Еврејските извори за Исус
За да биде целисходна сликата за Исус и за тоа што тој научувал треба да видиме како евреите го гледале него.
Во современиот јудаизам, личноста на Исус Христос нема никакво религиозно значење, а улогата на месија (според тоа и употребата на титулата „Христос“ во односите со него) е апсолутно неприфатлива за нив.
Во јудејските текстови од тоа време не се споменува неговата денес позната божествена личност, што можеби би било подоверливо доколку се поима само како Исус од Назарет.
Постои еден текст кој експлицитно укажува на Исус како што го познава и признава исламот иако ден денес не е признаен од страна на евреите како Божји Пратеник, а ниту денешното христијанство го прифаќа како такво.
Во транспарентната верзија на Вавилонскиот Талмуд се споменува проповедникот Иешу (хебрејски: יש”ו), кого некои еврејски истражувачи го идентификувале како Исус од Назарет, без оглед на незначителните фактографски податоци и временската разлика меѓу податоците за него и содржината на евангелијата.
Извадок од текстот на Талмудот: „А потоа произлезе другата (сорта на гонителите), нова секта, која со особена страст ги труе нашите животи по двата правци истовремено: на насилство и нож, и клевета, лажни аргументи и толкувања, тврдењата на присуството (постоењето) на противречности во нашата Тора. Ова секта настојуваше да го изнесе нашиот народ на нов пат. Неговата злобна глава замисли да се прогласи себе си за пророк и нова вера, и покрај божествените учења – на Тората и јавно соопшти дека и двете учења се од Бога. Целта беше да се влее сомнеж во нашите срца и во нив да се влее конфузија. Тората е една, и нејзините учења се со нејзините спротивности. Со тврдењето дека двете учења со од еден Бог, се обидува да ја поткопа Тората. Софистицираната замисла на овој многу лош човек се одликува со необично предавство: прво, да се обиде да го изнесе својот непријател, така што повеќето да останат живи; но ако сите напори останат залудни, да се обиде да го убие својот непријател за сметка на нивното уништување. Зломисленикот на тоа бил Исус од Назарет— Евреин. Иако татко му не бил Евреин и само мајка му била Еврејка, законот гласи дека роденчето на лице кое не е Евреин (дури и да е роб) и ќерка на Израел е Евреин. Името кое му го дале ја задоволувало неговата немерлива дрскост. Тој се преправал како пратеник Божји, кој се појавил за да ги разјасни нејаснотиите во Тората, укажувајќи дека тој е Машиах, кој ни вети дека сите го знаеле. Неговото толкување на Тората, во целосна согласност со неговите замисли, довело до нивно укинување и укинување на сите нејзини заповеди и предизвикало нарушување на сите нејзини предупредувања.. Нашите мудреци, нека е благословено нивното знаење, ги откриле неговите замисли пред тој да стане популарен меѓу народот и со него постапиле така како што заслужил. Кратко по неговата смрт се појавила религија, за чиј основоположник се смета тој. Таа се распространила меѓу децата на Еисав, нешто за што тој немал намера да се оствари.“[1]
Од овој текст можеме да го извлечеме следново како заклучок:
Евреите никаде не го обвинуваат Исус за богохулство и за тоа дека се сметал за божји син како што стои во некои места од денешното евангелие и толкувањата на некои евангелисти и црквата.
Евреите го обвинуваат Исус дека наоѓал противречности во Тората
Евреите го обвинуваат Исус дека сакал со нож(со борба) и со бунт да го промени системот.
Евреите го обвинуваат Исус дека се сметал себеси за Божји Пратеник
Евреите го обвинуваат Исус дека дошол со нешто ново и проповедал нешто што го сметал дека доаѓа од ист извор(Инџил-Евангелието)
Следбениците на Исус го проповедале неговото учење и на неевреите што според нив не била неговата мисија, а и некои пасуси од евангелијата го потврдуваат ова.
Тие постапиле со него како заслужил(односно како што тие сметале дека треба да заврши) а тоа е негово предаство и обид за убиство.
Овие точки кои ги наведовме извадени од овој текст укажуваат целосно дека нема контрадикција помеѓу тврдењата на евреите кои овие нивни наводи ги кажале од завист и љубомора кон Исус, но се потребни за да се укаже и една критичка страна на евангелијата. А тоа е доказ за вистинитоста на Исламот и неговото гледиште на она што бил Вистинскиот Исус, кој напротив никаде не е преставен во онаа денешна позната догматизирана форма.
Во јудеизмот се смета дека сфаќањето на Даниел (записот „Христос“ во текстот на книгата на Даниел, кој живеел 5 века пред новата ера) е лажно. „Христос“ за нив се преведува како „машијах“, односно„месија“, па поради тоа не е лично име на Исус и може да се употребува за сите еврејски цареви, вклучувајќи го и очекиваниот еврејски месија.(Што секако немора да значи)
Подготвил : Ебу Абдулмалик
[1] Извор http://www.eleven.co.il/article/11776 (електронска еврејска енцикллопедија)
Comments