top of page
Writer's pictureinfoislam

ДЕСНИЧАРСКИ НАЦИОНАЛ-ШОВИНИЗАМ vs. ЛЕВИЧАРСКИ РАДИКАЛЕН АТЕИЗАМ

Таман излеговме од една крајност (национал-шовинизмот на ДПМНЕ) и си мислиш ‘добро е, куртуливме’, ете ти на повидок друг екстрем, левичарскиот радикален атеизам, додуша за разлика од национал-шовинизмот кој доаѓаше директно од врхушката на ДПМНЕ, левичарскиот радикален атеизам доаѓа од сателитите кои движат околу СДСМ, та се СДСМ – та не се СДСМ, та се за слобода – та не се за слобода. Тие би да има слобода на говор, ама да биде ограничена кога на пример, ќе си го искажеш ставот за хомосексуалците, тогаш да не биде слобода на говор туку говор на омраза и хомофобија. Тие би да има демократија, ама да не можеш ти да се облечеш како сакаш (на пр: ако носиш шамија тогаш си заостанат, не си интегриран итн.). Демократијата за нив да ти била тие да те отераат у три лепе, а ти да си имал право да идеш каде сакаш, да простите. 🙂 Морам и оџата да го вклучам на кратко, го прашале оџата ‘што е тоа демократија’,а овој им рекол: “Демократија ти е кога јас ќе се качам на минарето (тоа ракетата што е на џамиите) и ќе ве помочам сите одозгора, а и вие имате право одоздола да ме помочате.”

Од друга страна, национал-шовинистиве на ДПМНЕ, полицемерни од било кога, де ги бранат муслиманите – де ги напаѓаат, до вчера СДСМ го навредувале исламот – денеска кога осамна веста дека во градинка во Чаир децата ги учеле на основните вредности на религијата, излегуваат со вест дека Мухамед Зекири со СДСМ сакале калифат да ја напраат Македонија. Драги Вмровци договорете се побрзо што сакаат, пошто избори се ближат. 😉

И цела галама за градинка во Чаир, во која родителите, воглавно верници од исламска вероисповест ги праќаат своите деца, доброволно бидејќи сакаат нивните деца да ги усмерат на пат на кој тие мислат дека е добар и исправен за нив, и тука нема апсолутно ништо спорно.

А бидејќи јас, како поединец со име и презиме од почетокот на процесот на девмроизација со сите расположиви средства колку бев во можност се борев против злосторничкото здружение на Дпмне, изложен на критики од двете страни, од едните дека долга е раката на ВМРО и да сум се смирел бидејќи татко ми бил вработен и слично, а од другите дека јас со брада не треба многу да се мешам во политика, денеска апелирам до СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија и премиерот Zoran Zaev да си ги смири овие сателити кои само зло му носат и ги кочат реформите, или преку партиско соопштение да се огради од таквите структури.

Ова можеби нема да допре до СДСМ како што Илија Димовски допира до Албанците, ама јас да ја искористам можноста да си кажам, да не речат дека не знаеле. 🙂

Аделаид Каришиќ.

0 views0 comments

Comments


bottom of page