top of page
Writer's pictureinfoislam

Децата од раѓање веруваат во Бог

Др. Берет вели дека малите деца веруваат во Бог, дури и ако во тоа не ги подучуваат родителите, ниту во школо и оди понатаму тврдејќи дека дури и оние кои пораснале сами на пуст остров веруваат во Бог.

“Научни докази последниве десет години покажале дека дете доаѓа на свет со многу повеќе од онаа што ние го сметавме за случајност, вклучувајќи предпозиција дека тоа ја гледа природата на начин зад кој стои Интелигентно суштество, ” изјавил на радио програмата BBC 4, емитувана на 24 ноември минатата година.

“Ако оставиме неколку деца на пуст остров и кога тие ке пораснат далеку од секое влијание, мислам дека тие ке веруваат во Бог.”

Во презентацијата која се одржала на 25.11.2008 на Фарадеј институт на Универзитетот во Кембриџ, др-р Берет ги цитирал психолошките експерименти спроведени со деца кои покажуваат дека веруваат дека се е направено со некоја цел.

Во една студија има шестгодишни и седумгодишни деца на прашање зошто е создадена првата птица одговориле:”убаво да пее” и ”да го разубави светот.”

Др.Берет вели дека децата од четири години размислуваат дека, иако некои предмети се направени од луѓе, природниот свет функционира поинаку.

Тој додал дека ова значи дека децата се поподготени да веруваат во свет кој е создаден од Бог, отколку во еволуција и покрај тоа што ке им кажат родителите или наставниците.

Др.Берет, згора на тоа, вели дека антрополозите откриле дека децата во некои култури веруваат во Бог, иако не доаѓале во контакт со верските учења.

“Нормално и природно развиен ум на детето е склон да верува во Божјо создавање. Спротивно на тоа, еволуцијата е неприродна за човечкиот ум, и многу е тешко да се верува во неа. ”

Надоврзувајќи се на ова истражување би можеле да го кажеме она штоАллах, џ.ш. Го објавил: Навистина кај Аллах призната е само верата Ислам. Значи тоа е природно – вродената вера по која Аллах ги создал луѓето и во која повикувале сите Аллахови пратеници: „Ти сврти го своето лице спрема природната вера Аллахова, спрема која Тој луѓето Ги создал. (Ел-Рум, 30)

Во хадисот, кој го бележи имам Муслим, Пратеникот, с.а.в.с., рекол: „Секое дете се раѓа во природна вера (Ислам) па родителите ќе го направат христијанин, евреј или огнопоклоник.“

0 views0 comments

Comentarios


bottom of page