top of page
Writer's pictureinfoislam

Душата е како рајска ризница

Абдуррахман ибнул-Џевзиј го советувал својот син: “… Знај сине дека деновите ги одбројуваат саатите, а саатите ги бројат воздишките.  Душата е како рајска ризница, затоа внимавај душата да не заталка и не собира ништо освен добри дела,  затоа што во спротивно на Судниот ден ќе дојдеш со празни ризници,  каејќи се.”

Еден човек му рече на Муавиј ибн Абдулкајс: „ Стани, сакам да поразговарам со тебе.” Муавија рече: „Причувај го чадорот.” Кај Муавија седеше народот па им кажа: „Зарем вие не сакате да станете?  Навистина, Господарот на Сонцето го придвижува  Сонцето и никогаш не се уморува. ”

Во хадисот стои: ” Оној кој ќе изговори: СубханАллахи-л-азими ве бихамдихи” (Славен нека е Аллах Величенствениот, Нему му припаѓа секоја благодарност), секој пат ќе му биде засадена една палма во Џеннет.” Па, размислете колку оној кој бара саати ќе изгуби палмини стебла во Џеннет!!

Извор: “Ризница на мудрости на муслиманските великани”

Автор: Ибрахим Ал-На’мах

Подготвил: Намик Е. Галијашевиќ

0 views0 comments

Comments


bottom of page