Довата е Ибадет, поточно сржта и еден од најважните ибадети. Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, рекол: „Довата, таа е ибадет.“ (Тирмизи и Ибн Маџе. Албани вели дека хадисот ги исполнува условите на веродостојност)
Аллах, субханеху уе те’ала, вели:
„Џамиите се само заради Аллах, и покрај Аллах не молете му се на никого!“ (Ел Џинн, 18)
Молитвата (довата) се дели на два вида:
1.Дова која е ибадет и се однесува на се она со што човек го обожува Аллах. Пример за овој вид на дова се намазот, хаџот, милостината, постот и сл. Причината за именувањето со зборот дова е фактот дека содржи значење на „барање“, т.е. преку овие дела човекот бара од Аллах да му се смилува и да го внесе во Рајот.
2.Довата со која се бара одредено нешто и истата содржи барање и молба. Пример е довата: Господару мој смилувај ми се и прости ми ги гревовите.
Довата која му се упатува на некој друг освен на Аллах
Довата е ибадет и долоку истата му се упати на некој друг освен на Аллах, субханеху уе те’ала, човекот кој го прави тоа станува многубожец и неверник (мушрик и кафир). Доказ се зборовите на Возвишениот:
„А тој што, покрај Аллах, му се моли на друг бог, без никаков доказ за него, пред Господарот свој сметка ќе полага, и неверниците нема да се спасат.“ (Ел Му’минун, 117)
Comments