Истражувањето спроведено во Америка, сугерира дека високото ниво на образование е поврзано со долгиот животен век.
Научниците од Универзитетот Илиноис откриле дека, најмногу корист од напредокот во медицината имаат подобро образованите луѓе, кои поради тоа најчесто имаат и подобар социјално-економски статус.
Спротивно од тоа, во некои случаи дошло дури до намалување на очекуваната животната старост кај луѓе кои не завршиле ниту средно училиште.
Помалку образованите луѓе, генерално имаат очекувана животна старост слична на онаа која е забележана во Америка во 50-тите и 60-тите години од минатиот век.
Мажите со највисоко ниво на образование во просек живеат 14 години подолго отколку оние најслабо образованите, а кај жените таа разлика изнесува оклу 10 години, пишува стручното списание „Health Affairs“.
„..Кажи: „Зарем се исти тие што знаат и тие што не знаат? Само тие што имаат ум примаат поука!““(Куран,Поглавје 39/9)
Comentários