top of page
Writer's pictureinfoislam

Дупка над дупките или градина над градините?

Пратеникот а.с седел близу еден гроб додека неговите другари го отвориле истиот со цел да погребат починат човек, а тој(а.с.)  во рака држел стап со кој ја бушел земјата, почнал да плаче и им рекол на другите кои биле наоколу : „О браќа мои, за ова подгответе се“.

„…пред нив ќе има бариера се до денот кога ќе оживуваат“.

Колку од нас поминуваат покрај гробишта и се прашуваат себеси, „Како ќе биде дента кога јас ќе влезам во оваа дупка?“

Како ќе ја изградиш оваа твоја куќа? Го испраќаат мртвиот на гробишта три работи : семејството, богатството и неговите дела, семејството и богатството се враќаат и остануваат на овој свет, додека со него во гроб влегуваат неговите дела.

Ако има добри дела тогаш се ќе биде добро за него, а ако имал лоши дела тогаш се ќе биде лошо за него. Се става во гроб додека неговата душа се уште е на небо. Ако бил добар човек, му се отвораат сите небесни порти, а ако бил лош, грешник, не се отвораат портите за неговата душа.

„Не им се отвораат небесните порти и нема да влезат во џеннет ( рај ) се додека влезе камилата низ дупката на иглата“.

Се става во неговиот гроб и луѓето фрлаат земја ( песок ) врз него, потоа душата негова се спушта и на овој начин тој ги слуша чекорите.

Осман ибн Аффан р.а кога одешедо гробиштата плачеше. Го запрашаа еднаш : „Зошто плачеш, о предводник на верниците?“

Одговори : „Навистина оваа е првата фаза за премин во другиот свет“. Гробот е првото ниво…

„Ако му се олесни на робот, тогаш се што следува ќе биде полесно за него, но ако биде тешко за робот тогаш се што следува ќе биде потешко и потешко. Ако човек е расипан и грешник, неговата душа не може да пробие на небото.

Ако бил политеист, паган , ја фрлаат неговата душа од небото во гробот.

„Кој му сметал рамен ( политеизам ) на Аллах е исто како да паднал од небо“

Паѓа неговата душа од небо на земја.

„…или го зема птица или пак ветерот го носи во некое далечно место“

На овој начин, телото влегува во неговата вистинска куќа, во темната куќа полна со црви.

Оваа дупка еден ден ќе биде твое место о Аллахов робу. Оваа е твојата куќа. Твојата соба за спиење ќе биде овој простор кој го гледаш. Сакаш да го видиш твојот кревет за спиење?

Оваа е твојата постела, о Аллахов робу.

Сакаш да го видиш твојот јорган? Овој е твојот јорган, о Аллахов роб.

Сакаш да ја видиш големината на собата? Гледај и уживај. Кој ќе биде твој придружник?

Кој ќе седи со тебе?

„Ја оставив мојата постела еден ден и не можев да бидам мирен. Твојата прва ноќ во гробот, во име на Аллах кажи ми како ќе биде?“

Како ќе спијам првата ноќ во овој гроб? Во оваа темна дупка, во ова страшно место, кој ќе ми прави друштво? Кој ќе седи со мене? Ако твоите дела биле добри, ќе дојде еден убав човек и ќе седи со тебе, ќе ти прави друштво, преубаво лице кое доаѓа само со добро. Твојот, аџилак, умра, читањето на Куранот, намазот, милостината, добрината кон родителите, тие ќе ти прават друштво во оваа дупка.

А ако твоите дела биле лоши, не –клањање намаз, непочитување на родителите, прељуба и лоши дела, грдо лице ќе ти прави друштво во оваа дупка. Оваа широка дупка некои лица ќе ги истиснува се додека не му се зближат коските една со друга. Ах, сирот тој.

Дупка, тесна и страшна, а како би било ако се стесни уште повеќе?

А од луѓето има такви кои правеле добро, нив оваа дупка ќе им се рашири колку што им гледаат очите, и таа станува рајска нива ( ливада ), ќе мириса убаво и ќе му дојдат добрините од Рајот. Има и такви кои кога ќе се сместат во оваа дупка, ќе му дојдат ангелите и ќе го удираат со карпа на глава, потоа, и повторно го удираат. Кому ќе му се случи ова?

Тој кој спиел и го оставил намазот да му помине, тој кој јадел камата.

Во оваа дупка ќе има од нив кои ќе бидат во река од крв, ставајќи им камен во нивните усти.

Има и од нив кој гробот ќе го имаат полн со оган бидејќи бил од тие кои вршеле прељуба.

Овој гроб ќе биде или градина од рајските градини или дупка од дупките на пеколот.

„…пред нив ќе има бариера се до денот кога ќе оживуваат“.

Оваа е твојата куќа, о Аллахов робу. Што си подготвил? Што си направил за овие денови?

Дали некој од нас се подготвува од сега? Дали си ја декорирала оваа соба со добри дела и молитви? Милостина и зикр ( молитви од Куранот и Хадисот )?

Или пак, Аллах да не чува, ден и ноќ си талкал залудно?

Медитирај о Аллахов роб, нашата дестинација е тука, во оваа темна и тесна дупка.

Животот во гроб секако дека ќе се случи, или ќе биде добрина или казна. Внимавај да се подготвиш од сега.

Да си седнат во темна соба или сандак, не можеш да седиш ниту една минута, тогаш како стои работата со дупките како оваа? За само неколку минути, го слушаш шумот на чекорите и доаѓаат црвите и те „напаѓаат“. Да го видеше починатиот после три дена, не би можел да го гледаш. Подготви се за оваа дупка, подготви се за овој период бидејќи секако дека ќе се случи.
0 views0 comments

Commentaires


bottom of page