1.Суннетот кај нас е се она што се пренесува од Аллаховиот Пратеник алејхи селам.
2.Суннетот е толкувач на Куранот и доказ за Куранот
Во суннетот не постои аналогија
Под суннет се подразбира суннетот на Аллаховиот Пратеник а.с. а тоа е сето тоа што се пренесува од него и сето тоа е толкувач на Куранот, бидејќи Аллах џ.ш. Му наредил да ја појасни Неговата објава:
„..да го објасниш тоа што им се објавува..“(Нахл 44)
Во суннет кој е обврзителен да се следи спаѓаат зборови на Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, неговите постапки и со премолчување дозволени работи. Значи сето наведено е толкувач и појаснувач на значењето на Куранот. На постапките на Аллаховиот Пратеник а.с. се ограничуваме и не додаваме ништо што не е од нив. И ова е значењето дека во суннетот нема аналогија. Меѓутоа кога прописот ќе стане јасен, тогаш тој станува сеопфатен за сите прашања на кои се однесува.
Значи значењето на аналогија овде е дека во суннетот ништо не се придодава што не е од него, како не би кажале нешто дека е од суннет , а всушност тоа не е од него, или дека постои за нешто доказ од суннетот , а навистина за сличното не постои доказ. Но овде не се мисли на аналогија по пат на која се решаваат одредени новонастанати прашања слични на другите прашања заради недостиг на доказ за истите прашања.
Доколку човек се ограничи на суннет и биде задоволен со него , навистина тоа ќе му биде доволно. Тој што ќе придодаде нешто на суннетот тој е новотар, како што појаснивме: секоја новотарија е заблуда. Значи секој новотар заталкал, т.е. скршнал и погрешил. Од друга страна ехлис суннет е оној кој цврсто се придржува на суннетот и таков е на исправно упаство и светлина од Аллах, субхане ве те ала.
„Коментар на делата-темели на суннетот “ Шејх Џибрин
Comments