top of page
Writer's pictureinfoislam

Евангелието по Варнава помеѓу фактите и фикцијата

Денес познатото Евангелие според Варнава (Барнаба) често е класифицирано како „модерна апокрифа“, преживеало во шпанска и италијанска верзија и според многумина е продукт на средовековна книжевност.

Според шпанскиот претекс дознаваме за историјата на тоа евангелие, односно, како што е наведено, дека евангелието според Барнаба било прифатено како канонско евангелие до 325 година односно дека Иринеј (130-200) пишувал за ова евангелие подржувајќи го чистиот монотеизам и му се спротиставувал на Павле поради внесување на догми во христијанството од римската паганска религија и платонската филозофија. Во претекстот кој е од непознат автор пишува дека Иринеј обилно го цитирал Евангелието според Барнаба како поддршка на неговите ставови. Со тоа ни покажува дека Евангелието по Барнаба било во оптек во првото и второто столетие на христијанството. Секако, денешното христијанство не го признава ниту има такво видување за Иринеј. Во 325 година е одржан Никејскиот консил каде е наредено сите оригинални евангелија со хебрејско писмо да се уништат. Издаден е указ дека секој кој поседува вакво Евангелие ќе биде казнет со смрт. Според авторот на предговорот во 383 година папата си обезбедува еден примерок од Евангелието по Барнаба и го задржал во својата приватна библиотека. Понатака не известува дека во четвртата година на императорот Зеноа (478) се откриени посмртните остатоци на Барнаба а на неговите гради е најден примерок на Евангелието по Барнаба, пишувано со негова сопствена рака.(Ациа Санкторум, Боланд Јунии, том II, страници 422 и 450, Антвверп 1698). Некои истражувачи тврдат дека Вулгата Библија е базирана на ова евангелие. Според историски извори, Папата Сиксто(1585-1590) имал пријател од инквизицијата кој го викале Фра Марино кој го наоѓа Евангелието по Барнаба во приватната библиотека на папата. Според тие наводи Фра Марино бил заинтересиран затоа што ги читал списите на Иринеј во кој Барнаба бил обилно цитиран. Италијанскиот ракопис бил поминат низ многу раце, се додека не стигнал до „ личноста со висок авторитет„ во Амстердам „за кого се истакнувало дека во текот на неговиот живот давал висока вредност на овој спис„. После неговата смрт доаѓа во поседство на Ј.Е. Крамер, канцелар на Прусија. Во 1713 година, Крамер го презентирал овој ракопис на прочуениот познавател на книги, принцот Еуген од Савоја. Во 1738 година, заедно со принцевата библиотека се отселува во Хоф, библиотеката во Виена. Тоа Евангелие до сега таму почива. Латинскиот текст на англиски јазик го превеле господинот и госпоѓата Рагг, а бил штампан на Кларендом Пресс во Оксфорд и е објавено 1907 година. Овој англиски превод мистериозно исчезнува од пазарот. Познато е дека постојат два примерока на овој превод, еден е во Музејот на Британија а другиот пример во Конгресната библиотека, Вашингтон. Прво ново издание на англиски јазике од микрофилмувана копија на книгите во Конгресната библиотека во Вашингтон, а добиена е со љубезност на пријателите од САД.

Денес постојат две верзии на ова евангелие, едната е шпанска а другата е италијанска.

Но всушност каде имаме докази за појава на името Евангелие по Варнава. Христијанските извори признаваат дека постојат неколку дела поврзани со тоа име и тоа се: Делата на Варнава, Посланието според Варнава и Евангелие по Варнава. Често можеме да видиме дека ова последното е предмет на контраверза и на различни објаснувања. Одговорот кој нас не интересира е дека ова Евангелие навистина се спомнува во две листи.

Една е Галанцијанската Уредба(Decretum Gelasianumод 6 век), а другото е листа на 60 книги и е напишана на грчки јазик.

И двете се независни листи , едната е од Папата Галасиус кој укажува на апокрифните и други видови на евангелија.

Евангелието по Варнава и Посланието по Варнава се инаку сосема различни книги по теолошки карактер. За Евангелието по Варнава има сериозни насоки дека е истото под силно влијание на првите раносхристијански движења, како што се ебонитите, гностиците и диетесарони. За разлика од Евангелието на Варнава , посланието по Варнава кое е спомнато во Галанцијанската уредба и е дело од 2 век и со што сигурно укажува на два различни наслови, како и Делата на Варнава напишано во Кипар (431г.) покажува дека има различни теолошки разбирања например околу обрежувањето, кое не се смета за обврзително во посланието според Варнава, а кај Евангелието според Варнава е нешто без кое што и рајот е доведен во прашање. Во 478 година, она за кое се тврди дека било пронајдено, Евангелието според Варнава, на градите на починатиот Варнава, многумина го доведуваат под знак прашалник и сметаат дека се работи за Евангелието според Матеј. Интересно е што многуте алегории кај Данте потсеќаат на ова евангелие.

На многу места во денешните преживеани верзии на Евангелието на Варнава може да се забележи дека се спомнува Исус како Пратеник, потоа е спомнат Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем, како најавениот Пратеник, дури се спомнува и шехадетот (сведоштвото со кое се обзнанува  верата во Бог и се претпочита Едноштвото Божје над сите други обожувања). На многу места ова евангелие, онака како е сочувано, укажува анти – павлијански карактер, малку подлабоко ако погледнеме ќе увидиме дека содржи работи кои се и спротивни на исламското верување, но не сосема ги исклучуваат исламските премиси.

На пример, за Марија (Мерјем) се вели дека немала породилни болки, потоа за Исус се наведува дека пиел вино и ја поддржувал моногамијата, потоа дека Бог има душа, кој нема да биде обрежан нема да влезе во рајот, потоа се опишува доаѓањето на Мухаммед како очекуваниот Месија (иако е разбирливо дека месих означува помазан и не е спротивно од историски контекст) и слични работи кои укажуваат дека има некои теолошки разлики, но сепак битни за да се разбере изворот на потеклото на евангелието. Во евангелието се изнесуваат интересни факти каде Исус го задолжува Варнава лично преку ова евангелие да ја каже вистината на светот, дека тој всушност знаел дека луѓето ќе го наречат бог, но дека и тоа е одредба Божја, која тој ја прифатил како одредба но знаел дека е невин и поради таа потвора врз него се наоѓал и сеуште се наоѓа во тага.

Интересно е она што го забележал Библискиот истражувач Р. Блакхирст( R. Blackhirst)

Тој вели дека досега од сите побитни списи не преживеала само Евангелието на Варнава, иако тој бил еден од најблиските и најпознати апостоли. Апостол Варнава е познат како еден од ние кои активно учествувале во мисионарството и на ширењето на Исусовото учење.

Галантијанска уредба

Дела од Петар – преживеани.

Дела на Филип – преживеани.

Евангелието на Матеј – фрагменти преживеани.

Евангелието на Барнаба – ништо преживеано.

Евангелието на Џејмс(Јона Праведниот) помалку – веројатно Протоевангелието.

Евангелието на Петар апостол – фрагменти преживеани.

Листа од 60-те книги

Учењата на Климент — преживеани.

Учењата на Игнатиј – преживеани .

Учењата на Поликарп – преживеани .

Евангелието според Барнаба – нема.

Евангелието според Матеј – преживеани.

Единствено Евангелието според Барнаба го нема никаде и изгубена му е секаква трага, барем според црковните извори. Останува прашањето и покрај толкава скепса  кај христијанските догматици, дали е можно дека не е најден ниеден фрагмент од ова евангелие иако сите други евангелија до ден денешен и сите списи до ден денешен имаат некаква екслузивна трага? Останува фактот дека Евангелието како наслов постои, но немаме никаква претстава што може да содржи текстот. Сето ова укажува на можноста дека сепак Евангелието на варнава и не е  баш некоја обична „модерна апокрифа“.

Сепак вреди ова четиво да се прочита и да се увидат некои интересни работи кои во многу детали се поклопуваат со тоа што е денес најдено во Кумранските списи кои што помно ги проучил Роберт Eisenman кој смета дека ликот на Исус на евангелијата бил изграден од страна на апостол Павле како про-римска пропаганда. (James the Brother of Jesus, Penguin, 1997-98) Исто така Алвар Ellegård предлага теорија која е малку слична на онаа на Eisenman. Тој верува дека Исус се навраќа на Есените и е учител на Правдата. [Ellegård, Alvar. “Theologians as historians”, Scandia, 2008,] Силниот анти павликијаизам , сметањето на Исус дека е Пратеник од страна на првите христијани како што се ебонитите, Назарените, сметањето дека Исус не бил распнат, туку бил воздигнат како што верувале и раните христијани од типот на тоа дека Симон од Цирена бил распнат на местото на Исус, и тоа бил главен темел на ранохристијанска група наречена Басилидианци, (Basilidians). Тие својот процват ја имаат во 2-от век во Египет, и тие тврдеа дека својата порака ја имаат добиено директно од Глаутас, преведувачот на Симон Петар, еден од 12-те апостоли со што укажуваат дека ова дело е вредно да се прочита и да се осознае како дел од ранохристијанското видување кое преку обемно истражување успеало да преживее до ден денешен. Како и да е ќе цитираме нешто од ова евангелие како запознавање на пошироката читателската публика:

ОПИСОТ НА СУДНИОТ ДЕН ВО БАРНАБИНОТО ЕВАНГЕЛИЕ

„ Судниот ден Божји ќе биде така страшен да – навистина ви кажувам- проклетниците радо би одбрале десет пеколи него да идат да слушаат како Бог говори во бес против нив, против кои сите створени нешта ќе сведочеет. Навистина, ви кажувам, дека нема само проклетниците да се плашат туку и светите одбраници Божји, така да Аврам нема да верува во својата праведност, Јоб нема да има доверба во својата невиност. А што велам јас? Дури ќе се плаши и Пратеникот Божји-затоа што Бог да се спознае величеството негово, ќе го лиши својот Пратеник од сеќавање, така да он нема да има сеќавање како Бог му ги дал сите нешта. Навистина, ви кажувам дека-говорееќи од срце, јас се тресам што светот ќе ме нарекува бог, и јас поради тоа морам да положам сметка.Се колнам во Бог живиот, пред кого стои мојава душа, јас сум смртник како и другите луѓе, како што ме постави Бог, како пророк на домот Израелов за здравје на слабите и поправка на грешните, јас сум слуга Божји, а и вие сте ми сведоци како јас говорам против оние подли луѓе кои после моето заминување од светов ќе ја поништат вистината на моето Евангелие за радост на Сотоната. Но јас ќе се вратам пред крајот, а со мене ќе дојдат Енох и Илија, и ние ќе сведочиме против лошите чиј крај ќе биде проклет„. Бидееќи така говореше Исус пролеа солзи, на што учениците гласно заплакаа и ги подигнаа гласовите велееќи: „ Прошка, о Господе Боже и имај милост над својот невин слуга„. Исус одговори: „Амен, амен„. „ Пред да дојде тој ден„ , рече Исус, „ на светот ќе дојде големо разорување, ќе избие војна свирепа и немилосрдна, таткото ќе го убие синот, а синот ќе го убие таткото, поради поделба на народот. Градовите ќе бидат уништени, а земјата ќе настане пустина. Ќе дојде такво сотирачко умирање да никој нема да ги носи мртвите на погреб, ќе бидат оставени како храна на дивите ѕверки. На оние кои ќе останат на земјата, Бог ќе прати таква немаштија така да лебот ќе се цени повеќе од злато и тие ќе јадат разни видови нечисти работи. О јадни години, во кои ретко ќе се слушне некој да рече: „ Јас згрешив имај милост кон мене, о Боже„ , Туку тие со страшни гласови ќе хулеат на него, кој е славен и благословен за секогаш. Потоа, кога денот ќе се приближи, петнаесет дена секој ден ќе доаѓа еден страшен знак над жителите на Земјата. Првиот ден Сонцето ќе оди по својата патека по небото без сфетло, ќе биде црно како боја за облека и ќе стенка, како што татко стенка за синот кој е близу до смрта. Вториот ден, месечината ќе биде претворена во крв и крв ќе стигне на земјата како роса. Третиот ден ќе се виде како ѕвездите меѓусебно се борат како армија непријатели. Четвортиот ден карпите и камењата ќе удираат едни во други како сурови непријатели. Петтиот ден, секоја билка и тревка ќе лее крв.Шестиот ден, морето ќе се подигне без да го напушти своето место до висина од педесет лактови и ќе стои целиот ден како ѕид. Седмиот ден тоа спротивно ќе протони, така да одвај ќе се гледа.Осмиот ден животните на земјата и во водата и птиците ќе се соберат заедно и ќе завиваат и рикаат. Деветиот ден ќе биде бура со град така страшна која ќе убива, одвај десетина живи ќе утекнат. Десетиот ден ќе дојде така страшно молскање и грмеж, така да третина од планините ќе се распукаат и спржат. Единаесетиот ден секоја река ќе тече назад и ќе тече крв, не вода.Дванаесетиот ден секое створено нешто ќе рикат и викат.Тринаесетиот ден небесата ќе биде стуткана како книга и ќе беснее оган, така да се живо ќе изумре. Четиринаесетиот ден ќе биде земјотрес така страшен така да врвовите на планините ќе летаат низ воздухот како птици, и цела земја ќе се стори рамна. Петнаесетиот ден, ќе изумрат светите ангели, и само Бог ќе остане жив, кому е честа и славата„.

–          Велееќи го оваа Исус го удри лицето свое со обете раце, а потоа со својата глава удри во земјата. И подигаеќи ја својата глава тој рече: „ Проклет нека е секој кој ќе вметне во мојот говор, дека сум јас син Божји„. На тие зборови учениците паднаа како мртви, на што Исус ги подигна велееќи им: „ Боитесе на Бога, ако не сакате да се боите на денот тој„. Кога ќе поминат овие знаци ќе настапи мрак над светот четириесет години, Бог ќе биде единствено жив, кому е славата и честа за секогаш. Кога ќе пројдат четириесет години, Бог ќе му даде живот на својот Пратеник, кој ќе се подигне повторно како Сонце, но сјајно како илјада сонца. Тој ќе седне и нема да зборува, затоа што ќе биде како вонсебе. Бог повторно ќе подигне четири ангели фаворизирани од Бог, кои ќе го бараат Пратеникот Божји, и штом ќе го најдат, ќе се постават на четири страни од местото да го пазат него. Потоа Бог ќе даде живот на сите ангели, кои ќе дојдат како пчели кружееќи околу Пратеникот Божји. Следното Он ќе даде живот на сите свои пророци, кои ќе, следееќи го Адама, одат да ја бакнат раката на Пратеникот Божји, подчинуваеќисе на неговата заштита. Следното Бог ќе им даде живот на сите одбраници, кои ќе повикаат: „ О Мухаммед, имај не во вид!„ На нивните повици ќе се пробуди сожалување во Пратеникот Божји и тој ќе разгледа што треба да прави, плашееќи се за нивниот спас. Следното ќе им даде Бог живот на секои створени нешта и се ќе се вратат во своите претходни постоења, но се ќе поседува моќ на говор. Следното Бог ќе даде живот на сите проклетници, на чиво проживување поради нивната подлост сите Божји створениа ќе повикаат и ќе се уплашат: „ Не допуштај да не напушти милоста Твоја, о Господе Боже наш„. После оваа Бог ќе даде да стане Сотоната, на чив поглед секое створение ќе биде како мртво,поради стравот од страшниот облик на неговата појава. Нека Бог биде задоволен да јас не го видам страшилото тој ден. Пратеникот Божји единствено нема да се уплаши од таквиот облик, затоа што тој ќе се плаши само од Бога. Потоа ангелот ќе- на звукот од трубите се ќе биде подигнато, ќе затруби повторно, велееќи: „ Дојдите на судот, о створениа, оти вашиот Творец сака да ви суди вас„. Потоа ќе се појави на сред небо, над долината Јехо болскав престол, над кого ќе дојде бел облак, на тоа ангелите ќе повикаат: „Благословен нека си Ти о Боже наш, кој не створи и спаси нас од падот на Сотоната„. Тогаш ќе се уплаши Пратеникот Божји, оти ќе забележи дека никој не го сакал на Бог како него. Оти оној кој би добил за размена златникмора да има шеесет парички; оти ако има само една паричка неможе да ја замени. Но ако се плаши Пратеникот Божји, што ќе прават безбожниците кои се полни со пороци?„ Пратеникот Божји ќе отиде да ги собере сите пророци, а со кои тој ќе зборува, молееќи ги да одат со него да го молат на Бог за верниците. Исекој ќе се оправдува поради стравот ; не би ни јас, жими Бог живиот, отишол таму знаееќи што знам. Тогаш Бог гледаеќи го тоа, ќе го подсети на својот Пратени како Он створил сите нешта за љубов негова, и така стравот ќе го напушти и ќе оди блиску до престолот со љубов и поштување, а ангелите ќе пеат: „Благословено нека е твоето свето име , о Боже, Боже наш„. И кога ќе се приближи до престолот, Бог ќе му отвори(неговиот ум) на својот Пратеник, како пријател на пријател кои долго време не се сретнале. Прв ќе проговори Пратеникот Божји, кој ќе рече: „ Јас те обожувам и сакам о мој Боже, и со сето мое срце и со сета моја душа, јас Ти заблагодарувам што се одостои да ме створиш да бидам Твој слуга и што си створил се за љубов моја, така да јас би Те сакал поради сите нешта и во сите нешта и над сите нешта; затоа нека сите Твои створениа Те фалат, о мој Боже„. Потоа сите нешта што ги створил Бог ќе речат: „ Ние ти заблагодаруваме, о Господе, и го Благословуваме Твоето свето име„. Навистина, ви велам, демоните и проклетниците со Сотоната тогаш ќе плачат така да повеќе вода ќе тече од очите на еден од нив, одколку што ја има во реката Јордан. И уште нема да го видат на Бог. И Бог ќе говори на својот Пратеник, ќе рече: „Ти си добредојден, о Мој верен слуга; затоа барај што ќе ти е по желба, оти се ќе добиеш„. Пратеникот ќе одговори: „ О Господару, јас се сеќавам дека, кога Ти ме створи, Ти рече дека си сакал за моја љубов да го створиш рајот и ангелите и луѓето, за да Те слават преку мене Твојот слуга. Затоа, Господе Боже, милосрден и праведен, јас Те молам да се Ти сетиш на своето ветување дадено на твојот слуга„. И Бог ќе одговори како пријател кој се шегува со пријателот, и ќе рече: „ Имаш ли сведоци за тоа, мој пријателу Мухаммед?„ И со почит ќе рече: Да Господаре„. Тогаш Бог ќе одговори: „ Оди повикајги, о Габриел„. Ангелот Габриел ќе дојде кај Пратеникот Божји и ќе рече: „ Тие се Адам, Аврам, Јишмаел, Мојсеј, Давид, и Исус син од Марија„. Потоа ангелот ќе отиде, и ќе ги повика наведените сведоци кои тамо ќе отидат со страв. И кога тие ќе бидат присутни Бог ќе им рече: „ Се сеќавате ли вие на тоа што го тврди Мојот Пратеник?„ Тие ќе одговорат: А што Господаре? „ Бог ќе рече: „ Дека Јас сум ги створил сите нешта за негова љубов, така да сите нешта ме слават преку него?„ Тогаш секој од нив ќе одговори: „ Има со нас три сведоци подобри од нас, о Господаре„. А Бог ќе одговори: „ Кои се тие три сведоци? „ Тогаш Мојсеј ќе рече: „ Книгата што ми ја даде мене, е првиот„; а Давид ќе рече: „ Книгата која ми ја даде мене, е другиот„ , а оној што ти зборува тебе ( о Барнаба)(т.е.Исус) ќе рече: „ Господе, целиот свет измамен од Сотоната зборуваше дека сум Твој син и Твој ортак, но книгата која ми ја даде мене ја кажува вистината дека сум Твој слуга; и таа книга потврдува тоа што го вели Твојот Пратеник„. Потоа ќе одговори Пратеникот Божји, а ќе рече: „ Така вели книгата која ми ја даде мене, о Господару„. И кога Пратеникот Божји го рече оваа, ќе проговори Бог и ќе рече: „ Се што Јас сега сторив е затоа да сите знаат колку те сакам„. И кога Тој говорејќи така, Бог ќе му ја даде книгата на својот Пратеник во која се запишани сите одбраници Божји. Затоа секое створение ќе изрази почит кон Бога, говорееќи: „ Тебе единствениот, о Боже нека е слава и чест, што не даде на својот Пратеник„ . (крај на Барнабиниот цитат).

Варнавиното Евангелие во целост може да го најдете на следниот линк.

0 views0 comments

Comentários


bottom of page