите добри робови)”(Бухарија 236, Муслим 4172)

Превземено од Минбер.ба

0 views0 comments

Comments


bottom of page